Примена на афилијативен...

115
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола Економски факултет Прилеп Магистерски труд на темата Примена на афилијативен маркетинг Кандидат професор ментор: Атанасовска Марија проф.д-р. Марјан Анѓелески Октомври,2016

Transcript of Примена на афилијативен...

Page 1: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола

Економски факултет Прилеп

Магистерски труд на темата

Примена на афилијативен маркетинг

Кандидат професор ментор:

Атанасовска Марија проф.д-р. Марјан Анѓелески

Октомври,2016

Page 2: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

СОДРЖИНА

1. Вовед .................................................................................................................................................... 4

2. Oбразложение за научната и стручната оправданост на темата ................................................... 11

2.1. Проблем на истражувањето ..................................................................................................... 11

2.2. Дефинирање на предметот на истражување ........................................................................... 11

2.3. Резултати од претходни истражувања .................................................................................... 12

2.4. Методи, техники и инструменти на истражувањето ............................................................. 13

2.5. Очекувани резултати од истражувањето ................................................................................ 13

ДЕЛ 1 .......................................................................................................................................................... 15

3. Еволуција на маркетингот во интернет окружувањето ................................................................. 15

3.1. Појавата на интернет маркетинг .................................................................................................. 15

3.2. Интернет маркетинг комуникации .......................................................................................... 20

3.3. Техники и инструменти на интернет маркетингот комуникации ............................................ 22

3.4. Интернет маркетинг стратегии за промоција ............................................................................. 29

II ДЕЛ ......................................................................................................................................................... 35

4. Афилијативен маркетинг .................................................................................................................. 35

4.1. Дефинирање на афилијативниот маркетинг ................................................................................... 35

4.2. Предности и недостатоци на афилијативниот маркетинг .............................................................. 42

4.3. Креирање на стратегии за афилијативен маркетинг ...................................................................... 48

4.4. Афилијативни мрежи ........................................................................................................................ 50

III дел .......................................................................................................................................................... 56

5.Користење на афилијативниот маркетинг ........................................................................................... 56

5.1 Агенции за афилијативен маркетинг................................................................................................. 56

5.2. Податоци за вложување во афилијативниот маркетинг ................................................................ 58

5.3. Афилијативниот маркетинг во развиените држави ....................................................................... 61

5.4. Искуства од примената на афилијативниот маркетинг во Р. Македонија ............................... 67

5.5. Анализа на македонски веб страни ............................................................................................. 70

5.5.1Фемина.мк...................................................................................................................................... 70

5.5.2 Црнобело.мк ................................................................................................................................. 71

5.5.3 Точка.мк ........................................................................................................................................ 73

Page 3: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

5.5.4 Идивиди.мк ................................................................................................................................... 73

5.5.5 Факлутети.мк ................................................................................................................................ 75

5.6. Афилијативен маркетинг – студија на случај.................................................................................. 78

5.6.1 Прашалник за употреба на афилијативен маркетинг ............................................................... 78

6. Закулчок ........................................................................................................................................... 105

7. Преглед на литература .................................................................................................................... 112

8.Референци ............................................................................................................................................ 114

Page 4: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

1. Вовед

Секој правен субјект кој не се прилагодува кон глобализацијата останува изолиран

од денешните глобални текови. Еден од иманентите на глобализацијата секако се

еконономските текови, кои на некој начин го диктираат темпото на глобализацијата и ја

диктираат нејзината динамика. Поради важноста на овој процес од кој што произлегуваат

сите позначајни пазарни промени и промените во конкуренцијата, светските економии

вложуваат големи напори за да се вклопат во овие процеси, при тоа, понекогаш се

исправени пред предизвикот да платат и голема цена за да можат со успех да ги следат

современите трендови. Преструктуирањето на транзитивните економии и принципите врз

чија основа тие функционираат е процес кој мора да се забрза за да не се изгуби драгоцено

време.

Поттикнати од ваквите случувања, а со цел за успешно работење и постигнување

на поставените цели и задачи, сите економски субјекти настојуваат да се прилагодат и да

се справат со овој светски процес, притоа користејќи ги најновите достигнувања на

науката, техиката и технологијата.

Нашето, македонското стопанство, како дел од светското стопанство, во првите

години од транзициониот период, премина од договорно кон пазарно стопанство, што

претставува главен елемент кон негово вклопување во современите светски процеси.

Македонското стопанство веќе две децении чекори кон пазарна економија. Затоа, секој

пазарен субјект неопходно е да биде запознаен и будно да ги следи пазарните промени,

конкуренцијата, конкурентската динамика, а сето тоа преку соодветна поставеност на

самата организациска структура, која што е претпоставка за успехот во работата, а со тоа

и постигнување на конкурентност на пазарот.

Значењето на организацијата за успешно остварување на работата е познато и

потврдено во праксата на организација на управувањето со работата. Организацијата на

компанијата претставува одредена состојба на структурата, односите и однесувањето во

компанијата, а самотото организирање е процес кој вклучува комплет од активности со кој

ќе се постигне одреден облик на структура, да се воспостават одредени односи и систем

на однесување на вработените во компанијата. Организацијата на една компанија ја

сочинуваат нејзините вработени, кои што извршуваат работи во извршните и

Page 5: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

управувачките процеси, односите и врските помеѓу работните места и организационите

единици во кои што се извршуваат активностите, и однесувањето на луѓето во извршните

и управувачките процеси. Кога работните места се добро дизајнирани, координацијата

помеѓу нив е добра, а однесувањето е така поставено да целата компанија функционира

како уигран тим, тогаш велиме дека неговата организација е ефикасна.

Креирањето на еден успешен тим каде се би функционирало соодетно со ново

настанатите промени би било идеално за секоја компанија. Следењето на промените и

нивна примена во работењето е есенцијално за секоја компанија која сака да остане во

чекот со промените, да ги искористи можностите кои тие промени ги нудат и да оствари

нови позитивни резултати.

Менаџерските активности при креирање на организациски ефикасна компанија,

согласно ново настанатите промени и примена на истите во работењето на компанијата

воглавно се сведуваат на две активности: диференцијација и интеграција. Преку

диференцијацијата се врши поделба на работата и нејзино групирање спрема сродноста во

специјални организациски единици. Додека, активностите на интеграција се остваруваат

со поврзување на специјализираните делови заради успешно дејствување на компанијата

како целина.

Доста значајни промени во работењето на компаниите придонесе појавата на

интернетот и неговата примена во работењето на правните субјекти. Многу можности се

појавија со примената на интернетото во рабоњето, а секако и многу промени се случуваа

при неговото внесување во праксатаа, односно во примената на секојдневното работење

на компаниите, а и се уште се прават промени во сите области на функционирање на

компаниите.

Со оглед на значењето и потребата за успешно прилагодување на компанијата кон

новите барања на пазарот, кон новонастанатите услови за работа, а се со цел за

понатамошно успешно работење и постигнување на позитивни резултати, потребно е

постојано следење на новите трендови и пронаоѓање каде истите можат успешно да се

спроведат во работењето на компаниите. Потребата од успешни прилагодувања на

компанијата кон актуелните состојби на работење, укажува на потреба од нејзина

виталност – можност да се носи со промените.

Page 6: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Едни од тие промени кои се случија, а и се уште се случуваат се промените и

можностие кои се појавуваат во маркетингот со користењето на информатичката

технологија за успешно справување со сите конкуренти во окружувањето. Промените се

неопходни во компаниите и обезбедуваат нивна компатибилност со барањата на

окружувањетo. Квалитетот во справувањето со актуелните промени зависи од потребните

и расположливи услови и претпоставки за дефинирање и спроведување на постојани,

разновидни, меѓузависни квалитативни и квантитативни промени во работата и

однесувањето. Овие способности и можности за успешно справување со актуелните

промени најчесто се водат под синтагмата “компетентност за промена” (Abernathy) или

синтагмата “ иновативна компетентност” (Loveridge).

Во последните години забележителен е високиот раст и развој на науката,

техниката и технологијата, и нивните достигнувања се од голема важност во успешното

извршување на организациските активности, вклучително и во маркетинг секторите на

компаниите.

За обезбедување на комуникација и соработка со светот, од исклучително значење

е квалитетното користење на можноста која ни ја пружаат информациската и

комуникациската технологија. Тие не само што овозможуваат квалитетно решавање на

проблемите на просторните и на временските бариери во комуникацијата и соработката во

светот, туку доведуваат и до тоа факторот време, да биде клучен елемент од кој ќе зависи

и успешноста на конкретната работа.

За сите нас од исклучително значење е користењето на сите можности на интернет.

Тука не се мисли само на собирање и лансирање на информации и комуникации, туку и на

сите распространети трговии и плаќања, и праксата со помош на интернет да се

управуваат големите деловни мрежи.

Во согласност со ваквите сознанија е и големата важност на информациската

технологија во работењето на современата компанија, и оваа можност целосно треба да се

припои кон програмите за управување и прилагодување на компанијата кон промените

како услов за негово успешно функционирање и постигнување позитивни и што е можно

повисоки резултати во неговото работење.

Со потребата за спроведување на актуелни промени е соочен секој поединец, секој

субјект во национално, наднационално и меѓународно ниво. Од промените во ставовите,

Page 7: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

начините на размислување, однесување и работа на поединецот и колективот, во многу

висок степен зависи брзината, квалитетот, резултатите и ефектите во спроведување на

овие но, и сите останати промени. Компанијата и сите останати стопански субјекти имаат

заеднички основен концепт и модел за успешно функционирање и во информатичката ера.

Сите мора да се оспособат за научна работа и дејствување, за квалитетно вклопување и

функционирање внатре во широката глобална структура, и сите тие мора да располагаат

со способности и можности за успешно носење со постојаните многубројни, разновидни,

меѓузависни квалитативни промени во надворешниот свет и во сопственичката работа и

однесување.

Современата компанија се посматра како променлива, жива, динамична,

меѓузависна структура. Општ интерес на секоја компанија е најпрво да опстане и да не

пропадне и второ, во однос на останатите да оствари подинамичен раст и развој.

Во современи услови на стопанисување, со многубројни и разновидни промени и

силната конкуренција, опстојувањето не е едноставна и лесна задача. Компанијата која

успева квалитетно да го реши проблемот на опстојување со мал додатен напор, го решава

проблемот на просечниот раст и развој. Тука се подразбираат пред се, квалитетно

спроведување на квалитативни и квантитативни промени. При тоа, грешките при таквите

промени, можат секоја компанија без оглед на неговата големина, да ја соочат со

проблемот на пропаѓање. Во решавањето на проблемот на опстојувањето, растот и

развојот, компанијата, исто така врши и комбинација на квалитативни и квантитативни

промени доколку е тоа потребно. Во сите тие активности, целта не се огледа во тоа

компанијата да стане поголема, туку секој ден да станува се подобра. Напоредно со тоа ќе

се остварува поголемо ниво на заработка и подобрување на стратешката позиција во сите

области на делување.

Во рамките на интензивниот стопански раст и развој на современата компанија,

инвестициите и паричните вложувања не се единствена и најзначајна движечка сила на

позитивни промени.

Во однос на паричните вложувања многу позначајни се развојот, прибирањето и

ангажирањето на актуелни знаења, информации и решенија или технолошкиот развој во

компанијата. Цивилизациските промени се деконтинуитет или револуционерни промени

во животот и работата на компанијата и светот кој го опкружува. Со спроведување на

Page 8: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

цивилизациските промени, непроменета останува основната и општа дефиниција на

компанијата, со мала корекција основната општествена мисија на компанијата и

основниот интерес на компанијата: да опстојува, да расте и да се развива. Се друго

значително се менува: концепциската основа и филозофијата на функционирањето на

компанијата, моделот на функционирање (управување, работа и однесување), факторите

за успешност во работата и однесувањето и показателите и мерките за вреднување на

претпоставените и реализирани активности, конкретните цели и задачи на компанијата.

Со спроведување на цивилизациските промени се создаваат услови за успешно носење со

постојаните, разновидни меѓузависни промени во тековното работење и однесување.

Во современата компанија со многу јасна задача и квалитетно управување,

апсолутно се менува и се е во функција на промена во широка, меѓузависна,

содејствувачка структура на компанијата. Промените се спроведуваат на сите

расположливи фактори во областа на производното ангажирање на пазарот на производот

и во процесот на производство, во организацијата и културата на компанијата, во

начините, времето, местото на најразличните активности и акции на компанијата, во

облиците и субјектите на соработка на компанијата со надворешниот свет.

Окружувањето во кое што работи деловниот субјект сé почесто се менува.

Најголема причина за тоа е глобализацијата, и затоа се вели дека флексибилноста на

компаниите е еден од условите за нивно побрзо и подобро прилагодување кон

новонастанатата ситуација. Брзата реакција со адекватни решенија е предуслов за

успешно и просперитетно работење.

Во современите услови на работење на компанијата, управувањето добива место на

едно од најзначајните фактори за успешност во функционирањето на поединецот,

компанијата и државата. Растот на неговото значење се поврзува со зголемување на

сложеноста, разновидноста, меѓузависноста и променливоста на она што треба да се

управува. Низ управувањето на работата и однесувањето се треба да се хармонизира, во

квалитетна содејствувачка структура, што во даден сложен и променлив свет обезбедува

квалитетни одговори на движењата и случувањата во надворешниот свет и обезбедува

квалитетен придонес во остварувањето на сопствените цели и задачи.

Успешноста во современото фунционирање и делување на маркетинг секторите во

компаниите не зависи од количината и класичните обележја на квалитетна работа и

Page 9: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

однесувањето, туку од ефективноста, ефикасноста и резултатите и ефектот од промените

во нив.

Во овај труд ќе се обидам да ги претствам промените кои се предизвикани од

појавата и примената во работењето на Интернетот во маркетинг секторите на

компаниите,односно како тие промени придонесоа за осовременување на работењето во

сферата на мерктингот и што предизвикаја појава и развој на нови видови на маркетинг,

во случајот развој на афилијативен маркетинг. Секоја промена како што претходно

споменав предизвикува промени и прилагодувања во целокупното работење на

компаниите. Промените се однесуваат на сите фактори и на надворешните и на

внатрешните кои влијаат врз конкретна компанија. Но потребно е кон промените да се

гледа од позитивен аспект, бидејќи промените се прифаќаат само ако има некоја полезност

од нивна примена за компанија во спротивно не се применуваат, се изоставаат.

Можностите од примена на интернетот во маркетингот предизвикаа развој и

примена на афилијативен маркетинг. Афилијативниот маркетинг претставува претставува

договор меѓу трговецот, компанија која произведува и/или продава производи и/или

услуги и соптвеникот на веб страната кој го промовира производот за што трговецот му

плаќа одреден надомест по реализиран резултат, остварена продажба.1

Филијалата на својата веб страна поставува линк до веб страната на компанијата и

ги охрабрува своите посетители да го поддржат нејзиниот маркетинг партнер. Одредени

филијали добиваат провизија врз основа на остварена продажба, додека други добиваат

надомест врз основа на бројот на остварени кликнувања или нови регистрирани, или

рамен, фиксен надомест или одредена комбинација од нив.

Ова претствува едноставен, брз и флексибилен начин за промоција на компанијата

и производите во интернет просторот. Токму и затоа во услови на големи можности и

опции кои се појавуваат постојано, при постојан развој и подобрување на постоечките

видови на маркетинг, афилијативниот маркетинг го пронаоѓа своето место и улога во

примената на работењето на компаниите.

1 Laudon, Kenneth C., and Carol Guercio Traver.E-commerce: Business, Technology, Society, Boston: Addision Weasley, p.125,

2009

Page 10: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Примената во светски рамки е на високо ниво, но каква е кај нас во Република

Македонија преку спроведениот прашалник ќе биде утврдено во третиот дел на овај труд.

Пршалникот ќе се спроведи меѓу домашни компании кои функционираат во различни

сектори со цел да се добијат пообјективни податоци, но и ќе се спроведи на физчки лица

за да се добијат податоци од знаењето и примената, употребата на афилијативниот

маркетинг од поединци.

Се надевам преку овај труд ќе се претстави афилијативниот маркетинг како една

нова, едноставна, флексибилна опција за брза промоција на компанија, бренд, линија на

производи или нов производ зависно потребите на компанијата и желбите за промоција и

спроведување на маркетинг плановите на маркетинг секторите.Чекорите како

афилијативниот маркетинг се спроведува ќе бидат објаснети во овај труд, како и кои се

позитивните страни, но и недостатоците со кои се соочува афилијативниот маркетинг.

Page 11: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

2. Oбразложение за научната и стручната оправданост на темата

2.1. Проблем на истражувањето

Со појавата на Интернетот како комуникациски медиум се промени медиумската

слика на светот, воопшто. Можностите кои ги нуди за развој и водење на бизнис се

непроценливи. Свој удел има во секоја сфера на водење на бизнис, вклучително и во

маркетинг делот каде Интернетот придонесе за појава на нови облици на маркетинг, како

и подобрување и прилагодвање на постоечките форми и средства на маркетинг. Силната

иновативна и компетитивна средина придонесе за појавата на афилијативен маркетинг.

Афилијативниот маркетинг им овозможува на компаниите да ги постават нивните

логоа, банер реклами или текстуални врски на веб-страните на други компании (наречени

филијали) од коишто корисниците на тие страни можат да кликнат на оригиналната

страна.

2.2. Дефинирање на предметот на истражување

Предмет на истражување во трудот ќе биде афилијативниот маркетинг, неговата

појава, корисност и предности кои ги нуди.Можноста за комуницирање со потрошувачите,

за создавање на големи очекувања од брендот и поттикнување на продажба не смеат да

биде изоставена.

Какво е значењето и колкава е неговата употреба во Светот, а како е тоа во

Република Македонија. Дали придобивите и можностите што овај вид на маркетинг ги

нуди се големи или занемарливи? Колку воопшто се запознаени македонските компании

со тоа и дали се подготвени да го применуваат доколку бидат едуцирани за придобивките

кои ги нуди? Во овај труд ќе биде анализирана состојбата и примената на афилијативниот

маркетинг и неговите перспективи во иднина.

Page 12: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

2.3. Резултати од претходни истражувања

Компаниите кои се стремат кон таргетирање на своите потенцијални посетители на

веб страните потребно е во фокусот на своето работење да го стават афилијативниот

маркетинг. Со помош на афилијативниот маркетинг ќе добијат информации за произвдите

и услугите кои ги пребаруваат посетителите на веб страниците, а со добиените

информации ќе можат да им понудат производи и услуги за кои се заинтересирани

посетителите на веб страната на компанијата.

Според истражување направено од страна на Forrester Research2, вложувањата кои

се прават во афилијативниот маркетинг од година во година растат, според податоците за

вложувањата во САД во 2007 биле вложени 1.657 милиони долари, а во 2014 дури 4,012

милиони што укажува на се поголемата примена на афилијативниот марктинг.

Економијата во Велика Британија се смета дека најмногу ги применува

продобивките од интернет воопшто, вклучително и интернет маркетингот.3 Секторот на

афилијативниот маркетинг се проценува на околу 4 милијарди фунти со голем потенцијал

за понатамошен развој и вложување. Според податок на Tradedoubler4една од најстарите

интернет маркетинг компании лоцирани во Стокхолм, 70% од корисниците на паметни

телефони во Велика Британија ги користат за пребарување на производи преку

афилијативни врски, а дури 30% тоа го прават на неделно ниво.

Кај нас, цените на банери може да бидат фиксни или одредени според бројот на

импресии(видувања на банерите). Еден банер на популарна страница може да чини од

500-700 евра месечно. Банерите и рекламите може да се наплаќаат и според бројот на

нивни видувања. Според овој начин на пример цената на еден банер кој не е премногу

голем и се наоѓа на неатрактивна позиција изнесува од 0.10 до 0.20 денари5 за едно

видување, со што се плаќа само ако некој ја отвори страната на која се наоѓа банерот.

Афилијативната мрежа дава поголема слобода за тоа каде една компанија може да го

престави своето присуство.

2http://www.amnavigator.com/blog/2012/02/21/size-of-affiliate-marketing-industry-worldwide/

3 http://www.techworld.com/news/networking/uk-internet-economy-represent-124-percent-of-gdp-by-2016-

3345356/ 4http://www.tradedoubler.com/uk-en/insight-resources/mobile-research/

5 http://www.tc.mk/services/blog/razliki-megju-afilijativen-marketing-i-baner/361

Page 13: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

2.4. Методи, техники и инструменти на истражувањето

Истражувањето во првиот дел на трудот се темели врз секундарни податоци

добиени дел од интернет, а дел од стручна литература. Темата за истражување е нова така

да не постојат многу податоци во стручната литература, академските учебници, што бара

потемелно истражување и анализирање на текстови, публикации, статии и сл. објавени на

Интернет.

Преку примена на техниката на анализа ќе биде опфатена стручна литература,

критика на претходни анализи и истражувања поврзани со оваа проблематика,

статистички извештаи и сл.

Преку техниката на набљудувањето ќе бидат директно набљудувани компаниите

кои се огласуваат користејќи го афилијативниот маркетинг, нивните партнери, како и

однесувањето и реакциите на посетителите на нивните веб-страни.

Во истражувањето во вториот дел од трудот, ќе бидат употребени примарни

податоци собрани преку прашалник. Преку прашалникот ќе се добијат податоци и

размислувања на интернет публиката за нивниот став кон афилијативниот маркетинг,

колку се запознаени со него, дали веруваат во афилијативниот маркетинг, дали се

чуствуваат безбедни, дали ги знаат придобивките од него, како и можностите за негова

злоупотреба.

2.5. Очекувани резултати од истражувањето

Со изработката на овај труд се очекува да биде претставен афилијативниот

маркетинг преку можностите, придобивките и потенцијалите кои ги нуди како за бизнисот

така и за посетителите на интернет. Притоа да ќе биде прикажана состојбата на примената

и вложувањата во афилијативниот маркетинг во Светот и направена анализа, а каква е

состојбата во Република Македонија. Афилијативниот маркетинг претставува многу

моќен начин на инстантен поттик на веб посетителите да кликнат, да се информираат, па и

да нарачаат производ што не би требало да биде изоставен и занемарен во интернет

маркетинг стратегијата на една компанија која сака да остварува успешно присуство во

онлајн средината.

Page 14: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Добиените резултати од истражувањето ќе помогнат и во давање насоки кон

прифаќање и подобрување на употребата на афилијативниот маркетинг особено во

Република Македонија.

Page 15: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

ДЕЛ 1

3. Еволуција на маркетингот во интернет окружувањето

3.1. Појавата на интернет маркетинг

Процесот на глобализацијата, зголемената конкурентност и развојот на новите

технички и технолошки решенија, предизвикаа крупни промени во сите области,

предводени пред се од појавата на интернетот и неговата масовна примена. Можностите

кои ги нуди интернетот во поглед на работењето во бизнисот за секоја компанија се

значајни. Технологиите на електорнската трговија на претпријатијата им овозможуваат

голема низа на предности во поглед на традиционалниот начин на работење. Тоа се

однесува пред се на сеприсутноста, достапноста насекаде, глобалниот домет,примената на

универзални стандарди, интерактивноста, густината на информации кои можат да се

споделат, можноста за персонализација и прилагодување. 6

Поединечни претпријатија ја толкуваат и дефинираат глобализацијата на начини

што ќе имаат позитивно влијание врз активностите кои тие ги преземаат за да постигнат

стратегиска конкурентност и да остварат натпросечен профит.Клучно во обидите на

пртпријатијата да ја толкуваат и дефинираат глобализацијата е сознанието дека успешна

конкуренција во светски рамки бара задоволување или надминување на глобални

стандарди во поглед на квалитет, нивоа на услуги, безбдност, грижа за животна средина и

заштита на интелектуална сопственост, како и на некои други димензии во работњето.7

Во економијата на модерните претпријатија управувањето на односите со

надворешната средина со крајните пазари преставува тешка, комплексна но пред се

примарана задача. Серија на факторите како проширување на пазарот, брзата промена и

развој на технологијата, краткиот век на траење на производите целосно ја променија

надворешната средина во која се одвиваат интеракцијата и активностите на

претпријатието на тој начин правејќи ја многу посложена задачата на брзи промени на

6Laudon, Kenneth C., and Carol Guercio Traver.E-commerce: Business, Technology, Society, Boston: Addision

Weasley, p.125, 2009 7Michael A. Hitt, R. Duane Ireland, Robert E. Hoskisson, Strategic Management: Concepts: Competitiveness and

Globalization, четврто издание, 2000 година (превод)

Page 16: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

претпријатието со потребата на еден системски програмиран приод на внатрешната

размена на структурата во однос на пазарот.

Маркетингот се однесува директно на конкурентска ситуација во индустриите и

компаниите, стремејќи се да креира единствени, високо диференцирани производи или

услуги. Основна цел на интернет маркетингот е преку користење на веб-мрежата како и

традиционалните канали за комуниакција да воспостави позитивна, долгорочна врска со

потрошувачите и на таков начин да креира конкурентска предност за компанијата.

Условите во окружувањето на претпријатијата во денешната глобална економија се

разликуваат од оние со кои претпријатијата се соочуваа во минатото. Технолошките

промени и вистинската експлозиија на полето на собирање на информации и капацитети

за нивно процесирање даваат можност за правовремени и поуспешни активности и

реагирања во однос на конкуренцијата. Брзите социолошки промениво многу земји

влијаат врзработните практики и природата на производите кои ги бараат се врз работните

практики и природата на производите кои ги бараат се поразновидните потрошувачи.8

Промените се однесуваат во сите сфери на работењето на една компанија, односно

во сите сектори кои функционираат во рамките на компаниите. Промените во работењето

се однесуваат и во маркетинг секторите, односно примена на интернет во маркеингот а со

тоа се промеува и пристапот кон новиот начин на работење. Насочувањето кон интернет

маркетингот е процес кој треба да придонесе постепено пренасочување на работата од

целосно традиционален начин на работење во трансформција кон нов посовремен, побрз

начин на работа со вклучување на интернетот. Процесот за прилагодување,

пренасочување и трансформација е различен за компаниите и за поединци.

За компаниите, насочувањето кон интернет маркетингот во работењето ги вклучува

следните активности: потреба за примената на интернет маркетингот (во поглед на

големина на фирма и што би ги водело фирмите кон воведување во работењето на

интернет маркетингот), преференции за избор на маркетинг канали (дали тоа ќе биде

традиционален или интернет канал), значајноста на веб експертите (поедноставување на

употребата на веб страните согласно видот на произоводот кој се нуди како и групата на

потрошувачи за кои тој производ е наменет), успехот на интернет маркетингот

(компаниите треба да го прифатат фактот дека пазарот на потрошувачи е различен,

8C.M. Grimm,K.G.Smith,The great convergence: An introduction,1999

Page 17: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

комуникацијата треба да се одвива директно, зголемена и отворена конкурентоност на

пазарот, автенетичноста е значајна како и мерките на сигурност и безбедност во оналајн

средината), ефектите врз средината, употребата на интернет маркетингот за услуги

(леснотијата за користење, сигурноста, дизајн и презентација на веб страната, брзина и

сл.), посветеност кон интересите на потрошувачите (компаниите треба да бидат насочени

кон желбите и потребите на потрошувачите доколку сакаат да останат во бинзисот и да ги

задржат своите потрошувачи) и фокусот кон потрошувачите.9

За потрошувачите прифаќањето и употребата на интернет маркетингот ги вклучува

следниве аспекти10

: приватност на потрошувачите (голем број на потрошувачи сакаат веб

страните да им гарантираат за нивната сигурност во оналјн средината), процесот на

донесување одлука за купување (во донесувањето влијаат голем број на фактори),

интеракција на потрошувачите и можност за персонализација ( се однесува на различните

начни на кои компаниите стапуваат во интеракција со потрошувачите, како и нивните

опции за понуда на уникатни, персонализирани производи), евалуација на компаниите од

страна на потрошувачите, фактори кои ги спречуваат потрошувачите во употреба на

интернет маркетинг (како стравот од споделување персонални и лични информации во

интернет средината, стравот од онлајн кражба, многу рекламирање, недостаток на човечки

фактор и сл.),.

Постојат повеќе причини кои доведоа до развој на овај концепт, меѓутоа основните

причини можат да се препознаат во:11

Глобализацијата на економските текови – Како резултат на појаватa и развојот на т.н.

глобални компании и нивното неоспорно влијание на светските размени се јавува

глобализацијата на економските текови или глобалната економија. Под глобална

економија се подразбираат економските текови и процеси кои делуваат на светско

ниво, воспоставувајќи стандарди кои преовладуваат и на страната на инпутот и на

страната на аутпутот на одредено производство, со информациите како заеднички

ресурс.

Информатичкото општество-Општеството во кое што живееме се означува како

“информатичко” општество во кое информацијата е основен развоен ресурс, при што

9 http://smallbusiness.chron.com/advantages-using-internet-business-320.html

10http://smallbusiness.chron.com/six-benefits-internet-marketing-31382.html

11Kotler, Philip, Keller, Kevin Lane, Marketing management, Upper Saddle River, New Jersey,2006

Page 18: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

природните ресурси не се повеќе главен извор во стопанскиот раст и развојот на

пооделни земји. Информатичкото општество овозможува потрошувачите, компаниите

или било која заинтересирана страна, за многу краток рок ги добијат сите релевантни

информации за сегашната состојба и промените во било кој сектор на човечките

активности.

Нови можности за купувачите- Крупните промени кои се одвиваат во светската

економија имаат и свој одраз врз купувачите. Современиот купувач благодарение на

интеренетот и технолошките можнсти е во ситуација да може да купи било што, од

било каде,од било кој приозводиел 24 часа на ден мимимизирајќи ги своите напори.

Дигитализацијата и интернетот на купувачите денес им овозможуваат предности кои

порано не ги имале, како на пример:

Пристапност кон релевантни информации при донесувањто на решение за

купување (купувачите денес можат да ги добијат сите потребни информации

на интернет за неколку минути, донесувајќи одлуки преку компарација на

повеќе релевантни фактори и варијабили на конкурентските фирми)

Широк спектар на достапни производи и услуги (купувачите денес можат да

нарачаат најразлични производи, да добијат консултантски услуги,

медицински совети и слично со посредство на интернетот. Она што е

поважно е дека на купувачите овие производи и услуги им се достапни од

најразлични делови на светот

Поедноставување на купувањето и испораката на стоките (денешните

купувачи своите нарачки можат да ги вршат од дома, канцеларија или преку

мобилен телефон и тоа 24 часа дневно, а нивните нарачки ќе бидат

испорачани за многу пократок рок од до нивните домови).

Нови начини на менаџирање со компаниите- Промените кои настаануваат во

опкружувањето на компаниите се одразуваат и на начинот на менаџирање. Треба

да се издвојат две важни компоненти во новиот начин на водење на бизнисот и тоа:

интегрирачките процеси внатре во компанијата и орагнизација која учи (learning

organization). Интегрирањето во рамките на компаниите пред се е резултат на

единственната цел на современите компании за креирање на вредност за купувачот,

што поразбира организација во која сите се одговорни за купувачот како

Page 19: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

долгорочен деловен партнер. Додека организацијата која учи е фокусирана на

постојано сопствено подобрување и реинвентирање согласно барањата на пазрните

услови.

Успешниот интернет маркетинг пред се значи ефективна целина на интерактивен,

интегриран, интерен и општествено одговорен маркетинг. За ова да се постигне неоходно

е создавање на база на податоци и информации во рамките на компаниите, за своите

потрошувачи/корисници на услуги, окружувањето, човечки ресурси и сопствени

предности и мани на компаниите. Ова го прави маркетинг истаржувањето неопходна

алатка во процесот на имплементирање на интернет маркетинг концепт, односно преку

маркетинг истражувањето доаѓаме до комплетни и целосни информации .

Промените кои се случуваат во маркетингот се должат на промените на начинот на

живот, се почесто користење на технологија во сите сфери на животот. Претставува

предизвик за сите компании да се поврзат со своите потрошувачи што е можно поблиску

преку блогови, социјални мрежи, е-трговија и сл. На овај начин се појавија промени во

поглед на брзината, релевантноста и опсегот на компаниите кои спроведуваат маркетинг

кампањи.Иста така преку дигиталниот маркетинг се зголемува релевантноста на

споделените информации, бидејќи пораките можат да бидат таргетирани на специфична

фокус група заинтересирана за релевантна тема. Опсегот се зголемува бидејќи постојат

многу различни начини преку кои луѓето примаат информации преку социјални мрежи,

веб страни, мобилни или таблет апликации.

Маркетерите постојано треба да ги надградуваат своите вештини и знаења со цел

да бидат во тек со брзите промени кои се случуваат во маркетингот секојдневно. Се

повеќе се истакнува и блиската соработка која треба да постои меѓу маркетерите и веб

дизајнери, специјалист за обработка на онлајн податоци, специјалисти за социјални

мрежи. Бидејќи се повеќе се истакува потреба од комбинација на маркетингот и креативни

вештини со експертско познавање на технологијата. Потребно е проширување на

маркетинг тимовите со инженери, веб дизајнери и кориснички искусни експерти кои тесно

би соработувале, ова претставува радикална промена од традиционалниот начин на

работење на маркетинг секторите. Постојаните промени и иновации бараат константно

припособување, учење и надоградување со цел да се одржува компанијата во тек со

новите случувања на пазарпт, во окружувањето воопшто.

Page 20: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

3.2. Интернет маркетинг комуникации

Во услови на се поприсутен интернет во секојдневното работење мора да се

напомени и неговото влијание во маркетингот воопшто. Потребите на секоја компанија се

зголемуваат постојано во однос на градење на се поблиска врска со своите клиенти, затоа

се почесто се пристапува кон примена на интернет маркетинг комуникации, со цел

целосно реализирање, таргетирање на побарувањата на клиентите и поттик на

понатамошно користење на услуги, сервиси и/или прозиводи. Тоа може да се постигне

преку комбинација на стратегиско и креативно размислување за интернет маркетинг

комуникациите кои ќе бидат искористени.12

Интернет маркетинг комуникациите се однесуваат на сите главни методи коишто

ги користат интернет компаниите за комуницирање со клиентите, за создавање на големи

очекувања од брендот и за поттикнување на продажба. Маркетинг комукациите имаат за

цел брендирање и продажба. Една од целите на маркетинг комуникациите е да се развијат

и зајакнат брендовите на компанијата преку информирање на клинтите за

карактериситики на производи и услуги коишто се различни и се издвојуваат од

карактеристиките на конкурентските производи. Истотака, маркетинг комуникациите се

користат за промовирање на продажба директно преку поттикнување на клиентот да ги

купи производите. Разликата меѓу целите на интернет маркетинг комуникациите за

брендирање и продажба е многу суптилна, но сепак важна затоа што комуникациите

поврзани со брендирање се разликуваат од промотивните комуникации.Промотивните

комуникаци за продажба сугерираат потрошувачите да „купуваат сега“ и тие нудат такви

понуди за да поттикнат непосредно купување. Комуникациите за брендирање ретко ги

поттикнуваат потрошувачите да купат сега, туку ги нагласуваат посебните бенефиции од

консумирањето на производот или услугата.

Интернет маркетинг комуникациите треба да се засноваат на три принципи, тоа

се:ibid

Континураност на процесот на комуницирање,

Ориентираност кон потрошувачите и останатиот целен аудиториум и

12

Fill Chris, Marketing communications: interactivity, communities and content, fifth edition, 2009

Page 21: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Стратегиско планирање.

Континуираноста на комуницирањето се однесува на конзистентноста на пораката

која се праќа што значи поврзаност на физчките и психолошки елементи на маркетинг

комуникациските средства.Треба постојано компанијата да внимава на содржината на

пораките кои ги испраќа, како и која цел треба да биде постигната со остварените

маркетинг комуникации. Одржувањето на долгорочни и цврсти врски со клиентите е од

витално значење за секоја компанија затоа во фокусот на своето работење компаниите ја

имаат поставено и оваа цел кон која стремат во нејзино реализирање. Како цел во

работењето на копманијата таа претставува и дел од вкупната политика на работење на

компанијата. Таа цел со работењето може да се постигни преку градење на врски со

клиентите за стекнување на нови и задржување на постојаните клиенти преку менаџирање

на врските со клиентите, потрошувачите (CRM customer relationship management).

Воспоставувањето на добри деловни односи со клиентите, нивно одржување и

продолжување на соработка најдобро се постигнува со маркетинг комуникациите кои ги

превзема компанијата.

Ориентираност кон потрошувачите и останатиот целен аудиториум кон нивните

желби, потреби и преференции, како и нивносто однесување на пазарот кое претставува

почетна точка во планот за спроведување на маркетинг комуникциите.Компанијата мора

да знае што бараат, што сакаат и што очекуваат клиентите со нејзиното работење со цел

креирање и спроведување на успешни маркетинг комуникации. Тоа се постигнува преку

креирање и постојано надопонување и ажурирање на база на потрошувачи од стана на

компанијата.Врз базата на податоци на клиенти треба постојано да се прават анализи,

споредби, прегледи со цел подобро согледување на настанати промени или појави кои

водат кон низа можности за компанија, во поглед на појава на потрба за нов

производ/услуга, потреба да биде променет, модифициран некој производ, појава да биде

повлечен од продажба некој производ и сл. Сите информации во овај поглед можат да

бидат добиени исклучиво од самите клиенти, преку ориентираност кон нив.

Планирањето упатува на тоа дека мора добро да биде осмислено комуницирањето

кое ќе биде спроведено за да биде во рамка со стратегиските цели на ниво на компанија.

Добро испланирано маркетинг комуниацирање ќе ги даде и соодветните посакувани цели

кон кои се стреми компанијата да ги постигни. Доколку се направи пропуст од самиот

Page 22: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

почеток во поглед на планирање на маркетинг комуниациите, не може понатаму да се

очекува и целосно реализирање на поставените цели кои компнаијата сака да ги постини

со превемените маркетинг комуникции. Значајно е почетокот односно планирањето да

биде добро разгледано, анализирано и тестирано за понатаму да не се појавуваат проблеми

во следните фази во развојот на маркетинг комуникациите.

3.3. Техники и инструменти на интернет маркетингот комуникации

Интернетот со своите можности и опции кои ги нуди им е на располагање на компаниите

за постигнување на ралични цели во нивното работење. Преку соодветна анализа и истражување

на пазарот може да бидат избрани најсоодветните модели со кои би биле постигнати претходно

поставените цели на компанијата, вклучувајќи ги и интернет маркетинг комуниациите.Постојат

многу различни облици на интернет маркетинг комуникации, вклучувајќи го интернет

огласувањето, маркетинг по електронска пошта и односи со јавноста, дури и самата веб страна

може да се разгледува како алатка за маркетинг комункација.Изборот зависи од намерата која

треба да биде постигната, како и целите кои треба да бидат реализирани, но и од повеќе други

фактори пооделни за секоја компанија, како и за секоја цел која треба да биде реалзирана.

Слика 1- Маркетинг комуникации

(Извор: http://www.smartinsights.com/traffic-building-strategy/)

Page 23: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Постојат повеќе онлајн комуникациски алатки кои маркетерите мораат да ги

анализираат за да ги вклучат во својата маркетинг комуникациска стратегија или во

планирањето на онлајн маркетинг кампања, како:

Маркетинг на пребарувачи (Search engine marketing)- преку поставување на порака,

реклама на интернет пребарувач со цел да се зголеми посетеноста на веб страна при

користење на специфични клучни зборови. Тука спаѓаат техники како плаќање по клик и

платено позиционирање, како и позициионирање во пребаруваните резултати врз основа

на органска листа преку оптимализација на пребарувачите (SEO). Органско пребарување е

вклучување и рангирање на веб страните по примена на збир од правила, алгоритми

наметнати од пребарувачот, додека платеното вклучување е кога за одреден надомест,

гарантирано вклучивање на веб страната во нивните листи со резултати од пребарувања,

кај огласувањто со клучни зборови трговци ги откупуваат клучните зборови преку

наддавање на страните на пребарувачите и секогаш кога корисниците ќе го пребараат тој

збор нивната реклама се појавува некаде на страната.

Маркетинг на пребарувачи е форма на интернет маркетинг која се однесува на

промоција на веб страни преку зголемување на ниваната видливост во резултатите на

пребарувач преку оптимализација и рекламирање.За таа намена се користи

оптимализација на интернет пребарувачите-SEO со која се подобрува или заменува

содржината на веб страната за да се постигне повисок ранг во резултатите на

пребарувачот или преку плаќање по клик листи.Односно, станува збор за платени

реклами (search engine marketing-SEM) и не платени (search engine optimization-SEO)13

.

Појавата на овај вид на онлајн маркетинг се должи на развојот на голем број на веб

страни кои се појавуваат постојано, а се насочени кон е-трговија, онлајн продажба и

промоција. Барањето на соодветна информација на интернет не е едноставно бидејќи

постојат голем број на информации, податоци, голем број на веб страни. Интернет

пребарувачите ја согледаа оваа ситуација и ја искористија можноста кој им се понуди да

развијат свои услуги за оние кои пребаруваат, како pay-per-click услуги и оптимализација

13

Search engine optimization, Jerry L. Ledford, Wiley Publishing, 2nd

edition, 2009

Page 24: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

на пребарувачите. Најзначаен фокус во работењето со маркетингот на пребарувачите

имаат:

Анализа и истражување за клучни зборови, која вклучува можност страната

да биде индексирана во пребарувачите, анализа и пронаѓање на

најрелевантните и популарни клучни зборови кои се користат за одредена

веб страна или производ/услуга и нивно користење на страната за да

генерираат сообраќај.

Посетеност и популарност на веб страна, или колку една веб страна е

застапена во резултатите на пребарувачите тоа може да се анализира преку

бројот на страни кои се индексирани од страна на пребарувачите (saturation)

и колку линкови водат до страната (популарност). Значајно е страната да

содржи клучни зборови, како и да водат тие клучни зборови кон повисок

ранг во листањето на резултатите

Алаки за развој на страната, се однесуваат на алатки за веб аналитика и

HTML код, кои ги овозможуваат податоците на веб страната и од кои

најмногу зависи успешноста на страната.

Останати алатки, кои сопствениците на веб страните ги користат за да

утврдат доколку некој кради, превзема нелегално информации, податоци од

страната.

Онлајн односи со јавноста (Online PR)-насочено е кон потенцирање на успешноста

на компанија, бренд, произоводи или веб страна на компанија на други веб страни

како социјални мрежи, блогови, портали кои имаат голема посетеност.Односите со

јавноста може да бидат корисни за секоја организација, не заради сензационалната

промоција на нејзините постигнувања, туку за да станат покритични кон својата

работа. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да

станете подобри и сигурни дека на корисниците им ја давате најдобрата можна

услуга.14

Онлајн односите со јавноста се дефинираат15

како менаџерска функција

која ги оценува ставовите на јавноста, ги идентификува политиките и процедурите

14

Секуловска, Н.,Одсноси со јавност трето издание, јануари 2009, Економски факултет Скопје, 266 стр. 15

George Е. Belch, Michael A. Belch; Advertising and Promotion; McGraw-Hill; 2007; p. 543

Page 25: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

на организацијата со јавен интерес и извршува програма на акција (и

комуникација) за да обезбеди разбирање и прифаќање од јавноста. Дефиницијата за

односи со јавноста, всушност, објаснува процес кој се состои од неколку фази:

Определување и оценување на ставовите на јавноста.

Идентификување на политиките и процедурите на организацијата со јавен интерес.

Развој и извршување на комуникациска програма, дизајнирана за да се влијае врз

разбирањето и прифаќањето на јавноста.

Онлајн партнерства (Online partnership)-креирање и менаџирање на долгорочни

договори за промовирање на услуги на компанија на други веб страни или преку е-маил

комуникација.Постојат различни видови на партнерства од овај вид, како агрегатори,

онлајн спонзосрство, ко-брендисрање, филијален маркетинг и сл.

Интерактивно огласување (Interactive advertising)16

- користење на онлајн реклами

како банери и мултимедијални пораки за да се постигни свесност за бренд и поттикне

посета на веб страната на компанијата која се рекламира. Можноста за поставување на

банер во боја, со движење, звук и сл. за некои компании може да има големо значење во

поглед на зголемување на интересот за нејзините производи или зголемена продажба,но

зависи од видот на производот кој се рекламира. Банерот претставува креативно решение

кое пренесува некаква рекламна порака на интернет во тој определен простор на веб

страните. Банерите даваат можност да се креираат од најпрости форми на рекламни

пораки (статични слики) на кои има слика од производот или услугата и нешто текст, па

се до високо развиени, анимирани и интерактивни банери (flash) кои наликуваат на видео,

се прилагодуваат по интеракција на корисникот и слично. Единственото ограничување за

тоа колку може да е креативен банерот е само кај дизајнерот кој го работи. Како предност

на банерите се смета дека се одличен формат на рекламирање за подигнување на свеста за

брендот, производот или услугата која што ја рекламирате. Банерот се појавува пред

широк аудиториум од интернет корисници кои дури и ако не се заинтересирани за

понудата и не кликнат на банерот, сигурно ќе го забележат името, логото, слоганот,

производот или услугата на една компанија.Мултимедијални пораки се текстуалните

16

Pavlou, Paul A.; Stewart, David W.,Measuring the Effects and Effectiveness of Interactive Advertising,

2000, Journal of Interactive Advertising., 61–77

Page 26: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

реклами со слика. Овој тип на реклами по димензии е помал од банерите, но е доста

флексибилен, па затоа и не може да се рече дека имаат некаква фиксна димензија, тие се

прилагодуваат во просторот, зоната во која се поставени на самата веб страна, па во

зависност од тоа дали се една или две текстуални реклами во тој простор, или од

ширината на зоната, тие може да бидат во хоризонтална или вертикална поставеност.

Е-маил маркетинг (opt-in e-mail marketing) –изнајмување на е-маил листи, бази на

податоци или преку поставување на реклама во е-весници на други компании кои

користат сопствени листи, бази на податоци за корисници, клиенти. Директниот

електронски маркетинг вклучува пораки кои се испраќаат до публиката од интернет

корисници кои ја избрале таа опција и коишто во одреден момент појавиле интерес да

добиваат пораки од огласувачите. На тој начин огласувачите ги бираат заинтересираните

потрошувачи, ова е евтин начин на комуникација и постојано известување за новости со

заинтересираните потрошувачи во поглед на можноста за испратени пораки. Примарните

трошоци на маркетингот по електронска пошта се за набавка на листи со имиња на

коишто ќе им се испраќаат електронските пораки. Самото испраќање на електронска

пошта е бесплатно и неограничено.

Сепак употребата на овај вид на техника за маркетинг комуникации е ограничена

од три фактори: непосакувани електронски пораки, софтверски алатки кои се користат за

контрола на непосакуваните пораки да бидат отстранети од сандачињата на корисниците и

набавени листи за електронска пошта кои се со лошо целно насочување.

Комуницирањето со потрошувачите преку интернет маркетинг комуникации

значително се разликува од традиционалнните маркетинг комуникации бидејќи

дигиталните медиуми овозможуваат нови форми на интеракција и нови модели на размена

на информации.Разликите меѓу традиционалните и интернет маркетинг комуникациите се

претставени преку моделот „6 И на е-маркетинг миксот“ ( “6 Is of the e-marketing mix”) кој

може исто така да се користи и како алатка за стратегиска анализа.17

Преку овај модел се

нагласуваат факторите кои се однесуваат на практичните аспекти на е-маркетингот како

персонализација, директен одговор и маркетинг истражување, но и стратегиските

17

http://hubshout.com/?The-6-I%E2%80%99s-of-Internet-Marketing&AID=324

Page 27: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

проблеми кои се појавуваат како последица на преструктирање на индустријата и

интегрирани комуникации преку повеќе канали за комуникација.

1. Интерактивност - повеќето онлајн маркетинг активности се карактеризираат со:

Потрошувачот започнува контакт со продавачот,

Потрошувачот бара информации или експертиза за производт или услугата,

Маркетерот го има целосното внимание од потрошувачот кога потрошувачот ја

посетува веб страната на компанијата,

Компанијата може да собира и чува информации и одговори од индивидуите,

Индивидуалните потреби и желби можат да бидат земени во предвид и во некои

идни трансакции.

Во традиционалниот маркетинг се пристапува кон испраќање на пораката од

компанијата до потрошувачот и другите стејкхолдери, каде овај процес вклучува

ограничена интеракција со потрошувачот, иако во некои случаи се поттикнува

интеракција преку директен маркетинг.На Интернет е обратна ситуацијата, бидејќи

потрошувачот е тој кој започнува интеракција со компанијата и бара информации преку

пребарување на страната на компанијата.Дигиталните медиуми придонесоа кон промена

во начинот на комуникација која се користи во маркетинг комуникациите, предностите

кои ги нуди Интернетот водат кон тоа интеракцијата да не биде помеѓу испраќачот и

примачот на пораката, туку преку самиот медиум.Потрошувачите можат да комуницираат

со медиумот, компаниите овозможуваат информации и содржини на медиумот и

потрошувачите споделуваат комерцијално ориентирани содржини на медиумите.

2. Разузнавање- Интернетот може да биде користен како релативно најевтин медиум

за собирање податоци од маркетинг истражувања, посебно за перцепциите на

потрошувачите за одредени производи или услуги. Нестле прави профили на

своите потрошувачи врз основа на нивните одговори кои ги собира од прашалник

поставен на страната на компанијата.18

Информации кои се потребни за маркетинг

истражувања за компанијата исто така се добиваат од самата веб страна преку

изготвување на веб аналитики, корисни за добивање на претстава за преференциите

на потрошувачите и нивното однесување онлајн.

18

http://www.nestle.com/

Page 28: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

3. Индивидуализација - Доста значајна карактеристика на интерактивните маркетинг

комуникации е можноста да бидат насочени кон индивидуалец со многу ниски

трошоци, за разлика од традиционанлните маркетинг комуникации каде една иста

порака се однесува за сите потрошувачи. Можноста што ја нудат информациите

кои се собираат онлајн за однесувањето на потрошувачите претставува можност за

персонализација, односно развивање на индивидуална порака до секој потрошувач

кој ја посетува страната на компанијата. Овај принцип успешно го користи Амазон,

каде потрошувачот на страната се поздравува со неговото име и добива препораки

и сугестии на стараната и по е-маил врз основа на претоходни порачки кои ги имал.

Преку овај начин се води кон поблиска интеракција со потрошувачот која

перидобивкана интернет маркетингот.

4. Интегрирање - Интернотот нуди големи можности за интегрирање на маркетинг

активностите.При утврдување на ефективноста на една веб страна улогата на

Интернетот во комуникација со потрошувачите и останатите партнери најдобро

може да се разгледа од два аспекти. Првиот аспект е преку надворешни интернет

базирани комуникации од организацијата кон потрошувачите, а другиот аспект е

внатрешно интернет базирана комуникација од потрошувачите кон организацијата.

5. Реструктуирање на индустријата - Дисинтермедијација и реинтермедијација се

клучни концепти преку кои се изврши реструктуирање на индустријата и кои треба

да бидат земени во предвид од страна на компании кои применуваат или

воведуваат е-маркетинг стратегија на работење. Дисинтермедијација се однесува на

исклучување на интермедијари меѓу компанијата и потрошувачите како

дистрибутери и сл.,а реинтермедијација се однесува на креирање на нов начин на

интермедијација меѓу потрошувачите и добавувачите овозможувајќи им одредени

услуги на двете страни.

6. Независност за локација - Електронските медиуми овозможуваат за зголемување на

досегот на организациските маркетинг комуникации на глобално ниво. Тоа

претставува можност за компанијата да ги продава своите производи на

интернационални пазари за кои претходно компанијата не имала можност или не

било можно продажба на тој пазар.

Page 29: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Техниките на маркетинг комуникациите се многу, сите нудат одредени предности

при нивна примена но и некои ограничувања.Целта со сите е да биде постигната

маркетинг комуникација со нови клиенти, но и задржување на постоечките клиенти.Се тоа

би било успешно постигнато преку соодветна комбинација на повеќе маркетинг

комуникациски техники со кои би се псотигнале посакуваните, зацртани цели на

компанијата по однос на одржување и негување на врски со клиентите.

3.4. Интернет маркетинг стратегии за промоција

Маркетингот како процес на идентификување, антиципирање и задволување на

потребите и барањата на потрошувачите води кон креирање на соодветна стратегија за

настап на пазар.Маркетинг стратегијата е една од најважните стратегии за претпријатието,

без разлика на дејноста на која тоа припаѓа.Во суштина, станува збор за план на

активности кои се финансиски, временски и трошковно детерминирани, насочени кон

остварување на поставените маркетинг цели.Поради нејзината важност, формулирањето

на ефективна маркетинг стратегија е долг процес кој опфаќа неколку чекори.

Маркетинг стратегиите се создаваат во вид на повеќегодишни планови, со тактички

план којшто детално наведува кои специфични акции треба да се реализираат во периодот

на тековната година.Временските хоризонти опфатени со планот за маркетинг варираат во

зависност од компанијата, од индустријата и од нацијата, меѓутоа, временските хоризонти

стануваат толку пократки колку што се зголемува брзината на промените коишто се

случуваат во окружувањето.Маркетиншките стратегии се динамични и интерактивни.Тие

се делумно испланирани и делумно неиспланирани.

Маркетиншката стратегија подразбира внимателно испитување на внатрешните и

на надворешните окружувања.Факторите на внатрешното окружување се состојат од

маркетиншки микс, од анализа на достигнувањата и од стратешки ограничувања.

Факторите на надворешното окружување се состојат од анализа на клиенти, од анализа на

конкуренти, од анализа на целниот пазар, како и од оценување на кој било од елементите

на технолошкото, на економското, на културното или на политичкото/правното

Page 30: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

окружување, којшто би можел да биде пресуден за успехот.Клучна компонента на

маркетиншката стратегија честопати претставува насочувањето на маркетингот кон

општата мисија на компанијата. Откако целосно ќе се испита окружувањето, може да се

креира стратешки план со цел да се препознаат деловните можности, да се одредат

предизвикувачки цели, да се определи оптималниот маркетиншки микс со којшто ќе се

реализираат овие цели и таквиот стратешки план целосно да се спроведе на дело.Краен

чекор во создавањето маркетиншка стратегија е да се создаде план којшто ќе го

набљудува напредокот и да се предвиди збир од можни непредвидени околности во случај

на појава на проблеми при спроведувањето на планот.19

Електронската трговија го менува начинот на работа на компаниите, постојаните

промени и брзи стратегиски одлуки се од пресудно значење за една компанија да биде

успешна во светот на хиперконкуренцијата.Постојани промени и брзи стратегиски одлуки

се особено значајни за компании кои работат во областа на електронската трговија.

Условите со кое се среќаваат компапниите кои работат во областа на електронската

трговија принудуваат раководствотот на компаниите постојано да ја објаснуваат својата

визија во новонастанатите услови, како и постојано и конкретно да ги стимулираат

врааботените.Бидејќи светот на електронската трговија е неопиплив, компаниите мора

многу време да посветат на позиционирање на компанијата во главите на потрошувачите,

вработенит, луѓето од медиумите и многубројни стратегиски сојузници и

партнери.Интернетот го менува начинот на функционирање на конкуренцијата меѓу

компаниите со што отвори нови можности, а истовремено влијае и врз традиционалниот

начин на работа на веќе етаблирани компании.20

Интернетот ги помага компаниите

полесно да се појават на пазарот, но и ги потенцира и слабостите на постоечките

компании.Тој влијае и на начинот на кој претптијатијата ја имплементираат стратегијата

во своите традиционални операции.

Интернетот донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот, од којшто еден е и

пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика. Интерактивната

природа на интернет маркетингот, како за обезбедување на инстантен одговор од страна

на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција, е уникатен квалитет на

19

Циунова,А., Смаќоски Б., Маркетинг менаџмент, Економски факултет Скопје, 2008 20

Michael A. Hitt, R. Duane Ireland, Robert E. Hoskisson, Strategic Management: Concepts: Competitiveness and

Globalization, четврто издание, 2000 година (превод)

Page 31: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

ваквиот медиум. Понекогаш за интернет маркетингот се смета дека има поширок

дијапазон бидејќи не се однесува само на дигиталните медиуми како што се интернет, Е-

пошта и безжични медиуми; Интернет маркетингот исто така вклучува и управување на

дигиталните податоци на корисниците и систем за управување на електронските

кориснички врски.Интернет маркетингот ги поврзува креативните и техничките аспекти

на интернетот, вклучувајќи дизајн, развој, рекламирање и продажба.21

Маркетинг стратегијата може слободно да се каже дека претставува срцето на

бизнисот која не зависи само од пари, туку повеќе од желба, умешност и креативност на

претприемачот. Постојат повеќе начини за промоција на бизнисите:22

Е-пошта -Предноста на e-mail маркетингот e факт дека е директна комуникација со

корисникот на производот или услугата (директен маркетинг). Друга предност на

изработката на мејл листи е дека сите тие се регистрирани корисници кои се

заинтересирани за добивање на информации. Покрај тоа, мејл листи се користат за

одржување на добри односи со вработените, клиентите, деловните партнери и

медиумите.

Билтени - Во зависност од динамиката на промени во компанијата препорачливо е

да користите бази со e-mail адреси (од ваши купувачи,соработници). Испраќањето

промотивни или информативни билтени на сите постоечки и потенцијални

корисници на вашите производи или услуги, како и ваши деловни партнери,

претставува моќна маркетинг алатка. Со билтенот можете да го информаирате

корисникот за новостите на компанијата, или пак едноставно да испратите честитка

по повод некој празник или роденден.

Блог- Блог е термин кој се однесува на личен дневник напишан на интернет со

хронолошки редослед. На терминот блог продолжение е блогосферата - заедницата

на корисници на интернет кои учествуваат во создавањето на блогирањето, блогер

- авторот на блогот и блогирањето - често пишување на блог и коментирање на

другите. Се повеќе се зборува за влијанието дека блоговите имаат влијание врз

21

Internet marketing: strategy, implementation and practice, Dave Chaffey, Fiona Ellis-Chadwick, Richard Mayer,

Kevin Johnston, Prentice Hall,4th

edition,2009 22

http://ddcom.mk/blog-it-novosti-software/273-6

Page 32: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

јавното мислење. Компаниите треба да се приклучат на некои страни и да им

обезбеди корисни информации за нивните производи и услуги.

Форум-Важно место во социјалната интеракција (јавни дискусии на одредени теми

преку интернет) и инстант пораки или разговор (пораки во реално време).

Оптимизирање на веб-сајт за пребарување Мапа на оптимизација во согласност со

барањата на пребарувачите (SEO- Search Engine Optimization) е примена на техники

и тактики со кои се овозможи правилно позиционирање настраници на веб-сајт во

резултатите од пребарувањето на интернет пребарувачите за избраните клучни

зборови, кои најдобро ги опишуваат производите и услугите.Мапа на оптимизација

во согласност со барањата на пребарувачи (SEO - Search Engine Optimization )

генерално се врши на две нивоа во споредба со веб-страница - на вебсајт

оптимизација корекции на веб сајт, и сајт за оптимизација организација активности

забележани надвор веб-сајт.

Во пракса, целиот процес на оптимизација е поделена во три различни групи на

активности:

Сајт за оптимизација на техничко ниво, каде што фокусот е на создавање

активности како техничка инфраструктура на сајтот ( позиција и да се

приспособат на веб сервер, анализира и корегира HTML кодот, ја анализира и

корегира структурата на веб сајтот, тековното позиционирање на веб-сајтот),

која ги нуди основните услови за подобра прегледност при пребарувањата.

Оптимизација на ниво на содржината, каде што активностите на фокусирање

начини да се создаде содржина во однос на најактуелните клучни зборови,

преку кои корисниците доаѓаат на веб сајт.

Поврзување на сајтот со други веб- сајтови со цел да се подобри општата

рангирање на сајтот во пребарувачите, врз основа на зголемување на

кредибилитет од референцирање други сајтови.

Банери-Банер или рекламирање е англиски збор за слика која претставува една

реклама за некој производ или услуга и дека е сајт страница (банери и реклами

изрази се често користени зборови кои го имаат истото значење и правилно да се

каже " Банер за рекламирање "). Банерите може да се неподвижни или анимирани

(една или повеќе слики во една слика), со придружниот текст или слики.

Page 33: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Рекламирањето на компаниите може да се направи преку банер - размена на банер

со пријателски веб-сајтови, поставување банери на портали кои нудат оваа услуга

бесплатно.

Афилијативна промоција-Афилијативната програма е начин за поголема

заработка на трговец кој има веб продавница и сопствениците на веб сајтови,

портали и блогови.Трговците кои имаат веб продавница одредуваат колкав процент

од продаден производ им доделуваат на афилијативните промотори. Со

афилијативната мрежа афилијативниот промотор заработува а трговецот си ја

зголемува продажбата на своите производи.

Можностите кои постојат се многубројни и сите имаат свои предности и

недостатоци во однос на другите, затоа потребно е да се пристапи кон добра анализа на

сите фактори вклучени во функционирањето на компанијата, како и утврдување каков

ефект сака да биде постигнат со маркетинг стратегијата од страна на компанијата кон

потрошувачите.Бидејќи различни цели се постигнуваат со различни маркетинг

стратегии.Тука значајна улога има стратегијата во утврдување на цената на интернет,

бидејќи компаниите на конкурентни пазари воглавно се натпреваруваат за клиенти со

цена, карактеристики на производите, делокруг и фокус.

Одредувањето цени е интергрален дел од маркетинг стратегијата на

компанијата.23

Во електроснката трговија утврдувањето на цени на производи е

покомплексно бидејќи вклучува трошоци кои не се видиливи, како во традиционалните

компании каде лесно се прави поделба на фискни трошоци и варијабилни трошоци.Затоа

постои и појава на нудење на бесплатни содржини на интернет, со цел креирање пазарна

свесност за одреден производ, но и може да доведе до продажба на други слични

производи, со широка дистрибуција се изградуваат мрежни ефекти односно многу голем

број на луѓе се свесни за одреден производ, но и помагаат да не се појават голем број

потенцијални и реални конкуренти бидејќи е бесплатно.

Друга опција е преку креирање на повеќе верзии од производите и во основа

продаѓба ист производ кој се продава на различни пазарни сегменти по различни цени.

Верзиите со основни карактеристики може да се нудат бесплани додека премиум верзиите

може да се нудат по повисоки цени.

23

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall, 2004

Page 34: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Исто така поризводот на интернет може да се продава и со врзување, односно понуда

на корисниците два или повеќе производи за една цена. Во овај концепт клучна идеја е

иако корисниците имаат одредена цена за еден производ, тие повеќе би се согласиле за

вредноста на повеќе производи понудени по фиксна цена. Најчестно оваа стратегија ја

применуваат компаниии кои нудат производи со истакнати конкурентски предности пред

оние кои не ги врзуваат или кои не можат да ги врзат производите.

Постојат и опции за динаминично утврдување на цените која најчесто се спроведува

со аукции и управување со приходи. 24

Аукциите се флексибилни и ефикасни пазарни

механизми за одредување на цена за единствени или невообичаени производи, но и з

аопшти премдети. Наспроти аукциите, управувањето со приходите функционира со

ограничен збор на услови а се однесува воглавно на краткотрајни производи, со јасно

дефинирани апзарни сегменти, конкурентни пазари каде условите се менуваат бргу.

Не за секој производ е секоја маркетинг стратегија успешна и соодветна, секој

производ со своите карактеристики, вредности кои ги нуди се ралзикува од останатитеи

кога за еден призвод успешно би било да се нуди бесплатно на пазарот, за друг производ

би било успешно да е понуден во повеќе верзии и сл.Затоа потребна е детална анализа на

сите опции кои им стојат на располагање на компаниите во поглед на избор на маркетинг

стратегии, но пред се креирање на јасно слика за производот кој компанијата го

промовира, како и кои цели би сакале да бидат постигнати со стратегијата.Се со цел она

што компанијата сака да го постигни да биде целосно реалзираносо избранта маркетинг

стратегија и ценовна политика за настап на пазарот.

24

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall, 2009,21

Page 35: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

II ДЕЛ

4. Афилијативен маркетинг

4.1. Дефинирање на афилијативниот маркетинг

Вистинска револуција во економијата предизвика развојот на интернетот, како и

брзото прифаќање на информациските и телекомуникациските технологи. Интернетот

внесе радикални промени во секојдневните активности и работење на човекот, врз кој се

темелат глобализацијата, технолошкитот развој и промените во динамиката и квaлитетот

на економскиот развој воопшто.Се поголемата употреба, како и предности кои ги нуди

развојот на технологијата резултираше и со брзо прифаќање и развој на електронската

трговија во светски рамки.

Промените во основните информациони технологии и непрекинати претприемачки

иновации во бизнисот и маркетингот водат кон нови можности за бизнисите. Компанија

која настојува да оствари одржлива конкурентска предност на пазарот мора да посвети

посебно внимание на развојот на технологијата и на воведувањето на иновации во

работењето.Во Светот без посредство на интернет, препораките се едни од најдобрите

извори на квалификувани насочувачки податоци.

Афилијативниот маркетинг претставува примена на овај маркетинг метод на

интернет, каде една веб страна се согласува да и плати провизија на друга веб страна или

на одреден поединец да напише блог кој ќе упатува на новите бизнис можности на

страната.Афилијативниот маркетинг претставува договор меѓу трговецот, компанија која

произведува и/или продава производи и/или услуги и соственикот на веб страната кој го

промовира производот за што трговецот му плаќа одреден надомест по реализиран

резултат, остварена продажба.25

Филијалата на својата веб страна поставува линк до веб страната на компанијата и

ги охрабрува своите посетители да го поддржат нејзиниот маркетинг партнер. Одредени

25

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall, 2004, Кенет

К.Лаудон, Карол Герсио Травер,2009

Page 36: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

филијали добиваат провизија врз основа на остварена продажба, додека други добиваат

надомест врз основа на бројот на остварени кликнувања или нови регистрирани, или

рамен, фиксен надомест или одредена комбинација од нив.

Слика 2: Процесот на афилијативен маркетинг

(извор: https://www.entrepreneur.com/article/240909 )

Идејата зад афилијативниот марктинг е преку промоција на производи на други

трговци или производители на своја веб страна да се оствари добивка, провизија од

реализирана продажба.При промоција на производ, каде се јавува афилијативниот

партнет кој е производител, со цел зголемување на продажба, на афилијативните

партнери им нуди финансиски поттик, односно договорена провизија. Од другата

страна, афилијативниот партнер кој не произведува производ, промовира производи

на други партнери но само оние производи за кои смета дека имаат одредена вредност

а со тоа и заработуваат провизија од реалзирана продажба.

Афилијативниот маркетинг е процес на заработка на провизија преку промоција

на производи на други производители. Со пронаоѓање на производ кој им се допаѓа на

Page 37: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

огласувачите, при промоција на потенцијалната публика се заработува дел од

остварениот профит од реазлираната продажба на тој производ.26

Афилијативниот маркетинг е вид на маркетинг кој се базира на резултати27

(performance-based) каде бизнисот ги наградува афилијативните врски, филијали за секој

посетител или клиент кој ќе биде донесен. Индустријата се состои од четири основни

играчи:

трговец (исто така познат како "продавач" или "бренд"), лицето заинтересирано за

отпочнување на маркетинг активностите кое нуди произовд или услуга за

продажба,

мрежа (која содржи понуди за поврзување, афилијативен маркетинг и, исто така, се

грижи за плаќањето),

издавачот, огласувач (исто така познат како филијалата ),лицето кое ги поврзува

трговците со потенцијаните клиенти, односно клиентите ги насочува кон страните

на трговците и

клиентите, потрошувачите.

Слика 3: Учесници во афилијативниот маркетинг

(извор: http://www.cj.com/what-is-affiliate-marketing )

Кога на афилијативниот маркетинг се гледа од аспект само на маркетинг

активностите кои се превземаат за промоција на одреден производ или услуга, се

гледа на две страни вклучени во процесот на креирање и спроведување на маркетинг

26

http://neilpatel.com/what-is-affiliate-marketing/ 27 Prussakov, Evgenii (2007). "A Practical Guide to Affiliate Marketing" (pp.16-17), 2007

Page 38: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

активностите, тоа се производителот или креаторот на производот кој се промовира,

продавачот и купувачот. Од овај аспект, афилијативниот маркетинг може да се

дефинира како процес на ширење на креираниот производ и маркетингот за тој

производ меѓу различни страни, каде секоја страна добива процент од остварениот

профит, согласно нивното учество во тој процес.

Трговец: се однесува на креатор на производ, продавач на производот, бренд.

Ова е страната која се однесува на производителот на производот, тоа може да е

голема компанија, но и индивидуалец. Секој може да биде трговец кој учествува во

процесот на афилијативниот маркетинг, дури и нивното учество не мора активно да е

нагласено, значајно е да имаат производ кој се продава.

Афилијативен партнер, промотор: оваа страна во процесот на афилијативен

маркетинг се однесува на огласувачот, објавувачот на афилијативниот маркетинг. Ова

може да се однесува од индивидуалци кои се заинтересирани за остварување на

профит до големи компании кои се јавуваат во улога афилиајтивни партнери.

Промоторите прават грешки во процесот на афилијативниот маркетинг, како:28

Продажба наспроти помагање- Фокусот во спроведувањето на афилијативниот

маркетинг не е на продажба (тоа е работа за на страната за продажба кон која се

реферираат, пренасочуваат заинтересираните клиенти), туку пред се помош на

потенцијалните клиенти. Повеќете огласувачи грешат во тоа што се насочуваат кон

продажбата и го пропуштаат главниот дел, односно помагање на заинтересираните

клиенти и понатамошно насочување кон реалзиација.

Премногу различни производи се промовираат-Огласувачите често прават грешка

со нивна промоција на премногу производи, кои се ралзични и не се комплементарни

меѓу себе. Со тоа заинтересираните клинети се збунуваат.

Исто така, промозцијата на повеќе различни производи и за самите огласувачи е

збунувачка не постои можност за целосно да се фокусираат кон секој производ.

Афилијативната мрежа треба да се избере внимателно, не со вклучување на

премногу производи, туку на вистинските.

28

http://marketingland.com/7-big-mistakes-new-affiliate-marketers-make-19195

Page 39: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Не се тестираат производите кои се промовираат - При промоција на производ,

објавувачот потребно е да го тестира, бидејќи само на тој начин ќе може да го

претстави производот при потенцијалните клиенти.

Повеќето објавувачи, пред да промовираат производ, се ставаат во улога на

потрошувачите и тестираат каков е процесот на продажба на тој производ.

Нема следење - Потребно е собирање на податоци за реазализрани продажби со

цел да се криеира една база на клиенти, која би била корисна понатаму за

огласувачот. Примената на специјализиран софтвер за следење и собирање на

информации за потенцијални клиенти и оние кои реалзирале продажба е од

огромно значење.

Нема споредба - Добар пристап при огласување на производи е преку споредба на

еден или повеќе прозиводи со онај кој се промовира. Често при купување клиентите

прават споредба меѓу неколку производи, со оваа опција би им помогнале на

заинтересираните клиенти да изберат најдобар од понудените.

Со афилијативниот маркетинг, афилијативниот партнер промовира еден или

повеќе производи со кои се обидува да привлече и убеди потенцијални потрошувачи

за вредноста која трговецот ја нуди, со цел успешна реализација на продажба.Ова

често го постигнуваат преку креирање и одржување на блог со споделување на

препораки за производите кои ги промовира. Исто така може да се креира и веб страна

посветена на одредени производи кои се промовираат.

Потрошувач: потрошувачите или клиентите го раздвижуваат афилијативниот

систем, односно без реалзаиција на продажба нема провизија за огласувачите, ни

профит за поделба.

Огласувачот се обидува да стигне до интересот на потрошувачите преку било

кој канал на дистриибуција, било да е социјална мрежа, дигитални билборди или

преку блогови.

Дали промоцијата е преку афилијативен маркетинг или не, зависи од самиот

огласувач дали ќе назначи или не во објавата.Повеќето огласувачи се стремат да бидат

потранспарентни во своето работење, со тоа и означуваат дека спроведуваат

афилијативен маркетинг со кој остваруваат одреден процент на провизија, а некои не

означуваат.Тие само дозволуваат во позадина да функционира системот за следење,

Page 40: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

каде потрошувачите ги следат чекорите во процесот на продажба, а потоа објавувачот

заработува провизија.

Мрежа: мрежата претставува посредник меѓу трговецот, производителот и

афилијативниот партнет, огласувачот. Со учеството на мрежата преку која се

спроведува процесот на плаќање и достава на производот се става посериозен акцент

на целокупниот процес на афилијативен маркетинг. Како на пример, при промоција на

производи како книги, играчки, производи за домакинство најголема мрежа е амазон,

која преку прогарамата Amazon Associates промовира било каков производ на својата

платформа. Секој трговец може да се обрати и да продава свои производи преку

мрежата.

Слика 4: Амазон афилијативен маркетинг

Во основа, во афилијативниот маркетинг учествуваат две страни, трговец и

објавувач.

Трговецот има свој производ кој го промовираат други огласувачи за надомест

од реализирана продажба.

Огласувач, кој промовира еден или повеќе производи со цел заработка по

реазлирана продажба.

Page 41: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Со афилијативниот маркетинг често трговците сакаат да креираат свеснот за својот

бренд, или за нов производ во постоечката линија на производи преку филијата,

огласувачот.Се избираат огласувачи кои се познати, кон кои клиентите имаат доверба и

зад кои стои успешно портфолио на работа, бидејќи првиот впечаток за производот или

услугата што се промовира преку афилијативна врска се стекнува токму од филијалата.Но

исто така покрај креирање свесност за бренд или производ може да се корисити

афилијативниот маркетинг и за зголемување на продажбата и пазарните сегменти и во овај

случај треба добро да се избири кој ќе се избери за афилијативен парнер.

Со зголемувањето на пазарот во поглед на неговата комплексност, се појави и

средно нивно на играчи, вклучувајќи агенции за афилијативен маркетинг, супер-

афилијативни врски и специјализирани трети лица -продавачи.Тоа се ангенции

специјализирани во својата работа за воспоставувавње и креирање на афилијативни врски

меѓу трговци и клиенти.

Афилијативниот маркетинг може да биде поистоветен и со другите интернет

маркетинг методи, до одреден степен, бидејќи се случува често афилијативнините

партнери да користат и други видови на интернет маркетинг. Овие методи вклучуваат

оптимизација на пребарувачите на сајтови (SEO), платен маркетинг на интернет

пребарувачите (ППЦ - плаќаат за клик), e-mail маркетинг, маркетинг содржина, и сл. Од

друга страна, афилијативниот маркетинг понекогаш користи помалку традиционални

техники, како што се објавување на корисничко мислења за производите или услуги

понудени од страна на партнерот.

Афилијативниот маркетингот најчесто се поистоветува со насочувачкиот

маркетинг(referral marketing), бидејќи и двете форми на маркетинг користат трети страни

за поттик на продажбата кај трговецот.Но сепак станува збор за различни форми, бидејќи

меѓу нив постои разлика во тоа што афилијативниот маркетинг се однесува само на

финанскиски мотиватори кои водат кон криеирање на продажба додека насочувачкиот

макркетинг се однесува преку доверба и лични контакти кон поттикнување на продажба.

Афилијативнот маркетинг често се занемаруват од страна на огласувачите, тие

повеќе внимание им посветуваат на маркетинг на пребарувачите, e-mail и сл. Но и покрај

Page 42: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

тоа афилијативниот маркетинг завзема значајна улога во маркетинг стратегии е-трговците

на мало.29

4.2. Предности и недостатоци на афилијативниот маркетинг

Придобивките кои ги нуди афилијативниот маркетинг преку договор на

огласувачот и филијативниот парнер во интернет огласувањето нуди низа предности, како

можност за таргетирање, следење, доставување и флексибилност и интеракција.30

Клучна

придобивка на афилијативниот маркетинг е што се плаќа по остварување, соработниците

филијалите обезбедуваат квалификувани насочувачки податоци за продажбата во замена

за претходно договорени компензации.Друга предност е постоењето на воспоставена база

на корисници која уредувачот на пазарот може моментално да пристапи преку

соработникот. За соработниците тоа е постојан приход кој може да произлезе од тие

врски. Присуството на лого или бренд од друга компанија може да придонесе за престиж

и кредибилитет.

Можноста за таргетирање во онлајн маркетингот е неспоредлива со можноста за

таргетирање во офлајн маркетингот воопшто, бидејќи постои таргетирање по јазик,

географска локација, време од денот кога ќе се појавува рекламата, платформа на која ќе

се појавува, по пребарување на клучни зборови од страна на корисникот, според

контекстот и насловот на другите пртходно отворени веб страни.

Утврдувањето на ефектите од афилијативниот маркетинг е лесно и прецизно

бидејќи постои можност за увид во колку пати се појавила рекламата, колку пати е

кликнато на неа, како и колку е остварена продажба преку таа реклама.Тоа претставува

лесен начин преку појавата на софтверски пакети кои се занимаваат со аналитика како

google analytics.

29

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall, 2004, Кенет

К.Лаудон, Карол Герсио Травер,2009 30

http://www.forbes.com/2005/11/08/marketing-ecommerce-internet-cx_tt_1109straightup.html

Page 43: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Флексибилноста на афилијативниот маркетинг најдобро може да се согледа преку

можноста за директно следење на резултатите од спроведената кампања и доколку не се

задоволителни резултатите можност веднаш да биде променета кампањата.

Интерактивноста на афилијативниот макретинг се согледува во можноста за

интеракција на потенцијалниот купувач со производот.Можностите кои ги нуди

интернетот можат полсено и побрзо да го убедат купувачот да ја донесе конечната одлука

за купување поради достапноста на голем број информации, слики, коментари и сл.

И покрај преднотите кои ги нуди афилијатвниот маркетинг, сепак постојат и

одредени ограничувања и недостатоци на истиот, како т.н banner blindness, неадекватни

модели на поставување на цени, зголемување на цените.

Така наречениот феномен banner blindness31

се однесува на игнорирње на банерите

од страна на корисниците поради се поголемиот број на банери кои многу често се

појавуваат на екранот на корисникот. Автоматски несвесно голем дел од корисниците на

Интернет ги затвораат банерите или воопшто не им обрнуваат внимание.Според податоци

на ComScore во период од еден месец типичен интернет корисник се сретнува со 1707

банер реклами.32

А стапката на кликнувања според DoubleClick е 1%, процентот на луѓе

кои се изложени на интернет рекламата коишто кликнуваат на рекламата.

Неадекватните модела на поставувње на цени се однесуваат на тоа што наплатата

се прави по бројот на импресии на една онлајн реклама а не по реализирана

продажба.Бројот на импресии, појавувања на банер рекламата не е показател за

успешноста на една онлајн кампања, бидејќи банерот може да се појавува постојано но да

не се остварува успешна реализација од истиот, односно продажба.

Исто така премногу линкови кои не се релевантни за примарниот фокус на

компанијата можат да доведат до конфузија за брендот.Често се случува префрлување од

посакувана страна онаа која се рекламира на некоја друга неповрзана страна, со што кај

корисникот се појавува чувство на конфузија но и недоверба дека прикажаната банер

реклама е веродостојна, како и губење на кредибилитетот на компанијата која применува

таков конфузен пристап за промоција и рекламирање на своите производи, услуги.

31

Benway, J. P., Lane, D. M., "Banner Blindness: Web Searchers Often Miss 'Obvious' Links", 1998, Internet Technical Group,

Rice University 32

http://relevance.com/alarming-facts-cmos-should-know-about-banner-ads/

Page 44: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Недостаток претставува и измама со кликнувања кога конкурентите измамнички

кликнуваат на рекламите на конкурентие за да ги зголемат нивните трошоци за маркетинг

или издавач на веб просторот измамнички кликнува на рекламите поставени на други

страни за да ги зголеми приходите.Тоа најчесто се прави со помош на програми за

кликнување кои автоматски кликаат на реклами од стотици различни ИП адреси.33

И покрај недостатоците, сепак мора да се напоменат низата предности кои ги носи

со себе афилијативниот маркетинг.Можноста да се биде рекламиран во интернет

просторот преку афилијативна врска не треба да биде игнорирана.

Генерирање на приход, преку споделување, препорачување и промоција на

производи или услуги од други компании.Со други зборови преку помош на друга

компанија да генерира продажба, остварува добивка и промоторот.

Она што афилијативниот маркетинг го прави широко прифатен е што не е потребно

креирање на нов производ за сотварување на профит, туку едноставно преку генерирање

на посетители на страната со кликнување на поставен линк.

Правила за спроведување на успешен афилијативен маркетинг:34

1. Да се биде целосно убеден во вашата препорака, односно понуда- доколку е

возможно, најдобро би било претходно производот да биде пробан, тестиран од

страна на афилијативниот партнер како на најдобар можен начин би го претставил.

Афилијатиниот партнер во овај случај би промовирал производ кој веќе користи и

на кој вистински му верува. На тој начин сите детали околу употребата на

производот веднаш ќе може да ги истакни и сподели, како и да дава дополнителни

препораки и совети.

2. Да се биде искрен и отворен со потенцијалните клинети со кои се споделува линкот

до прозиводот/услугата- публиката на интернет потребно е да биде запознаена со

фактот дека доколку се реазлира продажбата од нивна страна, афилијативниот

партнер ќе добие одреден надомест. Според законските правила во САД ова мора

да биде напоменето, но и во другите земји овај дел има позитивен ефект.Бидејќи со

јавнто искажување дека се работи за заработка на провизија, потенцијалните

заинтересирани клиенти ќе гледаат во афилијативниот партнер како искрен и дури

33

http://www.benchmarkemail.com/blogs/detail/pros-and-cons-of-affiliate-marketing 34

Pat Flynn ,Affiliate marketing the smart way, second edition,2016

Page 45: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

и би пристапиле кон реазлиација на продажба преку негови препорачани линкови

само за да возвратат подеднакво, односно задоволни од вредноста која

афилијативниот партнер им ја обезбедил и тие сакаат да му вратат со соодветна

вредност, реалзиација на продажба.

3. Верување во производот кој се промовира како да е сопствен- презентација на

производот преку отворање на производот и приказ на внатрешноста на кутијата

(вклучително фотографии за сликовит приказ). Луѓето сакаат да видат што ќе купат

пред да реализираат продажба. Добро е да им биде понудено одговори на сите

прашања поврзани со производот и неговите карактеристики, како и помош

доколку им е потребна. Доколку компанијата е убедлива и сигурна во промоцијата

и тоа би им помогнало на заинтересираните клиенти во донесувањето на одлуката

за разлиација на продажба. Потребно е само споделување на повеќе линкови на

ралзични блогови и портали за постигнување на резултати, бидејќи само

споделување на едно место, една страница не е доволно во интернет просторот.

4. Утврдувње на успешна препорака- преку утврдување на производот кој

компанијата го промовира и приказ на постигнати задоволителни резултати во

реазлзација на продажба. Со тоа компанијата би била сигурна во она што го нуди,

но и претходните резултатите би ги поддржале аргументите на компанијата.

5. Креирање ресурсна страница-ресурсната страница нуди придобивки за секого,

бидејќи на таа страница содржани се сите понуди кои ги има афилијативниот

партнер. Со ова на заинтересираните корисници на едно место им се достапни сите

производи кои афилијативниот партнер ги промовира, додека за афилијативниот

партнер тоа претставува понуда на одредена вредност на потенцијални клиенти а

со тоа и генерирање на профит преку реализација на продажба, што е и крајна цел

за афилијативниот партнер.

6. Три корисни алатки за афилијативен маркетинг претставуваат:

Pretty link со овај додаток може да се направат понудените линкови од

афилијативниот маркетинг да изгледаат поубаво, поопривлечно, лесни за

паметење и понатамошно споделување.Со оваа алатка исто така може

постојано да се проверува статистика за бројот на кликови на линковите

Page 46: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

кои ги промовира компанијата, како и постојано ажурирање на

линковите на брз и едноставен начин.

Screenflow(за Mac) или camtasia studios (за ПЦ) со овие алатки може да

се прават фотографии за моментална сосотојба на линковите кои се

промовираат кои би биле корисни за претставување на одредени

прозиводи и услуги пред заинтерсираната публика. На овај начин до

публика се преставуваат прозиводите поблиску, прикажувајќи им што би

добиле доколку се одлучат за реазлиација на продажба и тоа сликовито

можат да го видат.

Genu.us links-оваа алатка е корисна доколку се спроведува

афилијативниот маркетинг преку Amazon Associates програма. Со оваа

алатка се следи сообраќајот, се запишуваат кликовите од сите страни на

светот, едноставно се води статистика на кликнувањата.

7. Споделување на афилијативните ликови-постојано споделување на препораките е

потребно но тоа да се псотигниува на различни начини. Бидејќи потенцијални

клиенти може да се пронајдат на различни начини и места, затоа потребно е

почесто споделување на линковите, бидејќи не се знае како и кога

заинтересираниот клиент ќе дојди до линкот.

8. Понда на одредени бонуси на потенцијалните клиенти -заедно со препораките кои

им се нудат добро би било и да се понуди одреден бонус за кликнување на

линковите кои се споделуваат и прмовираат од страна на компнијата. Најдобро би

било бонусите кои ги нуди компанијата да соодветсвуваат со прозиводите кои се на

промоција, но не е задолжително.

Како можности за понуда на бонус може да се споменат следните:

Брзи и едноставни прирачници за употреба,

Чеклисти,

Видеа кои објаснуваат како да се користи производот (зависно од

видот на производот, колку е потежок за користење толку ова видео

би било покорисно за клиентот),

Дополнителни додатоци или делови за производот,

Други намени за производот или варијанти.

Page 47: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Но овај вид на стратегија добро треба да биде анализиран, бидејќи не сакаат сите

компании покрај промоцијата која се спроведува со афилијтивниот маркетинг да се нудат

и бонуси при промовирање на нивни производи.

9. Изградување врски со производителот на производот кој се промовира- при

промоција на производ на одредена компанија, афилијативните партнери потребно

е да комуницираат и соработуваат меѓусебно, со тек на време и да изградат врска

на соработка од која и двата би имале бенефиции.

На овај начин со изградбата на врската, би можело афилијативниот партнер многу

подобро да го запознае производот кој го промовира, негови карактеристики,

специфичности, бидејќи производот најдобро го знае самиот производител. На тој начин

може да се креира едно добро искуство за клиенти, преку понуда и на персонализација на

производот но и други опции.

Со тоа афилијативниот парнер ја зацврстува врската со прозиводителот, а и постои

можност за зголемување на провизијата која ќе ја оствари.

10. Добро да се аналзира видот на производите кои ќе се промовираат со афилијативен

маркетинг, секој производ може да се промовира со афилијативен маркетинг, но

резултатите не се исти за секој вид на производ. Како производи кои се истакнуваат

по постигнување на добри резултати од афилијативен маркетинг (висок степен на

реализација на продажба) се истакнуваат: онлајн курсеви, книги, производи кои се

наоѓаат во физички трговски продавници, софтверски производи, мобилни

апликации, музика, услуги, тренирање и сл.

Можностите за спроведување на успешен афилијативен маркетинг се многу големи, но се

додека се промовираат производи кои им се потребни и им помагаат на луѓето. Како расти

бизнисот, се повеќе привлекува внимание, и стекнува доверба кај клинетите, на тој начин

препораките и промоциите уште повеќе би биле успешни креирајќи и за двете страни

вредност.

Page 48: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

4.3. Креирање на стратегии за афилијативен маркетинг

Начинот како ќе биде застапен афилијативниот маркетинг во работењето на една

компанија зависи од повеќе фактори. При изборот потребно е да се направо детална

анализа со цел избор нанајсоодветен модел на плаќање со афилијативен маркетинг.

Моделите на плаќање може да се поделат на:

Плаќање по продажба (pay per sale)

Плаќање по акција (pay per lead)

Плаќање по клик (pay per click)

Плаќање по нов потрошувач (pay per customer acquisition).

Плаќање по продажба се однесува на плаќање надомест само по остварена,

реализирана продажба. Без разлика дали еден потенцијален потрошувач се заинтересирал,

кликнал на рекламата, разгледувал, барал информации и сл. ако не биде реализирана

продажба нема да биде платен надомест. Надоместот може да биде фиксно утврден по

број на кликнувања на линкот или како процент од остварена продажба, тоа се прави со

договор меѓу посредникот и трговецот.

Најпозната афилијативна мрежа која се базира на принципот плаќање по продажба

е Amazon associates, каде било кој може да се приклучи и да ги рекламира произовдите на

Amazon. Надоместот е фиксно утврден по категорија на производи, за секоја категорија

процентот на надоемст по остварена продажба е различен пр.електронски производи 4%,

делови за компјутери 2,5%, индустриски производи 8% и сл. Исто така постои фиксно

утврден процент на надомест по остварена количина на продажба во еден месец, пр. 1-6

продадени производи 4%, 631-1570 е 8% за над 3100 продадени производи во текот на

еден месец надоместот е 8,5%.35

35

https://affiliate-program.amazon.com/help/operating/advertisingfees

Page 49: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика 6: Почетната страна на Amazon associates

(извор: https://affiliate-program.amazon.com/)

Плаќање по акција се однесува на фиксно утврден износ на надомест по акција.

Соработникот добива надомест по различен основ договорен меѓу трговецот и

соработникот, тоа може да се однесува по зачленување на нов член, учество во анкета,

спуштање на промотивен софтвер и сл при што најчесто таа акција не вклучува плаќање

од страна на купувачот затоа и надоместот е фиксен.

Плаќање по клик е начин на афилијативен маркетинг каде се утврдува плаќање на

анадомест на соработникот по донесен потрошувач на страната само преку кликнување.

Односно соработникот е награден по остварен клик од потенцијални потрошувачи, без

разлика дали е реализирана продажба. Овај модел е наједноставен за имплементација и за

трговецот и за соработникот, но износот на надоместот е многу низок бидејќи бројот на

кликови може да биде многу голем. Но со овај модел трговците можи да се соочат со

голем број на измами, во поглед на бројот на кликнувања каде постои можност од

злоупотреба за што потребна е дополнителна опрема за заштита од хакерски напади.

Page 50: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Плаќање по потрошувач е модел прифатлив за тровци кои се занимаваат со оналјн

продажба и имаат голем асортиман на производи.Но погоден е и за оние трговци чиј

циклус на продажба е подолг и не би можело целосно следење на активностите кои ги

превземаат потрошувачите.Се плаќа фиксен надомест за потрошувач кој купил барем еден

производ или услуга, без разлика на вредноста на трансакцијата, но под услов истиот

потрошувач да е нов, претходно да нема купувано кај трговецот.

Која и да биде избрана стратегија треба да одговара и за огласувачот и за трговецот

и афилијативната мрежа.Треба да се внимава кон целно насочување на потенцијалните

клиенти, да не се става акцент само на зголемување на бројот на потенцијални клиенти

кои само би кликнале на линкот. За секоја производ постои ралзична стратегија како да

биде промовиран бидејќи со секоја превземена маркетинг активност се постигнуваат

различни цели.

4.4. Афилијативни мрежи

Афилијативната мрежа е еден од најдобрите начини на заработка преку интернет.

Овој тип на интернет маркетинг стана многу популарен и неговата популарност расте

правопропорционално со растот на електронската трговија во светот. Афилијативниот

маркетинг е добар начин за заработка на пари доколку сте сопственик на веб сајт или

имате интернет продавница.

Трговецот е сопственикот на интернет продавница која за свои производи му

доделува процент за направена нарачка која потекнува од посета од веб сајтот на

афилијативниот промотор. Афилијативниот промотор(сопственик на веб сајт/блог/портал)

за зададениот процент на секој можен начин го промовира и продава производот на

трговецот поставен во афилијативната мрежа. Значајно за афилијативниот промотор е да

има таргетирани читатели за да има продажба. Афилијативната мрежа носи таргетирани

купувачи спрема интернет продавницата на трговецот а афилијативниот промотер за

возврат добива процент од самата онлајн нарачка.

Page 51: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Потенцијалниот купувач кој го посетил веб сајтот и е пренасочен од веб-страната

на афилијативниот партнер кон интернет продавницата на трговецот и притоа тој извршил

акција (нарачка на производ), афилијативниот промотер добива одреден процент(кој го

одредува трговецот) од трговецот за извршената продажба. На следната слика визуелно е

објаснет афилијативниот модел.

Слика 7:Процесот на афилијативен маркетинг

Кога ќе се изврши нарачката, доделената провизија која ја одредил трговецот на

производот се трансферира на сметката на партнерот како награда за пренасочениот

купувач. На овој начин задоволни се сите три особи бидејќи сите го добиваат она што го

посакуваат:

Трговецот има зголемена продажба на неговите производи

Афилијативниот партнер добива процент (комисија) за секоја продажба преку

неговиот сајт (линк)

Page 52: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Купувачот го добива посакуваниот купен продукт.

Трговски центар го пушти во употреба афилијативниот систем со цел да се зголеми

интернет заработката на трговците и сопствениците на вебсајт.

Афилијативната мрежа е добар канал за заработка бидејќи ја гледате аналитиката

на Google Analitics, Analog, StatCounter на вашите посетители и знаете како да ги

таргетирате вашите читатели. Друга причина поради која афилиејт маркетингот е одличен

начин на заработка е тоа што продажби може да очекувате 24/7, бидејќи целиот процес се

одвива онлајн.

Покрај можноста за креирање на афилијативен маркетинг помеѓу две компании

каде едната ја рекламира другата, постои можност и за вклучување на трета

страна.Односно креирање на афилијативни мрежи каде трета страна посредува меѓу

трговецот .Физичко или правно лице кое поседува веб сајт/портал и ги продава

производите кои се наоѓаат во блокот на афилијативната програма.

Купувачот кој ја посетил веб странатана трговецот а е пренасочен од веб-страната

на афилијативниот партнер кон интернет продавницата на трговецот и притоа тој извршил

акција (нарачка на производ), афилијативниот промотер добива одреден процент(кој го

одредува трговецот) од трговецот за извршената продажба.Провизијата ја одредуваат

трговците за нивните производи. Секој трговец има можност да внесе афилијативна

провизија за неговите производи. Откако ќе се внесе провизија за одреден производ, во

истиот момент тој станува активен во афилијативниот систем и афилијативните партнери

може да го промовираат. Афилијативниот партнер добива провизија согласно со

одредбите на трговецот за неговите производи, за секоја продажба на производ преку линк

на неговиот медиум. Постојат два вида на трансакциска провизија: цела и половична.

Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот со производи и притоа го купи

истиот тој производ, афилијативниот партнер добива цела провизија. Ова е случај на

директна нарачка. Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот а потоа нарача

друг продукт од Трговецот, афилијативниот партнер добива половина од провизијата.Ова

е случај на индиректна нарачка.Доколку купувачот го кликне на ист производ од повеќе

веб портали/веб сајтови и го купи провизијата ќе му се исплати на првиот веб сајт од каде

што стигнал купувачот до производот.

Page 53: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Една од првите on-line продавници која што започна со ширење на мрежа од

афилијативни партнери е Amazon.com која што воедно голем дел на својот успех го должи на

илјадници партнери ширум светот кои што пак од друга страна добија можност да остварат исто

така големи заработки. Денес постојат милиони продавачи кои што ги нудат своите производи и

преку афилијативни партнери и нивниот број континуирано расте со што се збогатува и

асортиманот на производи. Провизијата која што Амазон ја исплатува е 5% и е релативно ниска во

однос на некои нови играчи кои што со цел да ги побијат своите производи нудат многу подобри

услови.

Во прилог е и табела на топ 10 афилијативни мрежи за 2015 година според mThink:36

1. Rakuten Linkshare

linkshare.com

2. CJ by Conversant

cj.com

3. Amazon

affiliate-program.amazon.com

4. Avangate

avangate.com

5. ebay Partner Newtork

ebaypartnernetwork.com

6. ClickBank

clickbank.com

7. ShareASale

shareasale.com

8. FlexOffers

flexoffers.com

9. Revenue Wire

revenuewire.com

36

http://mthink.com/top-20-affiliate-networks-2015/

Page 54: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

10. AvantLink

avantlink.com

Rakuten Affiliate Network37

се стреми кон градење на долгорочни врски и партнерства

со оние кои рекламираат и оние кои објануваат. advertisers and publishers.Она по кое се

издвојува е технологијата, односно можноста за следење на податоците, плаќањето и

лесно креирање на извештаи. Она со што се одликува оваа мрежа е:

транспарентност, преку креирње автонимоја на секој бренд со кого работат и

нагласување на важноста за запознавање на идните партнери пред да се стапи

контакт со нив.,

квалитет, нудат совршен спој на ексклузивност и голем избор на анализи и

поврзувања

технологија, посветеност на константно надоградување и инвестирање во нова

опрема и технологија, како и примена на е-бизнис експертиза.

Слика 8 – начин на поврзување на афилијативните мрежи38

37

http://marketing.rakuten.com/affiliate-marketing 38

http://marketing.rakuten.co.uk/display

Page 55: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Преку афилијативната мрежа корисниците можат да се стекнат со следните користи:

Голем избор на различни програми на афилијативен маркетинг на едно место-

можност да избира корисникот од голем број на афилијативни програми за

маркетинг со што не мора да се зачленува за секоја афилијативна програма во

посебна мрежа, туку сите афилијативни програми кои смета дека му се потребни

корисникот можи да ги избере во рамките на една афилијативна мрежа.

Статистика/резулатите се следат на едно место за сите програми во кои учествува

корисникот во афилијативната мрежа

Доверба, учеството нa трета страна ја зголемува довербата, посебно ако се

напомене фактот дека успехот на трговецот и третата страна влијаат врз успехот на

афилијативниот маркетинг на корисникот.

Гарантирана исплата на заработените пари со секоја извршена трансакција ќе биде

и платена

Консолидирана заработувачка.

Page 56: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

III дел

5.Користење на афилијативниот маркетинг

5.1 Агенции за афилијативен маркетинг

Во текот на своето работење компаниите пред себе поставуваат различни цели. Преку

креирањето на соодветна маркетинг стратегија за употреба на афилијативен маркетинг во

работењето преку агенции, компаниите утврдуваат неколку свои клучни индикатори кон

кои се стремат, а тоа се:39

Враќање на потрошени средства за реклама (ROAS),

Сообраќај во однос на остварен профит,

Стапка на конверзија на посетители во потрошувачи,

Микс на афилијативен маркетиг во каналите на маркетинг,

Просечна големина на нарачка,

Нови и стари потрошувачи,

Откривање на нови афилијативни партнери,

Креирање свесност за брендот со афилијативниот маркетинг.

39

https://www.affiliatetraction.com/services/

Page 57: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика 9: Цели на агенциите за афилијативен маркетинг

(Извор: https://www.affiliatetraction.com/services/)

По поставувањето на целите кои компанијата сака да ги постигни во своето

работење преку примената на афилијативниот маркетинг, се пристапува кон изработка на

соодветна стратегија како тие цели би биле реализирани. Ова се прави со посредство на

агенција за афилијативен маркетинг која креира единствена и уникатна стратегија за

секоја компанија како би биле соодветно реализирани поставените цели. Агенциите во

оваа насока се стремат пред се кон зголемување на сообраќајот на страната на компанијата

за да постои конверзија на потрошувачи од само посетители во реализатори на купување,

постигнување на соодветен импакт, впечаток врз посетителите, транспарентно работење

преку месечни извештаи, соработка и споделување на целите кои сака компанијата да ги

реализирапреку креирање на долгорочни партнерства и поврзување на сите цели на

компанијата во една целина за нивна реазлизација.40

Тоа се постигнува преку креирање на

онлајн партнерства за стекнување нови и задржување на постојани посетители на страната

со цел креирање и создавање на аналитички податоци за подетален увид на компанијата

во успехот на онлајн маркетинг стратегијата како и други услуги поврзани со

афилијативниот маркетинг.

40

http://www.silverbean.com/affiliate/

Page 58: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Агенција за афилијативен маркетинг, affiliatetraction е специјализирана во

создавање, менаџирање и раст на каналите на афилијативниот маркетинг.Таа претставува

специјализирана и високо концентрирана агенција за афилијативен маркетинг во светски

рамки, со свои седишта во Велика Британија, САД, Канада и Австралија опслужувајќи и

соработувајќи со топ интернет трговци и познати глобални брендови.Она што на

трговците како агенција им го нуди е можност за плаќање само при рњализирана

продажба, бесплана реклама за компаниите, насочена е кон креирање на потрошувачи кои

се конвертираат во купувачи, креирање на цели за компанијата како и друга додадена

вредност согласно договорот со компанија која ги користи нивните услуги.41

5.2. Податоци за вложување во афилијативниот маркетинг

Комапнијата кој сака подобро да ги таргетира и подобро да го разбере целиот

процес на конверзија на потенцијалните посетители треба да го стави во фокус на своето

работење афилијативниот маркетинг со чија помош ќе може вистински да ги таргетира

своите корисници со производи и услуги кои се во ист интерес како и страните кои овие

корисници ги посетуваат.

Според истражување направено од страна на Forrester Research42

, вложувањата кои

се прават во афилијативниот маркетинг од година во година растат, според податоците во

2007 биле вложени 1.657 милиони долари, а во 2014 дури 4,012 милиони што укажува на

се поголемата примена на афилијативниот марктинг.

Ефектите од примената на афилијативниот маркетинг исто така покажуваат пораст

и тоа: во 2005 година во САД афилијативниот маркетинг учествува со 20% или 53

билиони долари во вкупно остварените приходи преку е-трговија.

Во светски рамки, во 2006 година биле платени за надоместоци 6,5 билиони

долари.

41

https://www.affiliatetraction.com/services/ 42

http://www.amnavigator.com/blog/2012/02/21/size-of-affiliate-marketing-industry-worldwide/

Page 59: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика 10:Вложувања во афилијативен маркетинг во САД 2007-2014 година

Економијата во Велика Британија се смета дека најмногу ги применува

продобивките од интернет воопшто, вклучително и интернет маркетингот. Секторот на

афилијативниот маркетинг се проценува на околу 4 милијарди фунти со голем потенцијал

за понатамошен развој и вложување.Според податок на tradedoubler43

70% од корисниците

на паметни телефони во Велика Британија ги користат за пребарување на производи преку

афилијативни врски, а дури 30% тоа го прават на неделно ниво.

Афилијативниот маркетинг се однесува за различни индустрии, производи и

услуги. Неговата успешна примена зависи од повеќе фактори кои треба да бидат добро

разгледани и анализирани пред да се пристапи кон примена на афилијатинвиот маркетинг.

Бидејќи некои фактори кои влијаат добро и допринесуваат за поуспешен афилијативен

маркетинг за една индустрија, производ или услуга за друг производ можи да не се

соодветни или воопшто да не се однесуваат позитивно. Позитивниот ефект кој го има

примената на афилијативниот маркетинг во индустријата за патување можи да се прикажи

преку следните податоци:44

43

http://www.tradedoubler.com/uk-en/insight-resources/mobile-research/ 44

http://www.amnavigator.com/blog/2012/03/22/uk-affiliate-marketing-in-2012-travel-vertical-report/

Page 60: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Во Англија во 2012 година за надомест од афилијативен маркетинг во индустријата

за патување вкупно биле платени 75000 фунти, а остварениот приход изнесувал

2500000 фунти вкупно.

Каналите на афилијативниот маркетинг учествувале со вкупно 30% од вкупниот

онлајн маркетинг во Англија во остварениот приход.

Порастот и успешноста на афилијативниот маркетинг креираат и нови предизвици за

подобрување понатаму во работењето. Во Англија утврдени се следните предизвици кои

треба да бидат земени во предвид понатаму:

Вложување во истражување и имплементација на нова опрема која ќе создава

добра конкурентска предност,

Креирање соодветен однос меѓу трошоците за вложување и остварените приходи

Контрола на брендовите

Анализа на надоместоците на парнерите и сл.

Друго.

Слика 11: Најважни области за развој, подобрување и надоградување во афилијативниот

маркетинг

(извор: A practical Guide to Affiliate Marketing, Evgeni Geno Prussakov, 2007 )

Page 61: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

5.3. Афилијативниот маркетинг во развиените држави

Преку афилијација може да се понудат голем број на разновидни производи и

услуги или со други зборови буквално се што се нуди на интернет може да се понуди и

преку афилијација. Меѓу актуелните дејности за афилијација ќе споменеме: облека,

канцелариски материјали, мебел, спортските обложувања, туристичките услуги, софтвер,

online едукација, диети, храна и пијалаци, осигурувања, медикаменти и многу други.

Провизијата за остварената продажба се движи од 1% па до 50% зависно од видот и

вредноста на производот како и од продавачот. Афилијацијата функционира на принцип

на линкови кои водат до веб страната на продавачот при што електронски се следи преку

кој посредник пристигнал купувачот.Со повисоко ниво на познавања

во веб програмирањето може да постигне понудата на продавачот да биде интегрирана и

во веб страната на посредникот т.е. препродавачот.

Една од првите on-line продавници која што започна со ширење на мрежа од

афилијативни партнери е amazon.com која што воедно голем дел на својот успех го должи

на илјадници партнери ширум светот кои што пак од друга страна добија можност да

остварат исто така големи заработки. Денес постојат милиони продавачи кои што ги нудат

своите производи и преку афилијативни партнери и нивниот број континуирано расте со

што се збогатува и асортиманот на производи. Провизијата која што Амазон ја исплатува е

5% и е релативно ниска во однос на некои нови играчи кои што со цел да ги побијат

своите производи нудат многу подобри услови.

На страната Associateprograms.com, која претставува своевиден директориум на

афилијативни продавници и мрежи, можете да ги пребарувате и прегледувате понудите за

афилијација со краток опис и услови. Доколку не сакате вашата понуда да ја ограничите

на еден производител со ограничен асортиман и приклучете се на некоја од

афилијативните мрежи кои што обединуваат огромен број на продавачи во еден систем.

Такви мрежи се на пример LinkShare.com, ClickBank.com, performics.com итн. Како една

од најуспешните мрежи поради големиот број на продавачи со различен асортиман

поволните услови, како и можностите за работа и од Македонија ја

Page 62: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

препорачуваме CJ.com. Откако ќе се регистрирате на CJ ќе можете да ги разгледувате

продавачите по категории и производите кои што ги нудат како и условите т.е. висината

на провизијата и бонуси за количини. Прелистувајќи ја понудата можете да добиете

одлични идеи за вашиот иден onlineбизнис.

За да постигнете успех во афилијативната препродажба потребно е да следите

одредени непишани правила. Како прво пожелно е да имате свој dot.com домен иако

производи можете да понудите и на некој ваш блог. Одберете некоја маркетинг нитка и

обидете се да ја покриете со соодветни производи. Маркетинг нитка е многу мал пазарен

сегмент кој што има одредени потреби но не е атрактивен за големите играчи. Со

покривање на повеќе такви нитки можете да си обезбедите солидни заработки. Така

наместо да продавате мебел за сите вкусови продавајте мебел од ореово дрво или

шкавчиња за чевли. Притоа на посетителите понудете им избор по однос на цени,

големина, боја итн. но не нудете премногу производи што ќе им го отежнат изборот на

купувачите. И како една од најважните работи е да им понудите на посетителите

содржина во смисол на корисни информации, критики, прегледи, коментари со што ќе им

го задржите вниманието и ќе ги поттикнете на акција. Доколку веб страната ја претворите

само во гола понуда на афилијативните производи ќе постигнете спротивен ефект.Следна

и најтешка задача ќе ви биде да донесете посетители спремни да реагираат на вашата

понуда.45

Застапеноста и примената на афилијативниот маркетинг не е секаде иста и секако,

не е подеднакво прифатен насекаде.Афилијативната мрежа дава поголема слобода за тоа

каде една компанија може да го престави своето присуство.

Според Evgenii “Geno” Prussakov, најпопуларни афилијативни мрежи во Европа се

следниве:46

UK Affiliate Networks

Advertising.com

Advortis

Affiliate Advantage

Affiliate Window / buy.at

AffiliateFuture UK

45

http://biznisi.blogspot.mk/2008/05/blog-post_22.html 46

http://www.amnavigator.com/blog/2010/10/06/european-affiliate-networks/

Page 63: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

AffiliNet

Afform

clixGalore

Commission Junction UK

DGM-UK.com

GlobalDirectMedia.com

LinkShare UK

Netklix

Ocean Affiliates

OffersQuest

OMG Network

Paid On Results

Profitistic

QwertyTrade.com

R O Eye

SilverTap

SmartQuotes

TML Affiliate

TradeDoubler.co.uk

Webgains UK

Zanox.co.uk

Во Франција:

Advertising.com

Commission Junction France

MobPartner (mobile)

Netaffiliation

OMGfr.com

PublicIdees

TradeDoubler

Webgains

Zanox

Германија:

AdButler.de (acquired by Belboon.com)

Advertising.com

Page 64: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Affili.net

CommissionJunction.de

OMGde.com

Sponsormob (mobile)

TradeDoubler

Webgains

Zanox

Други Европски земји:

Advertising.com (Шпанија)

Geazen (Шпанија)

Avangate (UK, the Netherlands, US)

Linkwise (Greece and Cyrus)

Netaffiliation (multiple European countries)

SprinTrade.com (Italy)

TradeDoubler (multiple European countries)

Webgains (Ireland, the Netherlands, Spain)

Zanox (multiple European countries)

Скандинавски држави:

7reach.com (Denmark)

Advertising.com (Denmark, Norway, Sweden)

Affiliator (Sweden)

Commission Junction Sverige (Sweden)

Double.net (Sweden)

TradeDoubler (Denmark, Finland, Norway, Sweden)

Webgains (Denmark, Sweden)

Zanox (Denmark, Finland, Norway, Sweden)

Учеството на афилијативниот маркетинг во Русија е претставен преку следните податоци:

Page 65: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика12 : Афилијативнен маркетинг во Русија47

Од ова може да се забележи константен пораст на употребта на афилијативниот маркетинг

во Русија, почнувајќи со 2,4 милиони долари УСД вложување во 2003 година

достигнувајќи до 65,6 милиони долари УСД во 2012 година, најголем пораст има во 2009

година. Во прилог се наоѓаат руски мрежи за афлијативен маркетинг:ibid

1Lead.ru

ActionAds

ActionPay

Ad1.ru

AdmitAd

Advaction

Afrek

Apelsin

Babki-online

CityAds.ru

CPANetwork.ru

CPartner.ru

DirectProfit

GdeSlon.ru (heavy datafeed focus)

47

http://www.amnavigator.com/blog/2012/10/02/affiliate-marketing-russia-market-size-network-list/

Page 66: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Hey Moose (targeting women)

HIMBA

Lead100.ru

LeadGid

Leads.su

LeadsLeader (financial)

Leadster

MasterTarget

MixMarket

Motiv8.ru

Myragon

Pay4Results.eu

QX Plus

SellTarget

TopAdvert

TradeDoubler

TradeTracker

Unilead

Афилијативниот маркетинг развиен е и во Источно Европските земји, каде во секоја земја

постојат и функционираат по повеќе афилијатинви мрежи, некои од нив се следните:48

Република Чешка:

eHub.cz

Potenza.cz

WebTrader

Грција:

ClickBanner (Greece & Cyprus)

Linkwise (Greece & Cyrus)

Forest View (Greece & S.E. Europe)

Полска:

48

http://www.amnavigator.com/blog/2010/11/04/eastern-european-affiliate-networks-czech-polish-russian-etc/

Page 67: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Afilo

NetSales.pl

Novem

Tradedoubler

Zanox

Унгарија:

Affiliate.hu

PartnerPro.hu

Романија

Affiliation.ro

2Parale.ro

Останати:

2Leva.bg (Bulgaria)

Adnations.co.uk (Czech Republic, Poland, etc)

AechMedia.com

Click2Sell.eu (Lithuania)

NetAffiliation (Poland, Czech Republic, Slovakia, etc)

Sworp.com (UK-based, covering Slovakia, Poland, and Czech Republic).

5.4. Искуства од примената на афилијативниот маркетинг во Р.

Македонија

При истражувањето по македонските сајтови кои користат и применуваат

афилијативен маркетинг во своето работење најпрво наидов на понуда за било кое

физичко или правно лце да учествува во афилијативна мрежа.Понудата е отворена за секој

заинтересиран да се приклучи и да заработи според тоа колку тој би се залагал. Ова се

однесува на понудата на трговски центар за афилијативен партнер, според кои

афилијативен партнер - Физичко или правно лице кое поседува веб сајт/портал и ги

продава производите кои се наоѓаат во блокот на афилијативната програма,а Трговец -

Page 68: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Правно лице кое поседува веб продавница на Трговски центар одредува колкав процент ќе

му додели на афилијатовниот партнер по направена продажба.49

Трговски Центар е агрегатор на интернет продавници каде се продаваат физички

производи на илјадници клиенти на годишно ниво. Најновиот сервис кој ги опслужува

трговците е афилијативен систем или афилијативна мрежа. Како и останатите

афилијативни мрежи, и Трговски Центар има афилијативни промотори кои ги

промовираат и продаваат производите на трговците.

Афилијативниот партнер не треба да се грижи за ништо околу линковите.

Потребно е само да ги креира неговите блокови и да ги прикачи на неговата

страна.Регистрацијата е бесплатна.Кодот кој се генерира со креирањето на блокот со

производи се прикачува на оној дел од страната зависно од неговите димензии. Во овој

момент, активни се 5 димензии и тоа:50

728x90 - хоризонтален, погоден за заглавјето

250x250 - квадрат, погоден за содржински дел и странични ленти

300x250 - погоден за содржински дел и странични ленти

160x600 - вертикален, погоден за странична лента со поголема ширина

120x600 - вертикален, погоден за странична лента со помала ширина

Афилијативниот партнер треба да ги креира блоковите според структурата и димензиите

на неговиот вебсајт. Заработката директно влијае од афилијативниот промотор и неговиот

вебсајт/блог/портал како ентитет на кој ги извршувате вашите промотивни активности.

Заработката најмногу влијае од посетеноста на блог на промоторот и неговиот труд во

промоција на производите. Маркетинг тактиката е исто така важен дел бидејќи денес

најуспешни се оние компании или лица кои посветуваат посебно внимание на интернет

маркетингот.За да има повеќе посети и поголема продажба треба да користи:

Прегледи или страни со описи за производите

Оптимизација за интернет пребарувачи

Афилијативниот промотор треба да користи Facebook, Twitter, Google Plus, Youtube и

други социјални мрежи за промоција

49

http://www.tc.mk/uslovi-za-affiliate-korisnik/c 50

http://www.tc.mk/afilijativna-programa/c

Page 69: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Потребно е преку сите можни достапни интернет канали да ги зголеми посетите на

неговиот медиум на кој ќе се продаваат производи од Афилијативната мрежа

Повеќето портали нудат опции за псотавување на абнери кои би поврзувале до страната на

трговецот.

Порталот црнобело кој се нарекува водечки лајфстајл портал со над 80000 посети

дневно, со над 350000 прегледани страници на ден и со над 680000 уникатни посети

месечно нуди повеќе големини на банерите:51

Хедер банер 728x90

Џамбо хедер 970 x 90

Pushdown банер (Иницијално се прикажува во димензија 970x90px. На

корисничка акција се експандира до 970x415px, при што содржината на

сајтот се поместува надолу. Експандираната верзија мора за содржи копче X

за затворање)

Билборд банер 970x250

Страничен банер 300x250px

Страничен банер

Half Page банер 300x600

Half Page банер 300x600/ 970x600

Floating банер 300x300 700 ден. 600x600

Цената се однесува по CPM = цена за 1.000 прикажувања на банерот Понудата не

вклучува изработка на рекламен банер.

Идивиди има 3000000 отоврени страници во месец, 800000 посети во месец и

250000 единствени посети во месец.Нуди различни банери по позиција, димензии,

капацитет согласно потребите на пазарот.52

Tocka.mk има над 3000000 посетители или над 90.000 уникатни посети месечно, нудат

повеќе опции за рекламирање на нивниот портал:53

Џамбо стандард 1029 x 140px

51

http://www.crnobelo.com/pdf/CRNOBELO.com_Marketing_Juni.2016.pdf 52

http://www.idividi.com.mk/extras/reklamiranje/index.asp 53

http://tocka.com.mk/include/files/marketing.pdf

Page 70: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Џамбо голем 1029 x 180px

Хедер банер 715 x 100px

Флоатер банер голем

Take over цел екран 800 x 800px и др.

И останатите портали нудат голем избор на банери различни по големина, позиција и

содржина а цените се однсуваат зависно популарноста и посетеноста на порталот.

5.5. Анализа на македонски веб страни

5.5.1Фемина.мк

Според Gemius, Фемина е убедливо најпосетуваниот македонски веб сајт кога се

работи за женската публика.Според Google Analytics, Фемина во текот на еден месец ја

посетуваат над 600.000 различни посетители (Unique Visitors). Според Facebook

Insights, над 80% од посетителите се жени.54

Страната на фемина.мк изобилува во прв план со реклами банери кои нудат

филијали до веб страни на други компании. На прв поглед ударен е банерот на Рамстор

кој е голем и веднаш привлекува внимание. Тој содржи мултимедијален дел- видео кој ја

претставува рекламата која не се уклучува автоматски, туку постои опција

заинтерисираниот корисник дополнително да се информира доколку сака со опција плеј,

исто така покрај видеото има и краток опис кој се рекламира и за што се рекламира. Со

ова се нуди афилијативниот маркетинг на одредена група на корисници, пто во случајот

тоа е женската попоулација.

54

http://www.femina.mk/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B

3/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82

Page 71: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Лево и десно по должината на страната се два банери од вип, кои претставуваат

вовед кои исто така се мултимедијални.Со кликнување на банерот се отвора страната на

Вип која содржи подетални информации за понудата која е прикажана на фемина.

И двата банери не нудат персонализација, едноставно изобилуваат само со

мултимедијалност и кратки информации за понудата која се нуди. Добар аспект е тоа што

има голема псоетеност на страната така да понудите можат да бидат забележани од голем

број на посетители на страната со што рекламите на афилијативниот маркетинг имаат и

широк опсег на аудиториум на фемина.

Слика 13: Почетна страна на фемина.мк посетена на 10.10.2016

5.5.2 Црнобело.мк

На порталот црно бело постојат два банери кои реферираат до страните на

огласувачите. Неотел има прв горен банер со определени информации за нивната нова

понуда но нагласува допонителни информации на телефонски број, при клик на банерот

се префрлува на страната на неотел каде се наведени дополнителни информации за

понудата.

Подолу има и друг банер кој со клик реферира до страната на стубрендс.мк, портал

кој избира најдобри страни според студентите. Со линкот нуди опција за гласање на

страната стубренд.мк.Банерот не укаува за што станува збор, поставена е само веб

Page 72: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

страната и парола: Студентите избираат... ние сертифицираме!. Доклоку ова е наменето за

студенти би било добро да е банерот поставен и на страна која е специјализирана за

студенти, на овај начин банерот е видлив за поширок опсег на публика иако не е наменет

за секого.

Цедевита има мултимедијален банер кој повикува на примена на снепчат

апликација поддржана од Цедевита. Банерот е голем и е централно поставен на страната

на порталот. Со клик на линкот се отвора фан страната на цедевита на фејсбук каде

награрдуваат за споделување на социјалните мрежи на разлини вкусови на бонбоните на

цедевита.

Слика 14: Страната на црнобело.мк посетена на 10.10.2016

Page 73: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

5.5.3 Точка.мк

Во десниот дел точка има два банери, еден за цитроен со одредени информации за

најновата понуда на автомобил со клик на банерот се отвора страната на Цитроен каде се

дадени детални информации за понудата како и опција за барање на конкретна

понуда.Банерот е мултимедијален, другиот банер е од Неотел кој води до страната на

Неотел и изобилува со дополнителни информации за новите понуди на Неотел.

Слика 15: Точка.мк посетена на 10.10.2016

5.5.4 Идивиди.мк

При посета на идивиди.мк забележав дека исто така и на оваа страна има банери но

не се први кои паѓаат во погледот, туку помали и од страната на почетната страна на

идивиди. На порталот се забележува дека не завземаат централно место банерите, туку

пред се порталот е насочен кон споделување содржини и информации.

Page 74: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Најпрво се забележува банер на Т-мобиле со опција за дополнување на при-пејд

кредит онлајн преку внесување на претплатнички број и износ.Понудата е

персонализирана само за корисници на Т-мобиле услугите.

Веднаш до овај банер се наоѓа банер за бела ноќ, кој не нуди никакви информации

само една фотографија и натпис бела ноќ, со кликнување на линкот на страната на

беланоќ.мк, каде има информации за програмата на бела ноќ.

Постои и банер за македонски народен театар, со клик на банерот се отвора

страната на МНТ, каде има допонителни информации за репертоарот на МНТ.

Слика 16: Идивиди.мк посетена на 10.10.16

Page 75: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

5.5.5 Факлутети.мк

Факултети.мк е веб страна посветена на високо образовните установи во

Р.Македонија, нудејќи информации кои се корисни за студентите. Страната е

специјализирана за студентите конкретно.

Во горниот централен дел е банер за БАС, кој нуди одредени информации за

тековните уписи на факултетот. Со клик на линкот се отовра страната на Бизнис

академијата Смилевски која е акредитирана високообразовна институција во РМ, на

страната има и опција за праќање на електронска пријава за упис на факултетот.

Под првиот банер има и банер од Факултетот за туризам и менаџмент, со клик се

отвора страната на УТМС каде се презентирани информации за идните студенти.

Десно е банер на спортвизион со клик реферира достраната каде може

дополнително да се разгледа целосноата понуда.Под него е и банер за кафе Браво.

Page 76: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика 17: Факлутети.мк посетена на 10.10.16

Изгледот на индекс страната се менува, односно напоредно се менуваат банерите

кои се појавуваат при посета на страната. При првата посета изгледот на страната беше

како што е претставен на сликата број? , но со наредната посета изгледот на страната беше

како на слика ?. Постои појава на различни банери во двете посети. Првите два банери

остануваат исти, но промена постои во банерите кои се подолу сместени на страната.

Page 77: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

И при наредна посета постои промена на банерите кои се појавуваат, но првите два баенри

остануваат исти, промена има само кај помалите банери кои се сметени на десната страна

од индекс страната на факултети.мк.

Слика 18: Страната fakulteti.mk посетена на 10.10.16

Друг банер кој се појавува и е мултимедијален е банерот на АБИТ, кој со клик води

кон страната на академијата за банкарство и информатичка технологија. На страната се

Page 78: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

дадени подетални информации за уписи, можности з аконтакт и дополнителни

информации.

Под овај банер се појавува и банер за Рамстор со кратка најава за престојните

понуди на трговскиот центар, со клик се отовора официјалната страна на Рамстор каде

подетално се опишани и претсавени тековните понуди, настани и наградни игри

организирани од страна на Рамстор.

Понудените банери се мултимедијални, со цел да привлекуваат внимание на

студентите,нудејќи малку информации само за поттик да се истражува за да се откријат

повеќе, истите се специјализирани за одредена целна група на корисници кои ја

посетуваат страната однсно студенти.

5.6. Афилијативен маркетинг – студија на случај

5.6.1 Прашалник за употреба на афилијативен маркетинг

Претходно претставените податоци во поглед на имплементација, примена и

употреба на афилијативниот маркетинг се однесуваат во светски рамки, најмногу во

развиените земји кои најбрзо се навикнуваат на промените и ги користат предностите кои

произлегуваат од тие промени.Во Македонија примената и користењето на придобивките

на онлајн маркетингот постојано се зголемува, бидејќи се повеќе се откриваат

позитивните страни кои ги има интернетот.Прашалникот беше спроведен со цел да се

согледа моменталната состојба на афилијативниот маркетинг кај нас, како компаниите

гледаат на афилијативниот маркетинг, дали се запознаени со придобивките кои ги нуди,

како и можностите.Со овај прашалник верувам дека можат да се согледаат ставовите на

правните лица кон афилијативниот маркетинг кои понатаму би дале насоки во кој дел и

што треба да биде подоборено или променето за да компаниите го применуваат овај вид

на е-маркетинг и да ги користат придобивките кои ги нуди истиот.Прашалникот беше

креиран онлајн преку употреба на алатките на Googledocs, креирајќи едноставен за

користење и прегледен со цел испитаниците да даваат брзи одговори без да ги задржувам

Page 79: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

долго време во пишување или дополнување. Резултатете од спроведениот онлајн

прашалник се прикажани подолу.

Слика 19: Спроведениот онлајн прашалник

На првото прашање поврзано со големината на фирма најмногу фирми кои беа

анкетирани според калсификацијата за големина на компанијата беа микро 45%, 25% од

анкетираните беа со средна големина, по 15% учество во прашалникта имаа компании со

мали и големи компании.Во прашалникот замолив да учествуваат компании со различна

Page 80: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

големина со цел потранспарентно согледување на добиените резултати, односно се

насочив и кон големи компании кои имаат одделни маркетинг сектори и вложуваат

значително во маркетингот но и кон малите, микро бизниси каде еден човек воглавно ги

врши сите функции па и маркетингот.

График 1: Графички приказ на учеството на компаниите во спроведениот прашалник според

големина

На вторто прашање за секторот во кој компанијата работи најповеќе застапени беа

компании кои работата со трговија 45%, 35% производни и 20% услужни компании.

Различноста и во поглед на секторите во кои компаниите кои учествуваа во прашалникот

работат сметам дека би дала подетални резултати, односно ќе бидат прикажани повеќе

различни погледи за афилијативниот маркетинг од различни сектори.Бидејќи не секој

сектор може да го примени афилијативниот маркетинг подеднакво, и не секоја компанија

би остварила добри резултати од примената на афилијативниот маркетинг.Тука се

внимава на типот на проиводот, услугата, сегментите за кои е наменет, афилијативната

врска преку која се прикажува и сл.

Page 81: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 2: Графички приказ на секторите во кои анкетирните компании работат

Голем дел од анкетираните компании, 55% се запознаени со придобивките од

онлајн маркетингот, 35% можеби се запознаени и мал дел не ги знаат придобивките од

онлајн маркетингот за работењето на компанијата. Придобивките кои ги нуди интернетот

во маркетингот вогласвно би требало да ги знаат компаниите, но што е она по што се

издвојува афилијативниот маркетинг од останатите треба подетално да го запознаат и

доколку сметаат дека е добро да го применуваат во работењето.

График 3: Графички приказ на одговорите добиени од онлајн прашалникот за придобивките од

онлајн маркетингот

Page 82: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Каратеристиките на афилијативниот маркетинг се однесуваат на можноста за

персонализација, мултимедијалност, интерактивност со потрошувачите, широк опсег на

аудиториум.Значењето на секоја од овие карактеристики за компанијата која го применува

афилијативниот маркетинг е различна, бидејќи секоја компанија нуди различни

производи, различни услуги, за различни сегменти на потрошувачи, во различен

временски период, преку различни парнери за афилијативен маркетинг. Која

карактеристика се издвојува како најзнаајна карактеристика и се смета за најбитна од

останатите е прикаѓано во резултатите од прашалникот.

Интерактивноста како карактеристика на е-маркетингот според испитаниците е

високо рангирана.25% од испитанците дале оценка 5, исто така и широкиот опсег на

аудитуриум е значајна карактеристика за компаниите, дури 80% од испитаниците дале

оценка 5.Можноста за интеракција за голем дел на компании е доста значајна, а и за

потротшувачите. Остварувањето на директна врска со клиентите е добар начин за

стекнување на доверба, одржување на долгорочни врски преку кои би се запознале ново

настанати потреби на пазарот, желби на потрошувачите но и добивање на повратен

одговор од клиентите.Широкиот опсег на аудиториум е значаен за оние компании кои се

стремат да ги нудат своите производи глобално, да постигнат клиенти од целиот свет.

Целта на интерактивниот маркетинг е да се изградат меѓусебно цврсти долготрајни

врски од кои ќе бидат задоволни клучните страни, а со цел да се остварат задоволство кај

потрошувачите, и задоволителен профит за партнерите. Интерактивниот маркетинг треба

да ги изгради и одржува не само економските туку и техничките и социјалните врски

помеѓу партнерите.

Page 83: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 4: Оценка за интерактивноста

График 5: Оценка за широк опсег на аудиториум

Персонализацијата и мултимедијалноста исто така се значајни карактеристики според

испитаните компании.

За успехот на една маркетинг стратегија не е потребно само свесноста на

потрошуваите за постоењето на компанијата или брендот.Потребно е да се утврди точна

целна група на потрошувачи, во вистинското време и вистинско место.Прилагодувањето

на понудата за секој потрошувач поединечно е се позначајно, а со современите техники и

технологии и полесно.

Page 84: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Во многу случаи, персонализираниот маркетинг е услов за добивање на нови и

задржување на старите клиенти.Персонализирани понуди на клиентите им нудат

содржини за кои се заинтересирани.

Суштината на персонализација е дека компаниите се обидуваат да им се приближат

до секој клиент, особено од страна на подготовка на единствена, уникатна понуда за секој

клиент, како и за секој сегмент на клиенти, пособено.

За да се подготват персонализирани понуди од стрнана на компанијата значајни се

четири чекори кои најчесто се преклопуваат:55

1. Идентификација на клиентот (значајно е препознавање на индивидуалните

клиенти на компанијата бидејќи тоа е основа за развој и примена на

персонализиран маркетинг во истата)

2. Диференцијација на клиентите (утврдување на соодветни карактеристики по

кои клиентите би се одделувале едни од други)

3. Интеракција со клиентите (воспоставување на интеракција со потенцијалните

клиенти, согласно поставените цели и предвидената политика за водење на

персонализираниот маркетинг во рамките на компанијата)

4. Прилагодување за купувачите (по воспоставените контакти и интеракција со

потенцијалните клиенти, компанијата превзема прилагодување на своите

понуди, цени, услуги согласно потребите, желбите и преференциите на

клинетите).

Мултимедијалноста го прави маркетингот атрактивен, современ и ефикасен начин

за промоција, рекламирање и пристап до клиентите. Електронскиот простор што го нуди

интернетот е идеална околина за ваков тип на маркетинг. Тој нуди интегриран простор за

текстуални, аудио, видео и графички реклами на едно место. Создавајќи можност на

покреативен, посликовит начин да се презентира производот или услугата со

карактеристиките и бенефициите кои ги нуди правејќи го поинтересен, подостапен

сликовито до заинтересираните клиенти.

55

http://www.media-marketing.com/kolumna/personalizirani-marketing-postaje-temelj-uspjesne-prodaje/

Page 85: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 6: Оценка за персонализацијата

График 7: Оценка за мултимедијалност

Повеќе од 94% од испитаните правни лица применувале е-маркетинг во своето

работење, многу мал е порцентот на оние компании кои сеуште не го применуваат е-

маркетингот во своето работење и не ги имаат запознаено предностите кои истиот ги

нуди.Услов за успех од примената на маркетингот во работењето на компанијата е

постојано следење на новостите кои произлегуваат, во случајот со интенетот во

работењето на маркетингот.Во услови на голема конкуренција и глобално присуство на

компаниите, примената на е-маркетингот во работењето е есенцијална за понатамошен

успешен развој на една компанија.Резултатите од примената се лесно видливи во

Page 86: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

позитивна смисла во реалзиацијата на поставените маркетинг цели, политики и планови

на компаниите.

График 8: Графички приказ на примената на е-маркетинг

Компаниите кои применуваат е-маркетинг во своето работење најповеќе се

одлучиле за рекламирање преку социјалните мрежи, како наједноставен начин за

спроведуање и контрола на е-маркетингот,15% одбрале е-маркетинг преку електронска

пошта, 21% друг вид на е-маркетинг.

Маркетингот преку социјалните мрежи претставува лесен начин да се пристапи до

широка публика.Сoцијалните мрежи се секојдневие денес за секого, многу луѓе

поминуваат долго време на социјалните мрежи па маркетиерите увиделе можност за

интеракција со нив преку социјалните мрежи.Со маркетингот на социјалните мрежи се

постигнуваат повеќе цели: зголемување на сообраќај до корпоративната веб страна,

зголемување на конверзијата на потенцијални клиенти во купувачи, зголемување на

свесност за брендот на компанијата, комуникација и интеракција со публиката и друго.

Овај тип на маркетинг најчесто се концентрира во напорите да се креира содржина која

привлекуа читатели кои понатаму ја сподлуваат истата преку социјалните мрежи.

Маркетингот преку електронска пошта е доста ефективен, многу економичен и

доколку е добро направен може да помогни за создавање сигурен и препознатлив бренд.

Количината на информации кои се споделуваат и доставуваат до клиентиет е значителни,

Page 87: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

директен фидбек се добива, исплатлив, брз и лесен, но мејлот ја ограничува креативноста,

пораките трееба да се кратки и честа е појавата на спамови.

График 9: Графички приказ на видовите на е-маркетинг кои се користат

Од испитаните компании, поголем дел околу 70% се запознаени со поимот

афилијативен маркетинг.Но употребата во работењето на истиот е многу ниска, само

околу 16% одговориле дека го применуваат афилијативниот маркетинг.

График 10: Графички приказ на добиени одговори за запознаеност со терминот

афилијативен маркетинг

Page 88: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 11: Графички приказ на примена на афилијативен маркетинг од страна на

испитанците

Оние компании кои ги применале или користеле афилијативниот маркетинг се

задоволни од истиот, односно од постигнатите ефекти од неговата примена во маркетинг

работењето на компанијата.

Сите испитани правни лица се заинтересирани да бидат едуцирани за

афилијатиниот маркетинг, да се запознаат со начинот на кој функционира, како се

спроведува во редовното работење на маркетинг секторот, кои се придобивките од

неговата примена, како и со кои недостаоци можи да се сретнат при примената на

афилијативниот маркетинг во нивнотот работење.Позитивниот односно кон промените од

страна на компаниите сметам дека претставува значаен предуслов во процесот на

едукација и прифаќање на новите појави во онлајн маркетингот, вклучително

афилијативниот маркетинг.

Голем дел од испитаниците сметаат дека најпогодна употребата на афилијативниот

маркетинг е за зголемување на пазарни сегменти на кои им се нуди производот, поради

глобалната достапност на компаниите преку интернетот.Глобалното присуство на

компаниите и достапноста на производите се сметаат за една од најголемите придобивки

која произлегува од примената на интернетот во работењето на маркетингот.Присуството

на глобалниот пазар за повеќето компании претстваува можност за одржување на

Page 89: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

постоечки врски со постоечките клиенти на компанијата, но и стекнување нови сегменти

на клиенти.

25% од испитаниците веруваат дека афилијативниот маркетинг ја зголемува

продажбата. Онлајн просторот за компаниите претставува глобален пазар каде многу

голем борој на потенцијлни клиенти можат да дојдат до компанијата и производите на

истата. Со соодветен пристап и добро осмислена маркетинг стратегија може многу лесно

потенцијалните клиенти да се конвертираат во купувачи.

15% од испитаниците сметаат дека афилијативниот маркетинг влијае позитивно

во градењето на имиџ на компанијата и кредибилитет. Примената на афилијативен

маркетинг преку кредибилна компанија со позитивен имиџ во општеството влијае врз

креирањето на претстава за одредена компанија која применува афилијативен

маркетинг.Позитивните погледи кои клиентите ги имаат кон компанијата влијаат

позитивно и врз работењето на истата, бидејќи потенцијалните клиенти имаат повеќе

доверба кон таа компанија. Наспроти позитивниот имиџ и кредибилитетот, негативниот

имиџ воопшто не помага во работењето на една компанија, напротив го отежнува.

А 10% од испитаниците сметаат дека употребата на афилијативниот маркетинг во

работењето ќе придонеси за креирање свесност за постоење на нов производ или нов

бренд на пазарот.Преку афилијативниот маркетинг може да претстват присуство во онлајн

просторот, односно на брз и ефективен начин да претствават пред широката јавност

постоење на нов производ или на нова линија на производи.

Page 90: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 14: Графички приказ на резултатите од прашалникот за подрачје на примена на

афилијативниот маркетинг

45% од испитаниците за значајна карактеристика на афилијативниот маркетинг ја

сметаат можноста лесно да биде поврзана фирмата преку друга фирма градејќи

кредибилитет и имиџ за компанијата.Позитивниот став што клиентите го имаат кон една

компанија може да се поврзи и со друга компанија за коај се применува афилијатинвиот

маркетинг, односно изградените добри долгорочни односи со една компанија може да се

продолжат и со другата компанија во афилијативната мрежа под предтпоставка дека и

другата компанија негува и почитува градење на односи со клиенти и соработка.

Достапноста до широка публика е една од придобивките на афилијативниот

маркеинг што се смета за значајна според 35% од испитаниците.Изложеноста на

афилијативниот маркетинг на глобално ниво се однесува на неговата достапност до

широка публика.

15% сметаат дека значајна е флексибилноста која ја нуди афилијативниот

маркетинг во спроведувањето, а според останатите испитаници значајно е лесното

утврдување на начинот на плаќањето.Афилијативниот маркетинг е флексибилен, лесно се

прилагодува, променува, надополнува согласно заеднички договор меѓу двете компании.

Плаќањето се утврдува лесно врз основа на претходен заеднички договор, дали ќе се

однесува плаќање по кликови, плаќање по реалзаиција на продажба или плаќање по

посетител. За начинот на плаќање и износнот на надоместоци компаниите меѓусебно ги

договоараат тие односни.

Page 91: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 15: Приказ на добиени резултати за ридобивки на афиијативниот маркетинг

Како и секој вид на маркетинг кој нуди низа предности и можности, сепак

посотојат и одредени препреки со кои се сретнува односно негативности. И

афилијативниот маркетинг се соочува со содреден степен на негативности во својата

примена. Како најчести негативности се понудени одогвори на прашалникот. Следува

ммислењето на испитаниците за тоа која негативност е најголема и најповеќе влијае врз

успешната примена и функционирање на афилијативниот маркетинг.

Измамата со кликнувањата е најголема негативност на афилијативниот маркетинг

според 40% од испитаните компании.Постоењето на софтвер кој автоматски ги зголемува

бројот на кликови претстваува голема негативност, бидејќи компаниите нема да можат да

имат увид пред се во бројот на кликови на потенцијални клиенти односно во бројот на

кликови на клиенти кои реалзирале продажба а со тоа нема да бидат во можност

компаниите да ги наплатат договорените надоместоци. Покрај тоа, комапниите нема да се

во можност да имаат и точен увид во поглед на тоа дали договорениот афилијативен

маркетинг е успешен, ги реaлизира поставените цели или потребни се корекции.

За 35% од испитаните правни лица сметаат дека негативност за афилијативниот

маркетинг е потешкотијата во утврдување на начинот на плаќањето. Кога не би можел да

се утвдри начинот на плаќање меѓу компанииите тогаш се јавува одреден степен на

неизвеснот, како ќе се подмират договорените надоместоци меѓу страните но и како ќе

бидат утврдени.Дали надоместот ќе биде по клик, по реалзаирана продажба, по посета на

Page 92: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

страната на компанијата дококлу не може да се утврдат точни податоци меѓусебната

провизија не ќе може да биде подмирена.

А останатите се загрижени за градењето на негативен кредибилитет и лош имиџ за

компанијата.Негативен кредибилитет доколку има едната компанија во афилијaтивната

мрежа би се однесувал и за другата компанија, многу е битно да се внимава преку каква

компанија се остварува афилијативниот маркеитнг, бидејќи секој фактор е значаен во

градење на одредена слика за компанијата во онлајн просторот.

График 16: Негативности на афилијативниот маркетинг

Повеќето од испитаните компании би вложиле во афилијативниот маркетинг до

2000 евра, а само 10% би вложиле повеќе од 2000 евра.За имплементација на

афилијативниот маркетинг во маркетинг стратегијата на една компнаија не се потребни

многу средства, бидејќи се реазлира преку друг партнер и на некој начин е

поедноставно.Но сепак креирањето на добар банер, кој привлекува внимание и повикува

на реaлизаиција на продажба кога би се доверило на одредена специјализирана компанија

би чинело. Поставувањето во интернет просторот исто така се резлаира со одреден

надомест.

Имплементацијата на афилијативниот маркетинг во работењето на компанијата

55% од испитаниците би ја спороведиле самостојно, преку договор со партнер за

креирање на мрежа, а 45% тоа би го направиле преку афилијативна мрежа.

Page 93: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Најлесен начин на примена на афилијативниот маркетинг е преку две компании

кои се знаат меѓусебно, имаат изградено долгорочни односи на доверба и соработка. Со

тоа нивното меѓусебно рекламирање би било едноставно, брзо и ефикасно.

Барањето на афилијативна мрежа пак од своја страна е проект за кој потребна е

анализа од страна на компанија да утврди кон која афилијативна мрежа да се приклучи.

Надоместот во случајот е и поголем, но успехот од реалзиацијата е поголем бидејќи

станува збор за веќе поставена, формулирана афилијативна мрежа која функционира и е

позната на јавноста.

График 17: Графички приказ на резултатете за вложувањето во афилијативниот маркетинг

Компаниите кои би имплементирале афилијативен маркетинг резултатите ги

очекуваат за еден месец 40% од испитаниците, до 6 месеци-45% од испитаниците, а 15%

од испитаниците во рок повеќе од година. Во услови на примена и работа на

афилијативниот маркетинг во онлајн просторот, каде посотојано се добиваат нови

информации и резултатите од успехот на примената на афилијативниот маркетинг би се

очекувале поскоро, бидејќи постојат голем број на софтвери, апликации кои постојано

добиваат информации, ги процесираат, обработуваат и презентираат резултати во реални

време. Брз одговор на поставена афилијативна мрежа е значајна за компанииите да

согледаат дали е добро поставена афилијативната мрежа, дали се реализираат поставените

цели или потребно е корекција и измени на статегијата.

Page 94: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 18: Графички приказ на добиени резултати во поглед на времето за ефектите од

приената на афилијаивниот маркетинг

Спроведениот онлајн прашалник помеѓу компаниите сметам дека дава слика за

моменталната сосотјба на афилијативниот маркетинг кај нас. Како се гледа кон

афилијативниот маркетинг во работењето на компаниите. Пред се мора да се напомене

фактот дека поголем дел од компаниите слушнале и знаат за афилијативниот маркетинг,

но постојат и такви маркетинг сектори кои не знаат за афилијативниот маркетинг воопшто

како опција при имплементација на онлајн маркетинг стратегија.А во поглед на примената

на афилијативниот маркетинг резултатите од прашалникот укажуваат дека воопшто не се

применува овај вид на онлајн маркетинг.Тука се јавува можност за презентација на

афилијативниот маркетинг најпрво преку запознавање со придобивките и можностите на

афилијативниот маркетинг, па потоа со начинот како истиот да биде спроведен во

работењето на маркетинг секторот.Во поглед на примената најповеќе би се применувал,

според добиените одговори од прашалникот, за зголемувањена пазарни сегменти на кои ќе

им се нудат производите, но не треба да се запостават и другите можности на

афилијативниот маркетинг бидејќи е погоден и за креирање на свесност за постоење на

нов производ, зголемување на продажба, подобрување на кредибилитетот или имиџот на

компанијата и сл.Како и секој вид на маркетинг кој се спроведува онлајн, така и

афилијативниот маркетинг се соочува со одреден степен на негативности и опасност од

онлајн присуство. Во таа насока треба да се фокусираат компанниите кон минимизирање

Page 95: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

или целосно совладување на негативностите во работењето од афилијативниот маркетинг.

Тоа би се постигнало понатаму преку градење на безбедносни мрежи преку кои ќе се

спроведува афилијативниот маркетинг, поставувавње на сигурносни лозинки и сл.

Позитивно е тоа што повеќето компании се расположени да го запознаат афилијативниот

маркетинг, да дознаат повеќе за него како и да вложат во негова примена и да очекуваат

позитивни резултати.

Напоредно со онлајн прашалникот за компании спроведив и онлајн прашалник за

физички лица, колку воопшто се запознаени луѓето со терминот афилијативен маркетинг

и како се применува во услови на спроведување на онлајн маркетинг политика.

Page 96: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Слика 19: Онлајн прашалник за физчки лица

Во прашалникот беа вклучени сите возрасни граници поддеднакво, 30% беа до 20

години, од 20-40 година беа 45% и над 40година беа анкетирани 25%. Исто и во делот пол

учествуваа рамноправно и машки и женски испитаници.

Page 97: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 19: Учествотот на иситаниците во прашалникот според возраст

Половина од испитаниците се запознаени со терминот афилијативниот маркетинг, а

половина не се запознаени, воопшто не слушнале за овај поим. Сите корисници на

интернет секој дневно се среќаваат со афилијативниот маркетинг.Тука се јавува и

размислување дека има испитаници кои се сретнале во онлајн просторот со

афилијатинвиот маркеитнг, но не се свесни дека токму тоа е афилијативен маркетинг.

График 20: Добиени одговори за тоа дали се запознаени со терминот афилијативен

маркетинг испитанците

Page 98: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Примената на афилијативниот маркетинг од страна на испитаниците е на високо

ниво, односно 79% од испитаниците го имаат или го применуваат афилијативниот

маркетигнг, во поглед доколку забележале на интернет некоја интересна реклама која се

спроведува со афилијативен маркетинг кликнале и продолжиле на линкот каде дознале

повеќе информации за произоводот или услугата кој се рекламира со афилијативен

маркетинг.На голем број на портали кои секојдневно се посетуваат постојат повеќе банер

реклами кои реферираат на друга страна, односно на страната на компанијата која го

поставила банерот. Со тоа шансите за поединци да се сретнат со афилијативниот

маркетинг се високи.

График 21: Графички приказ настепенот на примена на афилијативниот маркетинг

Оние испитаници кои применуваат афилијативен маркетинг се задоволни 55,6%

останатите испитаници не се задоволни. При кликнување на реклами со афилијтивен

маркетинг онаму каде ги одвел линкот испитаниците се задоволни, односно ги добиле

информациите кои ги барале или биле насочени кон дополнителни информации и

линкови.

Page 99: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 22: Приказ на резултатите од примената на афилијативниот маркетинг

Постои интерес кај сите испитаници да се запознаат со афилијатинвиот маркетинг, во

поглед на негов начин на спроведување и реализација, придобивки, можности но и

негативности. Испитаниците се отворени кон нови видови на маркетинг, што е и

позитивно бидејќи е прифатен новиот вид на онлајн маркетинг меѓу испитаниците.

График 23: Добиените резултати од испитаниците за интересот за афилијативниот

маркетинг

Page 100: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Од испитаниците 45% не се запознаени со придобивките на афилијативниот

маркетинг, а останатите ги знаат придобивките. Можностите за широка публика да ја види

онлајн рекламата во глобални размери се едни од најзначајните.

График 24: Графички приказ на испитаниците за придобивките на афилијативниот

маркетинг

Од карактеристиките на афилијативниот маркетинг, за сите наведени интерактивност,

персонализација, широк опсег на аудиториум и мултимедијалност, испитаниците не

одделуваат една поважна од останатите, туку сите карактеристики се подеднакво значајни.

Интерактиноста е можноста за воспоставување и одржување на врски меѓу

поединците, потенцијалните клеинти и компаниите.

Персонализацијата претставува можност за персонализирана реклама за секој

потенцијален клиент на компанијата, односно понуда на пероснализирани производи

согласно потребите и желбите на клиентите.

Мултимедијалност на пораките се однесува на можноста за приказ на пораки со звук,

текст, бои, анимации кои привлекуваат внимание и интерес од страна на потенцијалните

клиенти.

Достапноста до широк опсег на аудиториум е исто така значајна каракетристика,

бидејќи за некои компании значајно е да постои широк опсег на аудиториум согласно

понудите и производите кои ги нуди.

Page 101: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 25: Оценката на интерактивноста, како карактеристика на е-маркетингот

График 26: Оценката на мултимедијалноста, како карактеристика на е-маркетингот

Page 102: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 27: Оценката на широк опсег на аудиториум, како карактеристика на е-

маркетингот

График 28: Оценката на персонализацијата, како карактеристика на е-маркетингот

Најсоодветна е употребата на афилијативниот маркетинг за креирање на свеснот за

постоење на нов производ или бренд според 31% од испитаниците, како и за зголемување

на апзарни сегменти на кои ќе им се нудат производите исто така 31%, зголемување на

Page 103: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

продажба сметаат 26% и подобрување на имиџот и кредибилитетот на компанијата

одговориле 10%.

График 29: Употребата на афилијативниот маркетинг

График 30: Придобивки од афилијативниот маркетинг

И покрај позитивните страни на аилијативниот маркетинг, сепак постојат и

негативности. Како и со повеќето видови на онлајн маркетинг каде се сретнуваат

недостаоци, измами постои и страв од измами, крадење на идентитет и податоци и кај

афилијативниот маркетинг.Најголем дел од испитаниците сметаат дека постои измама со

кликнување како негативност на афилијативниот маркетинг, 31% за негативност ја

сметаат тешкотијата при утврдување на начинот на плаќање и според 21% негативност е

градењето на негативен имиџ за компанијата.

Page 104: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

График 31: Негативности на афилијатинвиот маркетинг, според испитаниците

Од добиените резултати можи да се утврди дека населението во Македонија се

уште не е доволно запознаено со афилијативниот маркетинг, не ги знаат придобивките,

можностите, позитивните страни како и олеснувањето кое афилијативниот маркетинг го

нуди.Исто така постои и негативност односно страв од примената во поглед на онлајн

безбедноста. Треба да се пристапи кон појаснување на афилијативниот маркетинг, бидејќи

постои голем интерес кај луѓето да научат за што станува збор и како би можеле да ги

искористат предностите кои ги нуди афилијативниот маркетинг.

Примената на придобивките на афилијативниот маркетинг во светски рамки е на

завидно ниво, постојано се вложува и подобрува, додека кај нас не е тоа случај се уште. Би

било добро доколку се започне процес на примена на афилијатинвиот маркетинг кај нас и

тој тренд да биде широко прифатен. Бидејќи присуството на интернет на компаниите е се

позачестено меѓутоа во основна форма, како присуство онлајн со веб страна со кратка

содржина на информации за компанијата.Би требало да се фокусираат кон зголемување на

интеракцијата со потрошувачите како и мотивирање и поттик на нови потрошувачи да ги

купат производите на компаниите, а од страна на потрошувачите, потрошувачите се

повеќе се присутни во онлајн просторот, се повеќе постои интерес за електронски нарачки

и купување, довербата полека ја стекунуваат е-продавниците. Така да постојат услови за

успешна примена и развој на афилијативниот маркетинг и кај нас само треба да се верува

и вложува кон нејзина успешна примена,бидејќи добиваат и двете страни и

потрошувачите но и компаниите.

Page 105: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

Продобивките од афилијативниот маркетинг не се занемарливи, треба да бидат

искористени во позитивни насоки кон креирање придобивки и за продавачите и за

потрошувачите во интернет средината.

6. Закулчок

Полето на маркетингот претставува динаминчно, со многу промени, постојано

воведување на новини во работењето и примената, кои потребно е постојано да се

применуваат. Маркетинг секторите во компаниите постојано се сретнуваат со предизвикот

за одржување во чекор со промените кои се случуваат. Потребно е константно

истражување и согледување на промените но и појавите на нови можности и придобивки

за работењето воопшто. Најголема промена во работењето донесе појавата на Интернетот

и неговата примена во сите сфери на економијата, конкретно маркетингот.

Како медиум за комуникации интернетот влијае врз опсегот на маркетинг

комуниациите, во поглед на бројот на лица до кои пораката би стигнала. Со комбинирање

на текст, видео, звук се зголемува разновидноста на маркетинг комуникациите. Преку веб

мрежата има повеќе опции за комплексноста на достапните пораки, огромна содржина

достапна за голем број на субјекти и спосбност на корисниците интерактивно да ги

контролираат искуството. Со интернетот во голема мера е зголемен и интензитетот на

информации на пазарот обезбедувајќи ги маркетерите и потрошувачите со ненадминати

прецизни, детални инфромации во реално време за потрошувачите како тие се движат на

пазарот.56

Овозможеноста на трговија е глобално, преку културни и национални граници

непречено и без никакви промени со користење на унивезални стандарди за технологија

која сите ја користат. Интернетот ја нуди и опцијата за интеракција меѓу огласувачот и

корисниците, која е доста значајна новина за маркетинг секторите на компаниите, како би

одржале директна врска со корисниците и би добиле директен повратен одговор од секој

пооделно. Со тоа секторите за маркетинг располагаат со голема густина на информации,

56

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall,

2004 стр.368-369

Page 106: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

намалувајќи ги информациските трошоци и селектирајќи ги само потребните и значајни

информации со што им се зголемува и квалитетот на собраните информации. Со

собраните информации интернетот нуди и можност за персонализација на маркетинг

пораките и прилагодување на производите и услугите засновани на индивидуални

карактеристики, односно креирање и споделување на персонализирани пораки до

индивидуи или одредени групи на корисници. Големи можности нуди и социјалната

технологија, споделување содржини генерирани од корисници и дистрибуција на

содржините преку мрежите за социјално поврзување.57

Во почетокот на развојот на електорнската трговија, маркетинг стратегија за влез

на глобалниот пазар се состоеше од едноставни кликови на веб страните со што се

постигнувало зголемување на свесност на корисникот, релаизација на успешни

потрошувачки трансакции и искуства, а со тоа раст и јачина на брендот кој се рекламира

онлајн. Но опциите, можностите кои ги нуди Интернетот се многу големи за само

едноставно да се користи на овај начин. Предизвикот беше превземен со појавата и

рзвојот на маркетинг специјалисти кои на најдобар можен начин успеваат да ги

искористат позитивните страни на интернетот при тоа минимализирајќи или целосно

избегнувајќи ги негативните страни, доколку постојат. Во таа насока, еден од позитивните

страни кој се појавија во маркетингот се интернет маркетинг комуниациите. Интернет

маркетинг комуникациите треба да се засноваат на три принципи, тоа се:58

Континураност на процесот на комуницирање,

Ориентираност кон потрошувачите и останатиот целен аудиториум и

Стратегиско планирање.

Афилијативниот маркетинг ги почитува и се води според овие приниципи. Неговата

континиураност во процесот на комуникација се презентира преку постојаното присуство

и одржување на контакт со потроошувачите во онлајн средината. Сите комуниакции кои

се остваруваат се во насока кон потрошувачите, односно откривање нивни желби,

потреби, идеи. Одржувањето на позитивна врска со клиентите е во фокусот на

афилијативниот маркетинг. Успешното реализирање на било која маркетинг политика за

57

Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial Perspectives 2004, Prentice Hall,

2004, стр.13 58

Fill Chris, Marketing communications: interactivity, communities and content, fifth edition, 2009

Page 107: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

афилијативен маркетинг би зависела од убаво, темелно, добро осмислено стратегиско

планирање на истата. Со што, основните принципи воопшто, за маркетинг комуниациите,

во сферата на афилијативниот маркетинг многу се почитуваат и се применуваат.

Поттикот за примената на афилијативниот маркетинг во маркетинг работењето на

компаниите пред се се води од лесниот начин на имплементација. Исто така преку

афилијативнот маркетинг компаниите допираат до голем број на потенцијални

потрошувачи, се остварува глобален домет, глобално присуство на компанијата или

брендот а со тоа се остварува и креира свесност за постоење на одреден производ или

услуга или корпоративно постоење на бренд, комппанија која се претсавува на пазарот.Со

самото тоа што се поврзуваат две страни една преку друга со афилијативниот маркетинг,

се постигнува и позитивен ефект врз градењето на имиџ и кредибилитет за компанијата.

Клучна придобивка на афилијативниот маркетинг е што се плаќа по остварување,

соработниците филијалите обезбедуваат квалификувани насочувачки податоци за

продажбата во замена за претходно договорени компензации. Друга предност е

постоењето на воспоставена база на корисници која уредувачот на пазарот може

моментално да пристапи преку соработникот. За соработниците тоа е постојан приход кој

може да произлезе од тие врски. Присуството на лого или бренд од друга компанија може

да придонесе за престиж и кредибилитет.

Можноста за таргетирање во онлајн маркетингот е неспоредлива со можноста за

таргетирање во офлајн маркетингот воопшто, бидејќи постои таргетирање по јазик,

географска локација, време од денот кога ќе се појавува рекламата, платформа на која ќе

се појваува, по пребарување на клучни зборови од страна на корисникот, според

конткестот и насловот на другите пртходно отворени веб страни.

Филијалата на својата веб страна поставува линк до веб страната на компанијата и

ги охрабрува своите посетители да го поддржат нејзиниот маркетинг партнер. Одредени

филијали добиваат провизија врз основа на остварена продажба, додека други добиваат

надомест врз основа на бројот на остварени кликнувања или нови регистрирани, или

рамен, фиксен надомест или одредена комбинација од нив. Со ова би се согледало дека

можеби со примената на афилијативниот маркетиг компаниите се соочуваат со одредени

потешкотии во делот на утрдување на бројот на кликови, односно пресметката на

надоместот според кој се договрени со афилијатинвиот партнер. Предизвикот постои

Page 108: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

бидејќи постојат чести случаи на онлајн измами со кликнување затоа потребно е

компаниите кои го применуваат овај вид на маркетинг да внимаваати да вложуваат во

имплементација и користење на нови заштитни технологии или постојана надградба на

веќе постоечките технологии. Исто така компаниите треба да внимаваат кој е нивниот

афилијативен маркетинг парнер, бидејќи постои можност да влијае негативно на имиџот

на компанијата. Односно компнаија која има лоша репутација на пазарот, не задоволни

потрошувачи не може да биди афилијативен партнер со кој би се градело позитивно

мислење кај потрошувачите.

Негативностите не се многу големи во споредба со предностите кои ги нуди затоа и

голем број на компании пристапуваат кон примена на афилијативниот маркетинг.

Истражувањата укажуваат на посотојана примена, но и зголемување како и константен

пораст на афилијативниот маркетинг во работењето на компаниите.59

Според 90% од

испитаниците афилијативниот маркетинг престставува многу важен дел во нивното

работење, со што истакнале дека преку афилијативните врски се остварува над 20% од

вкупниот годишен приход на компаниите. Со што се променува првичниот поглед кои

трговците го имаа кон афилијативниот маркетинг како начин само на привлекување на

посетители на веб страните, туку се фокусираат кон негова примена во насока на моќен

канал на привлекување потрошувачи, нивно задржување преку градење на врски со

постојани поптршувачи и реализација на значајни трансакции токму преку афијлаитвниот

маркетинг. 80% од испитаниците потврдиле дека во своето работење го вклчуваат

афилијативниот маркетиг завземајќи значајно место во креирањето и реализацијата на

маркетинг стратегијата, како и тоа дека 10% од вкупните планирани трошоци се

однесуваат за афијлативниот маркетинг.Со ова истражување (кое се однесува на

состојбата на афилијативниот маркетинг во САД) се посочува дека во наредните пет

години афилијативниот маркетинг ќе расти и компаниите постојано ќе вложуваат во

неговата примена, бидејќи согледуваат позитивни резултати.

Каква е состојбата на афилијативниот маркетинг кај нас претставив преку

спроведената анкета. Според анкетата кај нас компаниите се уште не се доволно

запознаени пред се со примената и начинот на употреба на афилијативниот макретинг.

Заинтересирани се компаниите да го применуваат, како и да ги осознаат придобивките и

59

http://mthink.com/revenue/affiliate-marketing-industry-grow-6-8-billion-next-five-years/

Page 109: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

можностите кои ги нуди, но сепак се ограничуваат кога станува збор за негативностите со

кои би се сретнале при примената. Ова дава насоки за понатаму да се стремат компаниите

кон употребата на афилијативниот маркетинг, но прво треба да биде истиот добро

претставен укажувајќи на едноставноста во примената и креирањето на брзи резултатаи за

трговците.

Едноставни начини за примена на афилијативниот маркетинг се однсуваат на:60

Објавување и споделување на блогови и коментари на форуми, ова претставува

наједноставен начин на креириање на филијалното искуство за промоција онлајн.

Најчесто преку линкови до одредени страни презентирајќи ги пред форум

заедницата, затоа треба да се внимава какви производи се промовираат преку овај

вид, бидејќи форумите се составени од одредени фокус групи, со цел да не се

појави разминување меѓу понудениот производ и фокус групите на кои им се нуди.

Социјалните медиуми имаат голема моќ, социјалните мрежи се широко

распространети и претставуваат погодно место за поставување на промотивни

реклами, банери, видеа, фотографии. Бидејќи доколку се промовира добар

производ на креативен начин постојат големи шанси да биде забележан од сите

следбеници и пријатели како и да биде и понатаму споделуван. Ефектот би бил

поголем доколку тоа се спроведи преку фан страна на компанијата каде постoјат

подетални информации.

Креирање на сопствена веб страна, преку онлајн присуствотот на компанијата може

да се искористи можноста за постаување на афилијативен маркетинг, преку

поврзување со парнери и реферирање до нивата веб страна или од нивната веб

страна до страната на компанијата.

Користење на вирален маркетинг, тоа е техника на рекламирање која ги

искористува постоечките социјални мрежи за да предизвика експоненцијални

зголемувања за свесноста на брендот, преку вирални процеси кои наликуваат на

ширење на епидемија. При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк

опсег, преку лични контакти (word of mouth) зајакнати со употребата на интернет.

Бидејќи воглавно луѓето имаат ниско ниво на доверба во оналјн просторот,

основниот принцип на виралниот маркетинг е испртаената порака до

60

http://vsemproblemam.net/affiliate-programmes/prodvihzenie-i-raskrutka-partnerskih-programm.html

Page 110: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

потенцијалниот потрошувач да потекнува од некој кој го знае и има доверба, со тоа

пораката добива на релевантност и точност пред очите на потенцијалните

потрошувачи.

Споделувања на видеа на youtube, мрежа која привлекува голем број на посетители

со што оваа предност добро е да биде искористена.Поставувањата на видеа може да

биде збогатено со афилијативен маркетинг преку презентирање на афилијативни

врски на самото видео со линк до страната на трговецот, со тоа посетителите,

фановите кои го гледале видеото може да бидат лесно конвертирани во

потенцијални потрошувачи со кликање на линковите од афилијативниот маркетинг

а со тоа самиот споделувач на видеото да оствари провизија.

Промоција преку методот на плаќање преку клик, поставување на линкови на

пребарувачите при пребарување.

Афилијативниот маркетинг како е еден од најпопуларните и најдосапни за примена

и реалзаиција на профит онлајн, може да се спроведи применувајќи одредени правила и

насоки. Еден од најголемите предизвици пред примената на афилијативниот маркетинг е

одредување на добар партнер преку кој би се вршело поврзувањето. Партнерот треба да

разбери зошто учествува во промоцијата на производите, да ги знае производите или

услугите кои ги промовира нините карактеристики и квалитет пред луѓето на кои им ги

промовира.

Внимателно да се проучуваат производите и улугите кои се нудат преку

афилијативниот маркетинг. Исто така добро е да биде претходно анализиран и сообраќајот

на страната, односно посетителите, како се однесуваат, за што се заинтересирани при

посетата, која е целната група, да биде сегментирана по пол, воздраст, занимање и др.

Зависно видот на производо кој се нуди.

Треба добро да биде анализирана и провизијата која се наплатува, во поглед на

висина, начин на плаќање, утврдување на реалзиација. При креирање на сопствена веб

страна треба да се одржува таа страна константно, не само да биде креирана и

запоставена, па потоа креирана друга бидејќи компанијата губи на кредибилитетот на овај

начин, посетителите кои се заинтересирани нема да знаат која е официјална страна на

брендот, компанијата. Постојат поголем број на аспекти кои треба добро да бидат

Page 111: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

разгледани, проучени и анализаирани пред воспоставувањето на афилијативниот

маркетинг а се однесуваат на основите за функционирање на афилијативниот маркетинг.

Имплементацијата и примената на афилијативниот маркетинг треба да е добро

осмислена и стртаегиски анализирана, со цел нејзина успешна реазлизација. Иако на прв

погед делува едноставно, сепак потребно е добро анализирање и истражување пред

нејзината примена. Компанијата треба добро да анализира со кој партнер ќе воспостави

афилијативна врска и да ги анализира резултатаите кои се остваруваат, бидејќи на тој

начин ќе има увид што всушност се реалзира со афилијативниот маркетинг. Дали се

исполнуваат поставените цели и таргети или се реазлираат други цели кои не се

предвидени со стратегијата за маркетинг. Навремена контрола и постојан мониторинг

може да спречи вакви разидувања во поставените цели, водејќи кон реализација на

зацртаните цели на маркетинг секторот на една компанија.

Page 112: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

7. Преглед на литература

1. A practical Guide to Affiliate Marketing, Evgeni Geno Prussakov, 2007

2. Affiliate marketing the smart way, Pat Flynn, second edition,2016

3. Benway, J. P., Lane, D. M., "Banner Blindness: Web Searchers Often Miss

'Obvious' Links", 1998, Internet Technical Group, Rice University

4. Bruce C. Brown, The Complete Guide to Affiliate Marketing on the Web: How

to Use It and Profit from Affiliate Marketing Programs, Atlantic Publishing

Company (April 20, 2008)

5. Colin Combe, Introduction to e-business: management and strategy, Routledge,

2006

6. Dave Chaffey, E-Business and E-commerce Management, Prentice Hall, 2004

7. Dave Chaffey, Fiona Ellis-Chadwick, Richard Mayer, Kevin Johnston, Internet

marketing: strategy, implementation and practice, Prentice Hall,4th

edition,2009

8. Delbert Hawkins , David Mothersbaugh, McGraw-Hill/Irwin; Consumer

Behavior: Building Marketing Strategy, 12th edition,2012

9. Evgenii Prussakov, Bryan Eisenberg, Affiliate marketing:An hour a day, Sybex; 1

edition (April 12, 2011)

10. Fill Chris, Marketing communications: interactivity, communities and content,

fifth edition, 2009

11. George Е. Belch, Michael A. Belch; Advertising and Promotion; McGraw-Hill;

2007; p. 543

12. Internet marketing: strategy, implementation and practice, Dave Chaffey, Fiona

Ellis-Chadwick, Richard Mayer, Kevin Johnston, Prentice Hall,4th

edition,2009

13. Fill Chris, Marketing communications: interactivity, communities and content,

fifth edition, 2009

14. Introduzione al Marketing II-Edizione –Mauro Scarpellini, 2005

15. Kotler P., Marketing management. New Jersey: Prentice Hall,2000, p.8

16. Kotler Philip, Marketing Management, 11th edition, Prentice Hall, Inc., USA,

2003

Page 113: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

17. Michael R. Solomon, Consumer behavior, Prentice Hall; 10 edition,2010

18. Salai Suzana, Hegedeis Ivan, Grubor Aleksandar, Marketing komuniciranje,

Ekonomski fakultet Subotica, 2007

19. Strauss Judy, El-Ansary Adel, Frost Raymond, E-marketing, 4th

edition, Prentice

Hall,2005

20. The great convergence: An introduction,1999,C.M. Grimm,K.G.Smith,

21. Turban E., King D., L. Jae and Veihland D, Electronic Commerce: A Managerial

Perspectives 2004, Prentice Hall, 2004

22. Turban Efraim, King David, Introduction to E-commerce, Prentice Hall, Upper

Saddle River, New Jersey, 2003

23. Warren Mori ,Affiliate Marketing For Beginners: The start-up guide for writers

and bloggers on how to make money online using affiliate marketing

programs,CreateSpace Independent Publishing Platform (August 18, 2014)

24. Анита Циунова, Бошко Смаќоски, Маркетинг менаџмент, Економски

факултет Скопје, 2008

25. Димитриеска,С., “Маркетинг комуникации”, Скопје 2009

26. Електронска трговија, Кенет К.Лаудон, Карол Герсио Травер,2009

27. Котлер Ф, Каслионе Џ.А.: Хаотика- менаџирање и маркетинг во

турболентни времиња, Капитал, 2009

28. Котлер,Ф., Армстронг,Г., Саундерс, Џ., Вонг,В.,: “Принципи на маркетинг”,

трето европско издание

29. Односи со јавност, Нада Секуловска, трето издание, јануари 2009,

Економски факултет Скопје, 266 стр.

30. Секуловска,Н., Башеска-Ѓорѓиеска,М. Мирчевска,Т, Маркетинг

истражување преку интернет, Скопје, 2003

31. Michael A. Hitt, R. Duane Ireland, Robert E. Hoskisson, Strategic Management:

Concepts: Competitiveness and Globalization, четврто издание, 2000 година

(превод)

32. Pavlou, Paul A.; Stewart, David W.,Measuring the Effects and Effectiveness of Interactive

Advertising, 2000, Journal of Interactive Advertising., 61–77

Page 114: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

8.Референци

1. http://biznisi.blogspot.mk/2008/05/blog-post_22.html

2. http://ddcom.mk/blog-it-novosti-software/273-6

3. http://e-biznisi.net/

4. http://hubshout.com/?The-6-I%E2%80%99s-of-Internet-Marketing&AID=324

5. http://marketing.about.com/cs/internetbasics/a/createaffiliate.htm

6. http://marketing.rakuten.co.uk/display

7. http://marketing.rakuten.com/affiliate-marketing

8. http://marketingland.com/7-big-mistakes-new-affiliate-marketers-make-19195

9. http://marketingland.com/library/affiliate-marketing-news

10. http://mthink.com/revenue/affiliate-marketing-industry-grow-6-8-billion-next-five-years/

11. http://mthink.com/top-20-affiliate-networks-2015/

12. http://neilpatel.com/what-is-affiliate-marketing/

13. http://quickbooks.intuit.com/r/marketing/4-highly-profitable-affiliate-marketing-

programs/

14. http://relevance.com/alarming-facts-cmos-should-know-about-banner-ads/

15. http://smallbusiness.chron.com/six-benefits-internet-marketing-31382.html

16. http://tocka.com.mk/include/files/marketing.pdf

17. http://visual.ly/affiliate-marketing-statistics-2013

18. http://vsemproblemam.net/affiliate-programmes/prodvihzenie-i-raskrutka-partnerskih-

programm.html

19. http://www.amnavigator.com/blog/2010/10/06/european-affiliate-networks/

20. http://www.amnavigator.com/blog/2010/11/04/eastern-european-affiliate-networks-

czech-polish-russian-etc/

21. http://www.amnavigator.com/blog/2012/02/21/size-of-affiliate-marketing-industry-

worldwide/

22. http://www.amnavigator.com/blog/2012/10/02/affiliate-marketing-russia-market-size-

network-list/

23. http://www.benchmarkemail.com/blogs/detail/pros-and-cons-of-affiliate-marketing

24. http://www.cj.com/what-is-affiliate-marketing

Page 115: Примена на афилијативен маркетингeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Atanasovska_Marija.pdfна компаниите, а и се уште се прават

25. http://www.crnobelo.com/pdf/CRNOBELO.com_Marketing_Juni.2016.pdf

26. http://www.explido.de/blog/affiliate-marketing-around-the-world-spain-portugal-and-

italy/

27. http://www.explido.de/blog/affiliate-marketing-in-uk-2/

28. http://www.femina.mk/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0

%B8%D0%BD%D0%B3/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B5%

D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82

29. http://www.forbes.com/2005/11/08/marketing-ecommerce-internet-

cx_tt_1109straightup.html

30. http://www.forbes.com/sites/jaysondemers/2013/09/17/the-top-7-online-marketing-

trends-that-will-dominate-2014/

31. http://www.forbes.com/sites/steveolenski/2014/07/08/4-myths-about-affiliate-marketing-

you-need-to-know/

32. http://www.idividi.com.mk/extras/reklamiranje/index.asp

33. http://www.learnebusiness.com

34. http://www.marketingdonut.co.uk/marketing/internet-marketing

35. http://www.media-marketing.com/kolumna/personalizirani-marketing-postaje-temelj-

uspjesne-prodaje/

36. http://www.silverbean.com/affiliate/

37. http://www.smartinsights.com/traffic-building-strategy/

38. http://www.smartpassiveincome.com/affiliate-marketing-strategies/

39. http://www.tc.mk/afilijativna-programa/c

40. http://www.tc.mk/services/blog/category/internet-marketing/87

41. http://www.tc.mk/services/blog/razliki-megju-afilijativen-marketing-i-baner/361

42. http://www.tc.mk/uslovi-za-affiliate-korisnik/c

43. http://www.tradedoubler.com/uk-en/insight-resources/mobile-research/

44. https://affiliate-program.amazon.com/help/operating/advertisingfees

45. https://econsultancy.com/reports/global-affiliate-marketing-statistics

46. https://www.affiliatetraction.com/services/

47. https://www.ama.org/AboutAMA/Pages/Definition-of-Marketing.aspx

48. https://www.entrepreneur.com/article/240909