САД – Јадранската...

60

Transcript of САД – Јадранската...

Page 1: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година
Page 2: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

САД – Јадранската повелба На состанокот на министрите

за одбрана на САД – Јадранската повелба, кој се одржа во Тракошчан,

Хрватска, беше усвоена заедничката

изјава на министрите за одбрана од САД – Јадранската повелба во која се истакнува дека силно ја поддржуваат Република Македонија за што побрзо добивање на покана за полноправно

членство во НАТО и воедно ја реафирмираа нивната безрезервна поддршка на евроатлантската интеграција на Република Македонија, нагласувајќи дека интеграцијата на Република Македонија е од витален интерес за безбедноста и стабилноста на регионот. САД – Јадранската повелба, во формат А-3 е основана во 2003 година од Македонија, Хрватска, Албанија и САД. Во 2009 година кон Повелбата се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. А5-земјите меѓусeбно се поддржуваат во евроатлантските интеграции и даваат заеднички придонес кон НАТО-мисијата „Одлучна поддршка“.Република Македонија во 2017 година

Page 3: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

САД – Јадранската повелба

ШТИТ година IX број 87 јануари 2017

Инфо 2016

На прва линија Социјалните медиуми - најмоќната алатка на односите со јавноста

Од регионотШирењето на милитантниот исламизам на Балканот

Вооружување„AMX“, лесен ловец-бомбардер

ГлобалКомитети на НАТО

ВооружувањеЈуришна пушка „StG44“

ВооружувањеРуски ракетен систем земја-воздух „Двина“ ВооружувањеИзвидувачки тенк и оклопен транспортер на британската армија

ГлобалКако да се ребрендира Непал во тешки времиња

СторијаАмбасадор и војник во Република Македонија

ГлобалЕлементи на оперативниот дизајн: симултаност, длабочина и темпо

Незадолжително„ТЕХНОМА 2016“

НезадолжителноЗа феноменот Дедо Мраз и земјата Лапонија

с о д р ж и н а

10

16

5

22

24

36

38

42

4652

54

20

ќе го презеде претседателствувањето со САД - Јадранската повелба, при што во нашата земја ќе се организира и министерскиот состанок, како и состанокот на началници на генералштабови на армиите на земјите-членки. Воедно, во текот на 2017 година, во Република Македонија ќе се реализира и здружената вежба „Joint Reaction-17”, со што ќе се влијае на интероперативноста на армиите на земјите од групата А-5. Во обраќањето на состанокот, министерот Јолевски посочи дека Македонија, како еден од основачите на оваа иницијатива, високо ја вреднува улогата на А-5 како катализатор на одбранбената соработка во регионот. Во однос на

соработката, министерот посочи дека Македонија продолжува да биде заинтересирана во регионални проекти во духот на „паметната одбрана“, како што се развојот на регионални капацитети, тренинг-центри, заедничко одржување на комплексни одбранбени системи и слично.

32

Page 4: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

ПодготвуваИздавачки совет

Претседател на Издавачкиот советд-р Зоран Јолевскиминистер за одбрана

на Република Македонија

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:Умит Реџепи

(техничко уредување), Митко Василевски

(новинар), Кристина Илиевска

(новинар), Ксенија Митева

(лектор); Александар Атанасов

(фотографии)

Димче Исаиловски, академски сликар

(ликовно-графички дизајн и корица)

Печати: „Европа 92“

Кочани

4

Уште една година е зад нас. Ја испративме 2016 година која беше исполнета со

многу настани. Нашата земја во 2016 година се соочи со многу проблеми и предизвици. Големата мигрантска криза не ја одмина нашата татковина. Илјадници бегалци од конфликтните подрачја во текот на речиси целата година беа на нашата јужна граница, обидувајќи се да стигнат легално или илегално до западноевропските држави. Нè погодија и поплави, земјотреси, политичка криза и други предизвици со кои требаше да се справуваме. Армијата на Република Македонија во текот на 2016 г. уште еднаш покажа и докажа дека е достоен чувар на безбедноста и мирот. Припадниците на нашата армија деноноќно беа на јужната граница во поддршка на полициските сили за да се овозможи ред и безбеден проток на мигрантите. Паралелно со овие активности, припадниците на АРМ безрезервно му помагаа на македонскиот народ да се справи со последиците од големите поплави што не нè одминаа ниту оваа година. Со севкупната опрема и човечки потенцијал беа постојано ангажирани во загрозените подрачја. Во текот на 2016 година припадниците на Армијата сработија и многу други работи, целосно ги исполнија сите зададени задачи и мисии за

кои се подготвува Армијата. Продолжија ротациите во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, дадоа свој придонес и во неколку значајни интернационални воени вежби, беспрекорно беше изведена вежбата „Македонски блесок 12“. Секоја единица достоинствено си го одбележа својот патронат, претставувајќи се пред народот со постигнатото. Воениот оркестар ни ги разубави летните вечери со пригодни програми по градовите, се организираа тактички зборови и отворени денови за јавноста и уште многу други настани за кои пишувавме во текот на изминатата 2016 година. Во 2017 година очекуваме Армијата да продолжи по својот зацртан пат, остварувајќи уште поголеми успеси и во рамките на државата и во меѓународните мисии и заеднички вежби со армиите на другите армии, додека припадниците на Армијата очекуваат од државата да се реализираат сите проекти со кои ќе им се подобри стандардот, да се модернизираат и да се опремат според светски стандарди. АРМ го заслужува тоа бидејќи е армија која достојно нè претставува во светот и се грижи за интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Нека ни е среќна и бериќетна Новата година, а припадниците на Армијата нека бидат пример за секој како се чува, се брани и се гради сопствената држава.

д-р Жанет Ристоска

За Армијата

Page 5: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Инфо 2016

5

Учество на НГШ на АРМ на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, на 21 јануари учествуваше на состанок

на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите-членки на НАТО и земјите-контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кој се одржа во Командата на НАТО во Брисел. Фокусот на средбата беше запознавање на началниците на ГШ на армиите од земјите-учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан со најновите информации поврзани со мисијата, како и со последните достигнувања на засиленото трајно партнерство во Авганистан. Главна тема на состанокот беше моменталната безбедносна состојба и разгледување на плановите за реализација на мисијата „Одлучна поддршка“ со насоки за делување во 2016 година.

Хрватска целосно ја поддржува Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во рамките на работната посета на Република

Хрватска оствари средба со својот хрватски колега, Јосип Булјевиќ. Во текот на посетата на Република Хрватска, министерот Јолевски оствари средба со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ. За време на средбата, министерот Јолевски истакна дека Република Македонија цврсто стои зад своите врвни приоритети, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ, и дека интеграцијата на земјите од

регионот ќе придонесе кон постабилна безбедносна ситуација на Балканот и пошироко во Европа.

Министерот Јолевски во посета на Словенија

Билатералната и регионалната соработка, како и интеграцијата во НАТО-алијансата се клучот за одржување

на безбеден и стабилен регион, регион кој има капацитет да се справи со современите предизвици, заклучија на средбата што се одржа на 10 март во Љубљана министрите за одбрана на Македонија и на Словенија, Зоран Јолевски и Андреја Катиќ. Министерот Јолевски истакна дека е задоволен од развојот на билатералната соработка помеѓу двете земји, особено во областа на военото образование и заедничките вежби. Соговорниците разговараа и за Стратешкиот одбранбен преглед, кој е во фаза на изработка во Министерството, при што министерката Катиќ изрази подготвеност за помош во размена на искуства и експерти.

Средба на министерот Јолевски со Хојт Ји

Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од САД на патот кон полноправно

членство во Алијансата, заклучија министерот за одбрана, Зоран Јолевски и заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа

Инфо 2016Инфо 2016

Page 6: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

и Евроазија, Хојт Ји, на средбата што се одржа на 4 март во Министерството за одбрана. На средбата, министерот Јолевски се фокусираше на досегашните развојни процеси и програми во МО и АРМ. Хојт Ји изрази исклучително задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната која, како што рече, е пример за соработка меѓу две пријателски земји кои се стратешки партнери.

Заедничка стратегија за решавање на мигрантската криза

Потребна е заедничка стратегија, а во решението треба да бидат вклучени сите европски земји и Турција. Очигледно се

работи за мошне голема мигрантска криза, односно проблем кој е најголем за Европа по Втората светска војна“. Тоа го истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој на 5 март беше во посета на припадниците на АРМ на јужната граница и ги виде нивните услови за сместување и функционирање. Министерот Јолевски истакна дека со зголемување на мигрантите од другата страна на границата, кои се околу 13.000 на самата граница, врховниот командант донел одлука за зголемување и

на бројот на припадници на Армијата стационирани во областа на Гевгелија. Зборувајќи за идното присуство на Армијата, министерот Јолевски додаде дека МВР и АРМ се во постојана координација и дека постојано се вршат заеднички процени, по што и се утврдува бројот на припадници на Армијата кои ќе бидат стационирани на границата.

„Saber Junction 16“

Во период од 7 до 20.04.2016 година на повеќе локации и бази во Европа се реализираше мултинационалната

здружена вежба на НАТО-членки и партнери под кодното име „SABER JUNCTION 16“. На самата вежба учествуваа околу 5000 припадници од 16 држави: Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија,

Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Република Македонија испрати петнаесет припадници од својата најелитна единица т.е. од Баталјонот за специјална намена од составот на Полкот за специјални операции. Иницијалните подготовки македонските „волци“ ги започнаа во периодот од 11 до 23 март на терените на АП „Криволак“ каде имаа заедничка обука со припадниците на Армијата на САД. Заедничката обука како и разменетите искуства беа од исклучителна важност за самата вежба.

„Анаконда 2016“

Единици на АРМ учествуваа на воената вежба „Анаконда 2016“, која се одржа во Република Полска во периодот од

06.06 до 17.06.2016 година. „Анаконда 2016“ е најголемата воена вежба организирана во Европа од 1980 година наваму, со учество на 31.000 припадници на армии од 24 земји од НАТО и од Партнерството за мир (ПЗМ). На оваа вежба, во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и на Вооружените сили на Република Полска, беа вклучени копнени, воздухопловни, морнарички и специјални сили од дваесет армии на НАТО и четири партнерски нации (Македонија,Финска, Шведска и Украина). Контингентот со кој АРМ учествуваше на „Анаконда 16“ го сочинуваа 157 припадници од составот на Третиот механизиран пешадиски баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада во јачина на една чета, еден вод од Баталјонот на Воената полиција, припадници од Полкот за специјални операции и штабен персонал, кои пред заминувањето во Полска имаа комплексни подготовки на Армискиот полигон „Криволак“. Единиците на АРМ беа распоредени на три локации: на Дравско-поморско армискиот полигон, реонот на Чемно и Мирославјец, каде беа стационирани во логорски простории и во реони каде што заедно со останатите ги изведуваа вежбовните активности.

„Летен кампус 2016“

Во текот на месец јули се одржа „Летниот кампус“ кој го организира Воената академија „Генерал Михаило

Апостолски“. Во периодот од 4-13 јули, припадници на воени академии и армии од 13 земји зедоа активно учество на кампусот: 296 учесници од Романија, БиХ, Словенија, Италија, Турција, Словачка, Обединетото Кралство, САД, Македонија, Косово, Црна Гора и Бугарија, ги демонстрираа своите борбени вештини, изведувајќи ги до перфекција воените сценарија. И оваа година беа добиени високи признанија и одлични оцени и за учесниците и за организаторите. Овој кампус е дефинитивно еден од најдобрите промотори на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ надвор од границите на државата.

Page 7: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

7

НГШ во посета на припадниците на АРМ во Авганистан

Воена делегација на АРМ, предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски,

оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, ИР Авганистан. Генералот Величковски во текот на посетата на Авганистан оствари официјална средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“, генерал Џон Николсон, како и средби со одговорните старешини во командата за обука, советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ). На состанокот во Кабул посебен осврт се даде на учеството на македонскиот контингент во мисијата, при што генералот Николсон го истакна високиот професионализам на припадниците на АРМ и покажаните знаења и вештини при извршување на поставените задачи на позициите на кои се распоредени.

Секогаш во служба на народот

Армијата на Република Македонија ги стави на располагање сите потребни сили и материјални средства

за ангажирање во справување со последиците на невремето што го погоди Скопје. Тимови за пребарување и извлекување, опремени со специјална опрема и товарни возила, беа ангажирани во околината на Стајковци, селото Сингелиќ, населбата „Ченто“ и обиколницата на град Скопје, каде заедно со екипите на МВР и останати субјекти го пребаруваа теренот, се ангажираа на извлекување на загрозеното население, добиток и заглавените моторни возила. Ангажиран беше персонал, потребен број на моторни возила и материјални средства за пребарување на теренот, извлекување и помагање на месното население, како и достава на вода за пиење и останат неопходен материјал од собирните пунктови во град Скопје до погодените населени места, односно онаму каде што тоа е најпотребно. Од страна на Воената полиција во содејство со МВР се преземаше и регулирањето на сообраќајот во реонот на Стајковци, при што се помагаше во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.

Page 8: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

8

„IMMEDIATE RESPONSE 2016“

Во Република Словенија се одржа голема мултинационална вежба „IMMEDIATE RESPONSE 2016“, во која евидентна

улога имаа и припадниците на АРМ. Карактерот на самата вежба беше мултинационален и вклучуваше учество на преку 2000 припадници од десет држави. Албанија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Словенија, Обединетото Кралство и САД, дадоа свои претставници за овој комплексен вежбовен процес, кој во епицентарот на својата смисла ја имаше ставено интероперабилноста како главна нитка на спојување и дејствување на сите армии-учеснички.

Светско воено првенство во борење

Оваа година во периодот од 19 до 25 септември, Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана беа

организатори на 31. Светско воено првенство во борење. Во присуство на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, НГШ, генерал Методија Величковски, голем број на дипломати и претставници на разни институции од државата, беше евалуиран самиот настан како успешен и беше пофалена Р. Македонија, дека самиот настан го има организирано беспрекорно и дека АРМ и МО во тој контекст се докажале како одлични организатори на еден ваков грандиозен светски шампионат.

Балкански медицински наменски сили

Во касарната „Илинден“ во Скопје свечено беше отворено постојаното седиште на Балканските медицински наменски

сили, регионална организација чии земји-членки се Република Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија, а поддржувачи се Норвешка и САД. Ова е проект во духот на концептот „паметна одбрана“ на НАТО-aлијансата, кој ќе создаде мала, мобилна, брза организација, која секаде

и секогаш ќе биде онаму каде што е најпотребно за граѓаните. Овие сили ќе ги зголемат капацитетите во регионот, но и националните капацитети за заеднички операции во рамките на ЕУ и на ОН и надвор од регионот. Балканските медицински

наменски сили се уникатна мултинационална единица според НАТО-стандардите и претставува конкретен пример за регионална соработка.

Унапредување на соработката

Министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катич, беше во дводневна официјална посета

на Република Македонија. На средбата со министерот Зоран Јолевски беше потенцирана одличната соработка помеѓу двете држави во сите сфери, а особено во доменот на одбраната. За време на средбата двете делегации разговараа за актуелната безбедносна состојба во регионот, во Европа и пошироко, за

развојот на настаните поврзани со емигрантската криза, а се разговараше и за пренесување на искуствата при изработката на стратегискиот одбранбен преглед и за модернизацијата на двете армии.

Посветени на соработката во одбраната

Размената на искуства на патот кон полноправно членство во НАТО-алијансата, реализацијата на заедничките

вежби и обуки, како и продолжување на одличната соработка во областа на военото образование, беа темите на кои разговараа министрите за одбрана на Република Македонија и Босна и Херцеговина, Зоран Јолевски и Марина Пендеш на официјалната средба во Министерството за одбрана. Република Македонија и Босна и Херцеговина на полето на одбраната соработуваат од 2006 година, кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов, на Воената

Page 9: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

9

академија се школуваат девет питомци од Босна и Херцеговина. Оваа соработка е исклучително активна и во меѓународниот проект „Летен кампус“ кој се одржува секоја година во Република Македонија.

Меѓусебно користење на регионалните капацитети

Министерот за одбрана Зоран Јолевски оствари билатерална средба со министерот за одбрана на Република Србија,

Зоран Ѓорѓевиќ. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји, при што беше истанато дека е потребно понатамошно продлабочување и интензивирање на релациите, особено во делот на меѓусебното користење на регионалните капацитети кои се развиваат во двете земји. Во тој контекст, министерот Јолевски ги понуди армискиот полигон „Криволак“, кој е уникатен за извежбување на различни типови терени, Центарот за обука на пилоти, кој е еден од најсовремените центри од овој тип во Југоисточна Европа, како и Регионалниот центар за односи со јавноста, како прв партнерски центар за едукација во Република Македонија. Од српска страна беа понудени Регионалниот центар за АБХО, Центарот за логистика и Центарот за обука на копнени сили.

Средба Јолевски – Креј

Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт со многубројните активности изминатиов период,

докажаа дека се вистински партнери. Одличната соработка и интензивните контакти продолжуваат и во иднина“, заклучија

на средбата во Министерството, министерот за одбрана Зоран Јолевски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.

„Македонски блесок 12“Во периодот од 1 октомври до 7 октомври 2016 година, на армискиот полигон „Криволак”, во Кампот за обука во

Пепелиште, се изведе вежбата „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 12“. Овојпат главна улога имаше една чета од составот на Ренџерскиот баталјон. „Македонски блесок 12“ е вежба која се изведува со единици на терен, со употреба на артифиции и боева муниција, базирана на

сценарио за операции за поддршка на мирот и операции за одговор на кризи предводени од НАТО и од ЕУ, а под мандат на ООН. Со оваа вежба се демонстрира интероператибилноста на декларираната единица од ПСО за употреба во НАТО – ЕУ предводени операции.

Добра соработка

Министерот за одбрана на Чешка, Мартин Стропницки, во рамки на посетата на РМ оствари средба со министерот

за одбрана Зоран Јолевски, на која беше потврдена добрата соработка во областа на одбраната. На средбата се

разговараше и за мигрантската криза. На средбата помеѓу двајцата министри беше договорена соработка во областа на военото образование. За време на вториот ден од официјалната посета на Република Македонија, чешкиот министер за одбрана, Мартин Стропницки, заедно со министерот Зоран Јолевски ја посетија јужната граница и транзитниот центар, при што остварија средба со чешките и македонските полицајци и со припадниците на Армијата на Република Македонија.

Македонија, домаќин на Главниот штаб на СИБРИГ

На Состанокот на министрите за одбрана од Југоисточна Европа (СЕДМ), кој се одржа во Рим, Италија, беше

донесена одлука Република Македонија да биде домаќин на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) во периодот од 2020 – 2026 година.

Page 10: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

10

Социјалните медиуми се најдобриот стабилизатор. Тие му даваат глас и платформа за комуницирање на секој кој

сака да биде дел од нив“, вели Ејми Џо Мартин, позната претприемничка, автор, мотивациски говорник и сопственик на „Digital Royalty“. Социјалните медиуми во корен го менуваат начинот на кој комуницираме. Тие се еден огромен балон кој непрекинато расте. Од аспект на односите со јавноста, чија основна цел секогаш и секаде е да информира, да комуницира и да ја унапредува транспарентноста на еден ентитет, без оглед дали станува збор за институција, организација или приватна компанија, социјалните медиуми истовремено се една исклучително „страшна“ алатка, но и алатка која не смееме да си дозволиме да ја игнорираме. Во суштина, социјалните медиуми во голема мера го променија начинот на кој работат односите со јавноста, како се тие

организирани и како комуницираат со јавноста. Она што до пред дваесетина години беше еднонасочна комуникација, чија ефикасност и ефективност се утврдуваше единствено преку мерењето на јавното мислење на одредени интервали, денес прерасна во нешто сосема поинакво бидејќи односите со јавноста, преку овој балон наречен социјални медиуми, денес не практикува еднострано пренесување на информации до јавноста. Напротив, денес постои дигитален разговор, дијалог, односно двонасочна комуникација. Ќе се запрашате како. Едноставно, Министерството за одбрана „постира“ (во текстот ќе најдете поголем број на зборови кои се преземени од т.н. „дигитален англиски јазик“, за што се извинувам) една информација на официјалниот канал на најпознатата социјална мрежа во Република Македонија, Facebook, и во истиот момент добива повратна информација

На прва линија

Ефективните односи со јавноста треба да имаат предвид два елементи:

клучната порака и клучната публика. Единствено на тој начин може да се достигне целосна транспарентност и отвореност кон јавноста. Во тој контекст, пренесувањето

на генералната порака за активностите на ентитетите,

која е од јавен интерес, побарува колку што е можно

поголема публика. Cоцијалните медиуми овозможуваат да се допре до што е можно повеќе

граѓани

Социјалните медиуми -

најмоќната алатка на односите со јавноста

Page 11: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

за тоа дали и во колкава мера лицата кои се дел од оваа мрежа и кои ја следат страницата на Министерството, им се допаѓа таа информација, дали истата ги заинтересирала во толкава мера што тие сакаат да остават свој личен коментар или сакаат да ја споделат на својот „дигитален ѕид“ за да им биде достапна и на своите „дигитални пријатели“. Тоа е одлично мерило за тоа дали информацијата допрела до клучната публика, дали била разбрана на начин на кој би требало да биде разбрана и кое е мислењето на клучната публика за истата таа информација.

Зошто социјалните медиуми се важни за односите со јавноста?Ефективните односи со јавноста треба да имаат предвид два елементи: клучната порака и клучната публика. Единствено на тој начин институцијата или организацијата може да достигне целосна транспарентност и отвореност кон јавноста. Во тој контекст, пренесувањето на генералната порака за активностите на ентитетите (на пример Министерството за одбрана), која е од јавен интерес, побарува колку што е можно поголема публика. Одговорот на прашањето како може да се допре до што е можно повеќе граѓани е со помош на социјалните медиуми. Фактите покажуваат дека од околу 7,3 милијарди луѓе на планетата, 3,17 милијарди во еден момент се на интернет, а 2,3 милијарди се присутни на социјалните медиуми. Тоа е вкупниот број на лица во глобални рамки кои ви се достапни и на кои можете да им ја пренесете пораката. Сепак, тоа не значи дека со еден клик вие и институцијата можете да имате пристап до оваа огромна публика. Тоа зависи од бројот на лицата кои ве следат и нивната желба понатаму да ја

пренесат информацијата која вие сте ја пласирале. Но, сепак, можноста е тука. Социјалните медиуми се единствените кои ви даваат потенцијален пристап до толкав број лица. Еден податок вели дека брзината на раст на овие медиуми воопшто не запира, и покрај тоа што околу една третина од светската популација е веќе дел од една или од

11

Page 12: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

повеќе социјални платформи. Имено, во 2015 година бројот на корисници на социјалните медиуми пораснал за цели 176 милиони лица, односно 12 нови лица пристапувале кон социјалните платформи на секоја секунда. Но, овој голем број на корисници има и своја „негативна“ страна. Доколку оние 2,3 милијарди се потенцијални членови на вашата публика, фактот дека на платформата „Tweeter“ дневно се пласираат околу 500 милиони т.н. твитови, а на Facebook, 55 милиони нови статуси, лесно може да се увиди дека станува збор за исклучително голем предизвик, вашиот статус или „твит“ да биде виден од што е можно поголема публика. Со цел привлекување на што е можно поголем број лица како следбеници, секој корисник, а особено институциите од областа на одбраната, мора да се насочат и да се приспособат на јазикот, односно на речникот на социјалната платформа. Тие мора да бидат непосредни, да зборуваат во прво лице, а до некоја мера да бидат и забавни. Тоа, во никој случај не го намалува кредибилитетот на институцијата, туку напротив, дава до знаење дека истата може и знае да допре до секое лице, без оглед на старосната или половата група.Во суштина, доколку се следат неколку

базични правила (како она за речникот кој би се користел на социјалните медиуми), институцијата би требало да биде успешна во својата мисија. Во прилог на тоа одат неколку основни карактеристики на социјалните медиуми:1. Тие се „заразни“. Сите ние, нашите профили на социјалните медиуми ги носиме со нас. Секаде. Секогаш. Тие се дел од нашите „паметни телефони“, тие се првото нешто што го гледаме на нашите интернет прелистувачи. Човекот е битие кое во својата срж ја има комуникацијата. Ние можеме да преживееме единствено поврзувајќи се со останатите и затоа социјалните медиуми се досега невиден катализатор

на човековото комуницирање, отсекогаш биле и ќе останат важен, нераскинлив дел од секојдневието.2. Тие се базирани на поединецот. Има неколку разлики помеѓу конгломератот кој го нарекуваме „традиционален медиум“ со т.н. Веб 2.0, односно социјалните медиуми. Можеби најважната разлика е фактот дека социјалните медиуми се базираат на поединецот, неговото размислување, неговиот интерес, неговите желби, неговите граници и неговата етика. Во комуникацијата на „Facebook“ или

„Twitter“ не постои главен и одговорен уредник, не постои сопственичка структура која може да влијае на известувањето. Едноставно, таму сте вие и останатите 2,3 милијарди луѓе пред вас. Ништо повеќе и ништо помалку. Но, тоа претставува и исклучително важен ризик-фактор за кој ќе стане збор малку подолу во текстот. Во однос на оваа карактеристика се појавува и термин, т.н. „citizen journalism“, односно граѓанско новинарство, кое е ослободено од сите препреки на традиционалното новинарство, но затоа, пак, не е обврзано ниту од основните правила на новинарството како проверка на факти од минимум три извори, кодекс на новинари, новинарска етика и сл. Тоа во исто време носи информации кои не се пласирани преку контролни механизми, но и информации за кои може да се утврди дека се целосна шпекулација и невистина.3. Социјалните медиуми се интерактивни. Оваа карактеристика ја споменавме и погоре. Тие се „алфа и омега“ на двонасочната комуникација. Корисниците во само еден момент и со само еден клик покажуваат дали одредена информација им се допаѓа, додека истата можат да ја коментираат и да ја пренесат на својот профил. Во случајот на „Twitter“, соодветниот „твит“ може да биде и

12

Page 13: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

13

„ретвитуван“, односно пренесен до вашите следбеници. Однеодамна, корисниците на платформата „Facebook“ можат да постават и своја реакција која се разликува од првичното „ми се допаѓа“, а тоа е да покажат „љубов“, да се „насмеат“, да бидат „зачудени“, „натажени“ или „лути“.4. Социјалните медиуми се бесплатни. Отсекогаш биле и засекогаш ќе бидат. Во многубројните предавање во Регионалниот центар за односи со јавноста во Министерството за одбрана, учесниците неретко знаат да ја предизвикаат оваа карактеристика со тврдењето дека сепак плаќаме да бидеме поврзани на интернет. И, тоа е точно. Но, тоа е единствениот трошок, кој вклучува многу повеќе од пристапот до социјалните медиуми. Приклучувањето на која било од овие мрежи било и ќе биде бесплатно бидејќи, не заборавајте, тие се публика и за рекламирање на сè што можете да замислите, а тоа, секако, се наплатува од страна на компаниите.5. Социјалните медиуми се молскавично брзи. Кај нив сè се случува сега. Во овој момент. Веќе следниот момент можете да најдете нова информација. И така во континуитет. Затоа, како дел од тимот за односи со јавноста на која било институција, организација или компанија, па и како личен корисник кој има нешто што сака да го каже пред своите пријатели или следбеници, вие морате да се истакнете од незамисливиот хаос наречен 500 милиони „твитови“ и 55 милиони „постови“ дневно. Морате да бидете уникатни, посебни, визибилни.Кога зборуваме за социјалните медиуми и најпознатите платформи (Facebook, Twitter), мораме да ги споменеме и останатите елементи по кои тие се разликуваат од традиционалните медиуми како: опсегот, перманентноста на информацијата, фреквенцијата на нови информации итн.

Ризиците поврзани со социјалните медиумиСоцијалните медиуми, покрај својата позитивна улога во пренесувањето на информацијата до дефинираната клучна публика, со себе носат и поголем број ризици кои мора да се имаат предвид при нивното користење, особено од аспект на безбедносните институции. Првенствено тука станува збор за можноста за ширење на невистини и шпекулации на самиот официјален профил, во форма на коментари од следбениците, а секако предвид треба да се земе и речникот кој корисниците, односно следбениците можат да го користат. Токму затоа, во дескрипцијата на официјалниот профил на Министерството за одбрана, стои: „Ова е официјалната Facebook-

страница на МОРМ – Министерството за одбрана на Република Македонија. Коментарите постирани од следбениците не мора да значи дека ги претставуваат официјалните ставови или политиката на институциите или на МОРМ“. Дополнително, во делот на генерални информации, јасно се истакнати правилата на користење, односно на споделување мислења. Тоа се насоки кои укажуваат на тоа што Министерството за одбрана дозволува, односно што ќе биде отстрането од страницата. Во генералната информација се вели дека Министерството ја поддржува дискусијата во секоја форма, дозволува неистомисленици да го кажат својот став, но нема да толерира говор на омраза, етнички или полово недозволени коментари, пцости и навреди, илегални активности, „спамови“

или постови кои се косат со законските прописи и слично. Дополнително, предвид мора да се земат и генералните ризици кои се поврзуваат со социјалните медиуми како заштитата на личните податоци, поставување на фотографии од корисници под 18 години (без дозвола и авторско право), поставување на

информации кои се безбедносно сензитивни, алатката „geo-tagginig“ (особено на задача или во мисија) и слични активности. Министерството за одбрана на Република Македонија активно користи три од најпознатите и најпосетените социјални медиуми во државата: Facebook, Twitter и YouTube. Во

следното продолжение подетаљно ќе стане збор токму за начинот на употреба на овие социјални медиуми од страна на Министерството.

Иван Петрушевски

Со цел привлекување на поголем број лица како

следбеници, секој корисник, а особено институциите

од областа на одбраната, мора да се насочат и да се

приспособат на јазикот, односно на речникот на социјалната платформа

Page 14: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

14

Инфо

Македонија ќе произведува оружје

На 7 декември во околината на Македонски Брод официјално започна инвестициската активност за изградба на

најсовремена фабрика за оружје, муниција и опрема.Американската компанија „Броудстоун дифенс“ официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари во месноста Барбарос кај Македонски Брод, каде на 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на мај идната година кога ќе стартува и тест-производството, а редовното производство се очекува да започне од јули 2017 година. Вработени ќе бидат повеќе од 200 лица. „Компанијата ’Броудстоун дифенс’ ќе трансферира најсовремена технологија во Македонски Брод од каде што

Компанијата ’Броудстоун дифенс’ ќе трансферира

најсовремена технологија во Македонски Брод од каде што американската војска и земјите-членки

на НАТО ќе се снабдуваат со муниција и лично

вооружување. Покрај отворањето нови работни

места, Македонија ќе добие и најсовремен производствен погон за муниција и лично

вооружување според стандардите на НАТО

Page 15: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

15

американската војска и земјите-членки на НАТО ќе се снабдуваат со муниција и лично вооружување. Оваа инвестиција има повеќе значења. Покрај отворањето нови работни места, Македонија ќе добие и најсовремен производствен погон за муниција и лично вооружување според стандардите на НАТО. Но, воедно, ова е и многу значаен чекор напред во зајакнување на борбената готовност на Армијата на Република Македонија“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во своето обраќање пред присутните. Според него, еден од проектите за модернизација на АРМ е конверзија на личното вооружување на припадниците

на Армијата со она на НАТО-членките. Овој проект ќе го финансираат САД и со него практично ќе имаме производител на територијата на Македонија за муниција која во иднина ќе ја користи АРМ. Компанијата „Броудстоун дифенс“ веќе има и договори за извоз во следните неколку години, но АРМ ќе добие приоритет ако се покаже дека за тоа има потреба, додаде Јолевски. Фабриката за муниција е прва од неколкуте проекти што „Броудстоун дифенс“ ги планира во Македонија. Јолевски, за време на посетата во Вашингтон минатиот месец, бил информиран за идните планови на компанијата и новите производствени погони во Барбарос. Со реализацијата на овие планови, локацијата ќе стане центар за наменска индустрија не само во Македонија, туку и пошироко во регионот, рече Јолевски. Компанијата „Броудстоун дифенс“ разгледувала повеќе локации за

фабриката но, како што истакна основачот, Денис Прат, ја одбрале Македонија поради одличната геостратегиска положба и поволната бизнис-клима. „’Броудстоун дифенс’ ќе вработи 200 луѓе во следните неколку години. Вработувањата ќе почнат од април 2017 година, кога ќе ангажираме локални мајстори, поранешен воен персонал, лица со искуство во огненото оружје и муниција, како и административци“, истакна Прат.Градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, во својот говор истакна дека по 30 години ова е прва нова инвестиција во Македонски Брод и околината, која ќе има големо

значење за економски локален развој, особено за враќање на младите и нивно вработување во родниот крај. Пред присутните зборуваше и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции Ивана Николиќ, која потенцираше дека привлекувањето странски компании е сложен и комплексен процес. Таа нагласи дека преговорите со „Броудстоун дифенс“ почнале пред околу една година, а финалната одлука за инвестирање била донесена во август оваа година. На официјалното означување на почетокот на инвестицијата присуствуваа и министерот за странски инвестиции Џери Наумов, како и генералот Џим Џонс, еден од најголемите стратези на 21 век, дипломат со успешна кариера и прв советник за национална безбедност на американскиот претседател Обама.

Кристина Илиевска

Page 16: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Делегација на Министерството за одбрана во состав проф. д-р Александар Стојчев, директор на Воениот музеј и посебниот советник

на министерот, академскиот сликар Димче Исаиловски, во периодот од 27. 11. до 3. 12. 2016 г. реализираа работна посета на Кон-гресната библиотека и на Националниот архив на САД во Вашингтон. Во Конгресна-та библиотека делегацијата имаше работни средби со Ангела Кенон, специјалист за Македонија, со Мирослава Незар, шеф на Одделот за ЈИ Европа и Барбара Орбах Нетенсон, шеф на Одделот за печатени материјали и фотографии. Од Конгресната библиотека дознавме за големиот интерес на американските граѓани за печатени изданија од Македонија на англиски јазик, при што бевме информирани дека во библи-отечното депо има 150 книги издадени во РМ и помал број други изданија. Видовме дека американската Конгресна библиоте-ка располага со: „Документите за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“ на англиски јазик,

„Македонската енциклопедија“, издадена од МАНУ, „Воена историја на Македонија“ од проф. д-р Ванче Стојчев, месечен магазин на Министерството за одбрана „Штит“ и други изданија, на македонски јазик. Маке-донската делегација ѝ ги подари на Конгрес-ната библиотека книгите „Воена историја

на Македонија“ на англиски јазик и „Буку-решкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, како и каталози за изложби на Воениот музеј и годишното издание на магазинот „Штит“ на англиски јазик. Раководните лица во Конгресната би-блиотека искажаа интерес да се започне со-

работка со библиотеките во состав на МО за набавка на печатени изданија. Од особено значење е што во сите физички картотеки, тврди копии и печатени материјали, како и во електронските регистри на Конгресна-та библиотека во Вашингтон, Република Македонија се води под уставното име или под името МАКЕДОНИЈА (MACEDONIA). Нашата делегација изврши и прелиминарно истражување на фондот на Херберт Кори, кореспондент од Македонија за време на I светска војна, при што се откриени значајни ракописи, објавени статии и фотографии значајни за македонскиот национален иден-титет признаен од американските автори во дела создавани во текот на 19-20 век. Беше откриена и ископирана извонредно важната статија напишана од Херберт Корисо со на-слов „На патот кон Битола“ (“On the Monastir Road”), објавена во списанието „Национална географија“ во мај 1917 година (The National Geographic Magazine), придружена со бројни необјавени документи и фотографии создадени за време на престојот на Кори на Балканот и во Македонија. Статијата

16

Делегација од Mинистерството за одбрана

на Република Македонија во посета на Националниот

архив и на Конгресната библиотека во Вашингтон

Американски сведоштва за македонската посебност и македонската

борба за слобода и државност

Истражувања

Page 17: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

17

започнува со препознавање на континуи-тетот на 30-вековната воена историја на Македонија, која од времето на Александар Македонски преку римските легии, сè до времето на I Светска војна кога е пишувана статијата, претставува средиште на сите важни светски воени збиднувања во која војуваат речиси сите светски нации, меѓу кои авторот ги препознава и Македонците и Македонките како посебна нација. На стр. 388, авторот наведува дека „на заминување од Битола кон Добровени разговарал со една постара жена која со особена гордост му соопштила: „Јас не сум ни Бугарка ни Србинка, јас сум единствено Македонка и ми е смачено од војната“.Во Националниот архив на САД во Вашинг-тон имавме средба со Дејвид А. Лангбарт, одговорен за фондовите на американскиот Стејт департмент, поврзани со дипломатски и воени архиви, при што добивме особе-но значајни информации за Македонија и за Македонците во архивската граѓа. Со негова помош, извршивме прелиминарни истражувања на дел од посочената микро-филмувана граѓа, при што се лоцирани и

прегледани особено значајни документи за македонската нација и македонскиот идентитет. Од најприоритетно национално значење за РМ е микрофилмуваната граѓа за македонската борба за државност и самостојност и за поделбата на Македонија во 1913 година, која е поместена на микро-филмовите под сигнатура: „Micro-copy No. 363 Records of the department of State relating to political relations between Turkey and other States, 1910-1929, Roll No. 26 and Roll No. 27” (Микрофилм бр. 363, Документи на Стејт департментот во врска со политич-ките односи помеѓу Турција и други држави 1910-1929 година, ролни 26 и 27). Особено се важни документите од американскиот Стејт департмент, извештаите на дипломат-ските претставници од Атина, од Солун и од Цариград (Истанбул) во предвечерието на Балканските војни 1912-1913 година, кога до државниот секретар во Вашингтон и до претседателот на САД се пренесуваат сознанијата за политиката на балкански-те сојузници Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија во однос на Македонија и нивната поврзаност со интересите на големите сили, во однос на распарчување на Македонија. Во извештајот кој е архивиран под сигнату-ра 767.70/29, државниот секретар на САД е информиран за плановите за испраќање на ултиматум од Балканскиот сојуз до

отоманската Влада за исполнување на членот 23 од Берлинскиот договор и давање автономија на Македонија со гувернер од Белгија или Шведска, што подоцна и се слу-чило. Балканската војна започнала неколку дена по испраќањето на овој извештај, но по успехот на Балканскиот сојуз со Букуреш-киот договор од 10 август 1913 година, не само што на Македонија не ѝ била дадена автономија туку безмилосно е поделена

помеѓу Кралствата на Србија, на Грција и на Бугарија. Оваа бројна документација во текот на 1912 и 1913 година расветлила бројни идеи и премрежиња на европската и на американска дипломатија. Архивските материјали до кои дојдовме во Вашингтон го документираат и стремежот на Македон-ците заедно со Власите, со Албанците и другите етнички заедници од Македонија, во текот на Балканските и I Светска војна да се

создаде независна држава во која сите тие заедно самите ќе одлучуваат за иднината на својата татковина Македонија. Во писмото од Власите и од Албанците од Македонија упатено на 10 март 1913 година до амери-канскиот претседател Вудро Вилсон, се на-ведува дека единствено правично решение за источното прашање е Македонија да им се даде на управување на македонските националности за да може таму да се вос-постави траен мир и политичка рамнотежа.

д-р Александар Стојчев

При истражувањата во Конгресната библиотека и во Националниот архив на САД во Вашингтон беа откриени

повеќе нови изворни сознанија од непроценлива вредност

за докажување на вековното постоење и опстојување на македонскиот народ и македонскиот идентитет

Page 18: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

18

Според градбата „AMX“ е високо-подзвучен едномоторен млазен авион со висококрилна класична конструкција од која се развиени

едноседна и двоседна верзија. Основните материјали за градба на конструкцијата се легури од алуминиум, а во мал процент се користат и композитни материјали. За да се зголеми можноста за преживување на лета-лото при изведување на борбените мисии, главните системи се дуплирани, виталните делови се заштитени, вградени се гумени самозаптивачки резервоари за гориво (со вкупен капацитет од 3.555 литри), команди-те за летање се комбинација од електрични и хидраулични системи, а вградени се и активни и пасивни електронски системи од компанијата „Elettronica“ и детектор за радарска озраченост во опашката на авионот. Исто така, „AMX“ е проектиран да биде едноставен и евтин за одржување, со цврста конструкција и стоен трап, со цел да се овозможи полетување и слетување на делумно оштетени писти, односно за полетување и слетување му се потребни околу 450 m до 520 m. Во носот на италијанскиот „AMX“ е вграден радарот Fiar Pointer (верзија на радарот EL/M-2001B). На контролниот панел во кокпитот се вградени 3 повеќенаменски колор дисплеи и широкоаголен нишански HUD, а за управување се вградени HOTAS команди. Исто така, кокпитот е приспосо-бен за користење на пилотски визири за ноќно летање. Пилотот седи на катапулт-седиштето „Martin-Baker Mk 10L“ (0-0). Инаку, обликот на поклопецот и позицијата на кокпитот на пилотот му овозможуваат одлична прегледност од внатрешноста. Од десната страна на кокпитот е поставен фик-сен приклучок за дополнување на леталото со гориво во лет. Од авионика во леталото се вградени 2 мисиски компјутери со 2 магистрали на податоци MIL-STD-15538, наменети за навигацијата и напаѓачките сензори. Вградена е и магистралата на податоци MIL-STD-1760, со цел поврзување на ракетите и наведуваните оружја со упра-вувачкиот систем. За прецизна навигација вграден е GPS/ INS систем, систем за идентификација „свој- туѓ“ (IFF) и друго. За комуникација во леталото e вграден

дигитален кодиран дата-линк. Бразилската верзија на AMX се разликува во опремено-ста со авионика од италијанската верзија. Односно, во најсовремената верзија „А-1М“ е вграден радарот „SCP-01 Scipio“, вграден е FLIR и ласерски означувач на цели, BR2 дата-линк и нови навигациски GPS/ INS системи. Пилотот е опремен со шлем DASH IV (со поставен дисплеј), кој е компатабилен со визири за ноќно летање, има нов ,,ста-клен кокпит” и друго.Од вградено оружје во италијанската верзија од левата долна страна на носот е поставен автоматски топ М61А1Vulcan, со калибар од 20 mm за чии потреби во бара-банот се сместени 350 гранати, додека во бразилската верзија од двете долни страни на носот се вградени 2 автоматски топови „Bernandini Mk-164“, со калибар од 30 mm, за кои во трупот се сместени 125 гранати. AMX поседува 7 носачи за оружје на кои може да понесе боев товар од максимум 3.8 тони, односно има еден носач под трупот, по 2 носачи под крилата и по 1 носач на крае-вите од крилата. Од ненаведувани оружја може да понесе повеќецевни лансери за ненаведувани ракети, бомбите Мк82, Мк83, Мк84, касетни бомби „Beluga“, диспензер на касетна муниција „Skyshark“ и друго. Од на-ведувани оружја може да ги понесе ласер-ски наведуваните бомби „Lizard“ и „GBU-12 Paveway II“, ИЦ-наведуваната бомба „Elbit Opher“, сателитски наведуваните бомби JDAM и антирадарската ракета MAR-1. За самоодбрана AMX на краевите од крилата може да понесе вкупно 2 противавионски ракети со краток дострел кои поседуваат ИЦ-наведување „AIM-9L Sidewinder“ или „MAA-1 Piranha“. Покрај оружја на носачите може да постават и подвесни нишански контејнери „GEC TIALD“, „Thomson –CSF ATLIS“ и „Litening“, извидувачки контејнери „Oude Delft“ и „Orpheus“, но и контејнер за електонски контрамерки ELT-555. На сите 4 подкрилни носачи за оружје леталото може да понесе дополнителни резервоари за гориво. На внатрешните носачи под крилата може да се постават резервоари со капаци-тет од 1100 литри, додека на надворешните носачи, резервоари со капацитет од 580 литри.

Ивица Дамески

2

Вооружување

1

29

„AMX“, лесен ловец-бомбардер

1. Радар „Fiar Pointer“ 2. Куќиште на предната авионика3. Контролен панел со дисплеи и HUD4. Позиција на пилотот5. Катапулт-седиште „Martin- Baker Mk 10L“ (0-0)6. Носач на противавионска ракета 7. Противавионска ракета „AIM- 9L Sidewinder“8. Елерон9. Флапсови10. UHF-антена11. Турбо вентилаторски мотор „Rolls Royce RB168 Spey 807“ (во трупот е вграден и дополнителен стартен/ помошен погон)12. Куќиште на преден пасивен систем за електронски контрамерки13. VHF-антена14. Куќиште на заден систем за електронски контрамерки

Page 19: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

19

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „AMX A-11A“

ДОЛЖИНА 13.23 m

ОПСЕГ НА КРИЛАТА 8.87 m (со ракети 9.97 m)

ВИСОЧИНА 4.55 m

ПОВРШИНА НА КРИЛАТА 21 m²

ОПЕРАТИВНА ТЕЖИНА ПРАЗЕН 7.000 kg

МАКСИМАЛНА ПОЛЕТНА ТЕЖИНА 13.000 kg

НОСИВОСТ 3.800 kg

ПОГОН 1 турбо вентилаторски мотор Rolls Royce RB168 Spey 807, со потисок од 49,1 kN

МАКСИМАЛНА БРЗИНА 0.86 маха (на височина од 9.140 m)

БРЗИНА НА ИСКАЧУВАЊЕ 3.840 m/min

Г-ОПТОВАРУВАЊЕ НА КОНСТРУКЦИЈАТА -3/ +7,33 (со макс. товар -2/+5 ,,Г”)

ПЛАФОН 13 000 m

МАКСИМАЛЕН ДОЛЕТ 3.150 km (без товар)

3

67

8

9 1011

12

15

16

17

18

192122

13 14

24252627

28

15. Конструкција на вертикален стабилизатор и вертикално кормило16. Конструкција на управувачки хоризонтален стабилизатор17. Сврзувачка позиција на крилото со трупот18. Конструкција на крилото19. Интегриран резервоар за гориво во крилото20. Носач за оружје21. Ненаведувана бомба со тежина од 454 kg22. Движечко командно предкрило23. Заден стоен трап24. Вшмукувач за воздух25. Главен гумен самозаптивачки резервоар за гориво 26. Куќишта на авиониката и на електронските модули27. Барабан со муниција за топот „М61А1“28. Преден стоен трап29. Автоматски топ „М61А1Vulcan“, со калибар од 20 mm

23

Page 20: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

20

Главни комитети на НАТО се: Се-верноатлантскиот совет, Групата за нуклеарно планирање и Воениот комитет. Комитетот за планирање

на одбраната кој, исто така, беше еден од главните тела за донесување одлуки на НАТО, беше распуштен со реформата на комисиите во јуни 2010 година и неговите функции беа преземени од страна на Се-верноатлантскиот совет.

Северноатлантскиот совет – North Atlantic Council (NAC) е главен орган во НАТО за донесување политички одлуки, единствено основан во согласност со Се-верноатланскиот договор при формирањето на НАТО. Сите членови имаат еднакво право да ги изразат своите ставови и да учествуваат при одлучувањето со консен-зус. Одлуките се договорени врз основа на едногласност и заедничка согласност. Не постои гласање или одлука на мно-зинството. Ова значи дека политичките одлуки на Северноатлантскиот совет се поддржани и се израз на колективната волја на сите суверени држави кои се членки на Алијансата. Северноатлантскиот совет се свикува поче-сто и опфаќа поширок опсег на надлежно-

сти. Се нарекува Совет поради постоењето повеќе помошни тела кои се под негова надлежност. Следствено на тоа, честопати се нарекува како главно тело во НАТО за донесување одлуки. Претставници на сите земји-членки на НАТО имаат место во Се-верноатлантскиот совет. Тој може да се со-станува на ниво на „постојани претставни-ци“ (или амбасадори), на ниво на министри за надворешни работи и одбрана, односно на ниво на шефови на држави и влади. Со Советот претседава генералниот секретар, а во негово отсуство заменикот на генерал-ниот секретар. Амбасадорите седат околу масата според националноста, по англиски азбучен ред. Истата постапка се следи и во структурата на НАТО по однос на комите-тите. Работата на Советот е подготвена од страна на подредени комитети со одговор-ност за конкретни области на делување. На пример, кога Советот се состанува на ниво на министри за одбрана или се занимаваат со прашањата од одбраната и прашања во врска со одбранбена стратегија, високите комитети како што се: Defence Policy и Planning Committee, може да бидат вклу-чени како главни советодавни тела. Општо земено, целиот штабен персонал ја под-држува работата на Советот, директно или

Комитети на НАТО

Глобал

Комитетите на НАТО формираат интегрален дел од процесот на донесување одлуки на Алијансата. Тие ја обезбедуваат рамката во која земјите-членки можат да разменуваат

информации за различни теми, да се консултираат

едни со други и да донесуваат одлуки врз основа на консензус и

заеднички договор. Секоја од 28-те земји-членки се претставени на сите

нивоа во структурата на комитетите кои решаваат

за широк спектар на прашања од областа на

безбедноста и одбраната

Page 21: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

21

индиректно и помага при имплементација на одлуките на Советот.

Групата за нуклеарно планирање - Nuclear Planning Group (NPG) делува како високо тело за нуклеарни прашања во Алијансата и дискутира специфични прашања поврзани со нуклеарните сили. Нуклеарната политика на Алијансата е под постојана контрола, се менува и се приспособува според новите случувања. Министрите за одбрана од сите земји-членки (освен Франција), се среќаваат во редовни интервали во Групата за нукле-арно планирање, каде што се разговара за конкретни прашања поврзани со нукле-арните сили. Тие се среќаваат на годишно ниво во формат „27 членки минус (без) Франција“, а кога е потребно, на ниво на амбасадори.Дискусиите во групата опфаќаат широк спектар на прашања од нуклеарната политика, вклучувајќи ги безбедноста и стабилноста на нуклеарно оружје, комуни-кациите и информатичките системи, како и прашања за негово распоредување. Тие, исто така, опфаќаат прашања од заеднички интерес, како што се нуклеарната контрола на оружјето. Одлуките се носат со консен-

зус, а со групата претседава генералниот секретар на НАТО.

Воениот комитет - Military Committee (МС) е воен орган во НАТО и едно од најстарите постојани тела во НАТО по Северноатлантскиот совет. Двете тела биле оформени неколку месеци по формирањето на Алијансата. Воениот ко-митет е примарен извор на воените совети за цивилните тела за донесување одлуки на НАТО – Северноатлантскиот совет и Групата за нуклеарно планирање. Советите од овој комитет се бараат пред да се даде

какво било одобрение за воена акција и следствено на тоа претставува основна алка помеѓу политичките процеси при донесување одлуки и воената структура на НАТО. Членови-те на ова тело се среќаваат редовно (најмалку еднаш не-делно на формални или неформални сесии) на ниво на воени претставници и три пати годишно на ниво на шефови на одбраната. Висо-ките воени офицери од земјите-членки на НАТО и цивилни претставници од Исланд кои служат како претставници на нивната земја во НАТО, ги претставуваат своите шефови на одбраната. Со комитетот претседава претседателот на Воениот комитет, кој е номиниран за тригодишен мандат.Главната улога на комитетот е да обе-збеди консензус за воената политика и стратегија на Северноатлантскиот совет

и насоките на стратешките команданти на НАТО. Совети од Воениот комитет се бараат пред овластување од страна на Се-верноатлантскиот совет за НАТО-воените активности или работи. Телото претставува есенцијална врска помеѓу политичките процеси при донесување одлуки и воената командна структура на НАТО и е составен дел на процесот на донесување одлуки на Алијансата. Комитетот е одговорен за преведување на политичка одлука во воени насоки на НАТО за двата стратешки коман-данти: врховниот сојузнички командант за операции и врховниот сојузнички коман-

дант за трансформација (Supreme Allied Commander Operations and Supreme Allied Commander Transformation).

Покрај трите главни комитети, НАТО, исто така има и голем број комисии, кои му поднесуваат извештај директно на Север-ноатлантскиот совет. Некои од нив се поддржани од страна на работните групи, особено во областа како што е набавка за одбраната. Како дел од процесот на реформа на НАТО, која започна во јуни 2010 година и која се фокусираше

на структурата на командата на НАТО и агенциите на НАТО, исто така беа разгле-дани и комитетите на НАТО. Во следните изданија на списанието ќе бидат истакнати најзначајните комисии/комитети поддржани од голем број работни групи.

Драган Павловски

НАТО има широка мрежа на комитети кои покриваат од политички, технички до

оперативни прашања. Секој ден национални експерти

патуваат во седиштето на НАТО во Брисел за да

присуствуваат на состаноците на комитетот со персонал од

Меѓународниот секретаријат и Меѓународниот воен штаб

Page 22: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Според мислењето на повеќето експерти, германската автоматска пушка од Втората светска војна „StG44“ може да

се смета за прво успешно оружје со кое започнала ерата на современото оружје, а кое денес го познаваме под заедничко име – јуришна пушка.Од денешен агол слободно може да се потврди дека јуришната пушка „StG44“ навистина е првата успешна јуришна пушка, но нејзиниот почеток на настанување укажува на не баш оптимистичките моменти во развојот на оружјето и на неизвесностите на овој проект уште од самиот почеток.Воените услови, условите за производство, драматичноста на борбата за опстанок, почетната ненаклоност од страна на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, генијалноста на конструкторите како резултат на

вековната посветеност кон проучувањето на сите аспекти на воената наука и, на крајот, очајната потреба за поефикасно оружје, само се детали од кои е исткаена легендата на пешадиското оружје од Втората светска војна – пушката „StG44“.

Целата приказна за современите јуришни пушки, чиј родоначалник е токму пушката „StG44“, започнува многу пред појавата на самото оружје и е поврзана со развојот на муницијата. Уште за време на Првата светска војна, поинвентивните воени кругови дошле до

заклучок дека стандардниот пешадиски куршум на германската војска, 7,92x57мм, е премногу силен за новонастанатите тактички побарувања. Наспроти тоа, пиштолскиот куршум, користен за развој на автоматите, бил премногу „слаб“ за

развој и експлоатација на ново стандардно пешадиско оружје. Така се јавила потреба за нов куршум, односно, послаб куршум со зрно со ефикасен дострел до 400 - 500 м, кој би овозможил „автоматизација“ на оружето, зголемување на борбениот комплет и на густината на огнот. Меѓутоа, конзервативниот

дел на војската на чело со Хитлер, кој со своите надминати идеи од периодот пред Првата светска војна, никако не сакал да се откаже од силниот, моќен куршум 7,92x57мм (маса на зрното 12,8 грама, почетна брзина околу 870 м/сек, краен дострел и до 5000 м).На тој начин,

Вооружување

Јуришна пушка

22

До денес не е откриен точниот број на произведени јуришни пушки, но тој се движел

помеѓу 425.977 и 552.593. Во секој случај, германскиот концепт на новото пешадиско

оружје во вид на „јуришна“ автоматска пушка со послаба муниција пресудно ќе влијае на

иднината на пешадиското вооружување

„StG44“

Page 23: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

23

развојот на нова муниција останал на приватните фирми.Во текот на 1934 година, работата на „краткиот куршум“ 7,92x46мм ја започнала фирмата „Rheinisch-Westfalische Sprengstoff AG“. Истовремено, директорот на фирмата „Waffen und Munition hersteller Gustav Genschow“, инж. Винтер, конструирал поуспешен куршум 7,75x39,5мм М35. Вкупната должина на куршумот, која во почетната фаза изнесувала 55 мм, во 1938 година е зголемена на 58 мм, а во 1942 година, калибарот е редуциран на 7,62 мм. Интересно е да се напомене дека подоцнежниот советски „краток куршум“ 7,62x33 мм М43 (појдовен куршум за развој на „Калашников“) имал идентичен облик и слични карактеристики. Во секој случај, околу Винтеровиот куршум М35 е развиен „Vollmer-Maschinen-Karabiner M35“. Вермахтот го тестирал М35 сè до 22 август 1939 година, кога било заклучено дека почетокот на војната не дозволува понатамошно „губење на време, енергија и пари“.Пред самиот почеток на војната, најпрагматична се покажала фирмата „Polte“ од Магдебург, која стандардниот пешадиски куршум 7,92x57мм едноставно го „скратила“ (чаурата најпрво е скратена на 35, па на 33мм), го опремила со зрно со остар врв и железно јадро со маса 6,95 грама и барутно полнење од 1,4 грама (од 1943 година 2 грама). Со ова била постигната почетна брзина од 650 до 685 м/сек. Иако Хитлеровото мислење било неприкосновено, германските воени експерти на тоа време и покрај неговиот отпор, сепак работеле на проекти за кои биле сигурни дека имаат

перспектива. Така и се определиле токму за решението на фирмата „Polte“. За да ја озваничат својата одлука тие куршумот 7,92x33мм го нарекуваат „пиштолски“. За далекосежноста на оваа одлука најдобро зборува податокот дека во февруари 1943 година „пиштолскиот куршум 43“ е усвоен како основа за развој на прочуената јуришна пушка „StG44“.Основата на вооружувањето на Вермахтот во тоа време ја чинеле веќе застарената пушка Маузер К98 со калибар 7,92х57мм, со класичен дизајн и автоматите МП38/МП40 со калибар 9мм ПАРА. Сериозните недостатоци на двете конструкции почнале да излегуваат на виделина во текот на германскиот напад на Советскиот Сојуз. Иако прецизен, карабинот К98 бил пребавен, особено за условите на улични борби кои станувале сè почести како што Германците напредувале подлабоко во територијата на Советскиот Сојуз. Од друга страна, пак, автоматот „МП40“ немал доволна прецизност над 100м и од мала запирачка моќ на зрното со калибар 9мм ПАРА, а и го немало во доволни количини. Наспроти широкото распространето мислење дека војниците на Вермахтот најмногу биле вооружени со автомати МП40, вистината била сосема поинаква: германскиот војник обично бил вооружен токму со бавната и надмината пушка „Маузер К98“.По детаљната анализа на првите години на војувањето, германската војска дошла до заклучок дека поголемиот број на пешадиските борби се одвиваат до 300м и дека постоечкото вооружување не ги задоволува во потполност условите кои владееле на боиштето. Во делот на личното пешадиско вооружување, војниците на Вермахтот биле во инфериорна положба во однос на војниците на Црвената армија, која масовно била вооружена со полуавтоматски пушки „СВТ-40“ и со автоматите „Ппш-41“ со барабани, со капацитет од 71 куршум и ефикасност до 150 метри.Решението за овој недостаток било најдено во муницијата со средна јачина, односно во „краткиот куршум“ 7,92х33мм. Барањето за изработка на ново оружје, кое во себе ќе ги обедини прецизноста и снагата на класичниот воен карабин и големата огнена моќ на автоматите, во 1942 година бил упатен до фабриките „Валтер“ и „Хенел“. Фабриката „C.G. Haenel Waffen - und Fahrradfabrik“ уште во 1938 година на понуда од Вермахтот работела на развој на нов „автоматски карабин“, односно го усовршувала својот автомат „М35“. Бидејќи брзо се откажале од автоматот „М35“, директорот на фабриката му наложил на Хуго Шмајсер, тогаш водечки конструктор на фабриката, да започне

Page 24: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

24

да работи на ново оружје, засновано на Пoлтеовиот „краток куршум“. Хуго Шмајсер во текот на развојот на новиот „машински карабин 1942 Хенел - МKb-42 (H)“, ја искористил идејата за позајмување на барутните гасови од устата на цевката (Вермахтот во тоа време сè уште бил против „бушење“ на самиот канал на цевката), на „паѓачкиот“ блок-затварач (решение слично на Бровинговите идеи), на удирачот и ударната игла на телото на затворачот. Конечно, оружјето дејствувало и со автоматски и со единечен оган, при што во текот на рафалниот оган затворачот бил во „отворена“ положба (за да се избегне прегревање на цевката и муницијата сама да пука).Внимателно следејќи ја работата на конкуренцијата, прочуената фирма „Carl Walther“, исто така одлучила да се вклучи во трката за добивање на милионската работа. Сопственикот на фирмата, Фриц Валтер, се обидел да го „протурка“ своето старо решение, полуавтоматскиот карабин „А-115“, исто така во калибар 7,92x33 мм. Усовршувањето на оружјето под новата ознака „Mkb-42 (W)“ му било доверено на Ерих Валтер, кој цевката ја „пресвлекол“ со лимена цилиндрична облога, која имала двојна функција: на предна ракофатка и како гасен цилиндер. Цевката на половината на должината била двојно пробушена, а позади отворот, околу цевката, бил монтиран лизгачки прстен-затинач. По испукувањето, барутните гасови поминувале низ отворите, експандирале во комората и ја потиснувале „шајбната“ во насока на завршетокот на цевката. Овде прстенот го пренесувал импулсот на клипот сместен во специјален цилиндар над цевката. Клипот бил поврзан со носачот на затворачот и од примениот импулс, заедно со него се движел наназад. Спиралните водилки го „приморувале“ затворачот да ротира за 20 степени, и така да им овозможи на брадавиците да излезат од специјалните лежишта. Карабинот, за разлика од „Mkb-42 (H)“, дејствувал со „затворен“ затворач, а ја имал и таа предност што испукувањето го вршел засебен удирач, сместен во ракофатката.Вермахтот, во јули 1942 година, ги тестирал двете решенија и бил задоволен и со Хенеловата и со Валтеровата конструкција. За полесно да ја разреши дилемата кое оружје е подобро, Вермахтот својата конечна одлука ја одложил до добивањето на резултатите од трупните испитувања. Бидејќи оружјето со успех го положило борбениот тест, Вермахтот конечно одлучил да започне со сериско производство. Меѓутоа, било одлучено новото оружје да претставува синтеза на најдобрите идеи преземени од „Mkb-42 (H)„ и „Mkb-

42 (W)“. Од Хенеловото (подобро кажано од Шмајсеровото) оружје е преземен сандакот од пресуван лим, усовршениот систем на позајмување на барутни гасови, како и системот на забравување (со „паѓачки“ затворачи), додека од Валтер е позајмен само засебниот удирач, сместен во ракофатката. Бидејќи преовладувало решението на Шмајсер, Валтер се повлекол од понатамошната конкуренција.Со ова развојот на оружјето не бил завршен. Гасниот цилиндар, кој се пружал долж целата горна страна на цевката (условена од местото за позајмување на гасовите), бил скратен за една третина, што значи дека Вермахтот конечно ја прифатил идејата за бушење на цевката, а на предната страна бил затворен со завртка на која се наоѓал испуст кој служел за сложување на пушките во купа. Задниот нишан бил класичен, со гајка и

преклопник, додека предниот бил издигнат на висок постамент. Оружјето се полнело одоздола, со непрактично долга (260 мм) рамка, со капацитет од 30 куршуми. Според сите стандарди, „MKb42“ било успешно оружје. Тоа се докажало и во битките, а било и евтино и лесно за масовно производство. Сепак, имало еден проблем, а тоа било големото противење на Хитлер кон проектот „MKb42“, како последица на неговото борбено искуство за време на Првата светска војна, кое го оставило убеден дека репетирката „2K983 е сè што на еден војник му е потребно. Затоа тој сакал проектот „MKb42“ веднаш да биде стопиран. Сепак, германската војска знаела дека има нешто што потенцијално ќе ја револуционизира тактиката на пешадијата и ќе им даде на германските војници одлучувачка предност во блиска борба, па го направила

Page 25: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

25

единственото нешто што чувствувала дека може да го направи - го криела понатамошниот развој и производството на „MKb42“ од Хитлер колку што тоа било можно. Затоа, оружјето било преименувано во автомат со ознака „MP43“ (Maschinenpistole 1943), надевајќи се дека ќе го маскираат како нов автомат. Преработениот и преименуваниот „MP43“ бил значително подобрен во однос на „MKb42“. Тој бил посигурен и полесен за производство и затоа бил поброен. Десетици илјади примероци на „Mkb42“ биле дистрибуирани исклучително на трупите на Источниот фронт, а распределбата на „MP43“ била многу поширока, вклучително и на планинските единици, лесната пешадија и механизираната пешадија. По кратко време, влијанието и популарноста на „MP43“ меѓу војниците на бојното поле станала невозможно да се сокрие, а за нивното воодушевување поради зголемената огнена моќ (500 куршуми во минута) веројатно не треба ни да се зборува. Секој борец носел по 6 полни рамки, односно борбен комплет од 180 куршуми. Единствената забелешка која доаѓала од фронтот се однесувала на должината и положбата на рамката, која го отежнувала гаѓањето од лежечка положба и го правела војникот забележлива цел.Пофалбите за оружјето кои пристигнувале од Источниот фронт не го заобиколиле ниту Хитлер, па така во септември 1943 година, тој дозволил со „МП43“ да се вооружа и неговата телесна стража, а за да не ја изгуби „главната улога“ во настанувањето на ова револуционерно оружје, на 6 април 1944 година издал наредба за официјално усвојување во вооружувањето, под ознака „MP44“. Конечно, во декември 1944 година оружјето е наречено со вистинското име: „јуришна пушка 44“ („StG44“). Треба да се има предвид дека помеѓу „MP43“, „MP44“ и „StG44“ немало никакви разлики. Тука не се сметаат поедноставувањата и поевтинувањата кои биле диктирани

од сè поголемата криза на воената индустрија, како што биле замената на кундакот од полно дрво со кундак од грубо профилирана ламинирана дрвена плоча, воведување на пластични корици на ракофатката и преминот на површинска заштита со фосфатизација.

До денес не е откриен точниот број на произведени јуришни пушки, но тој се движел помеѓу 425.977 и 552.593. Во секој случај, германскиот концепт на новото пешадиско оружје во вид на „јуришна“ автоматска пушка со послаба муниција пресудно ќе влијае на иднината на пешадиското вооружување. Уште за време на самата војна Русите со особено задоволство ги користеле запленетите „StG44“, а од големо значење е и тоа што Хуго Шмајсер го одвеле во Ижевск и веднаш го вклучиле во Техничката комисија на Црвената армија. Иако тоа

никаде не се спомнува, сосема е веројатно дека токму тој му ја „позајмил“ на Михаил Калашников тајната за „пресување на лимот“ при создавањето на АК-47.Интересно е да се каже дека оваа пушка најдолго останала во оперативна употреба во поранешната ЈНА, односно била основно лично вооружување на припадниците на 46. и 63. падобрански баталјон, а од 1953 година на 63. падобранска бригада. Со решение на сојузниот секретар за народна одбрана од 10 февруари 1983 година, автоматот „МP 43“ бил прогласен за застарен и несоодветен за понатамошна оперативна употреба. Инаку, голем број на овие пушки во седумдесеттите години на 20 век завршиле на африканскиот контигент каде масовно биле користени од сите завојувани страни. Одреден број

примероци и денес можат да се видат во рацете на борците во Сирија. Реплики изработени во калибар 7,92x33mm, 5,56x45мм или 7,62x39mm денес можат да се купат во САД и во Германија. Името „Sturmgewehr“, што му е дадено на оружјето, односно буквално преведено

јуришна пушка, не означува само поединечно оружје туку и комплетна категорија на огнено оружје со средно јака муниција какво што и денес го познаваме. Во времето на своето настанување „StG44“ навистина била зачудувачко оружје на германското пешадиско вооружување и гордост на воената индустрија на своето време. Колку пушката била пред своето време зборува и фактот што до денес во концептот на јуришните пушки ништо не е сменето. Слободно може да се каже дека концептот на јуришна пушка, каков бил замислен во тие воени години, со малку или повеќе приспособување на современите технологии, останал речиси непроменет до денес. Иако влијанието на „StG44“ за

време на Втората светска војна тешко може да се измери, неговото влијание врз современото бојно поле е јасно. За разлика од својот статус како прва вистинска јуришна пушка направена во огромен број и користена од голем број војници, нејзиното влијание може да се види во пушките „АК-47“, „М16“, „G3“ и „FAL“. Слободно може да се каже дека „StG44“ е „татко“ на сите воени јуришни пушки и прва пушка која навистина одговарала на современата војна.

Александар Стојчевски

Page 26: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

26

Вооружените конфликти кои на крајот од XX век го започнаа дезинтеграциониот процес на балканските народи и резултираа

во состојба на изразите етничка и верска поделеност која максимално беше експлоатирана од страна на глобалните милитантно-исламистички организации. По успешното етаблирање во балканското мултиетничко општество, милитантните исламисти инсталираа силна човечка и материјална инфраструктура која, политичката определба на балканските народи за учество во глобалната коалиција за борба против тероризмот ја искористи како адут во насока на ширење на милитантно-исламистичката идеологија.Фактот дека милитантните исламисти се присутни и интегрирани во општеството, ја шокира јавноста и неминовно ја наметна потребата од детаљно истражување

на факторите кои муслиманите од Балканскиот Полуостров ги доведуваат во состојба на неотповиклива решителност за употреба на сила во функција на идеологијата на милитантниот исламизам. Во тој контекст се поставува прашањето: Која е главната причина поради која муслиманската популација од Балканскиот Полуостров се радикализира до степен на употреба на насилство, дури и по цена на жртвување на сопствениот живот? За да се даде конкретен одговор на поставеното прашање, најнапред потребно е да се дефинира поимот радикализација, а потоа да се моделираат процесните фази кои се во функција на милитантно-исламистичката идеологија на Балканскиот Полуостров.Кон крајот на првата и почетокот на втората деценија од XXI век, радикализацијата не само што стана топ тема за националната и на

Од Регионот

Ширењето намилитантниот исламизам на Балканот

Западноевропските земји развиле повеќе дефиниции

што укажуваат на сериозноста на радикализацијата на

муслиманската популација. Дефиницијата што изворно

потекнува од Данската разузнавачка служба (Politiets

Efterretningstjeneste - PET), претставува најчесто употребувана дефиниција од страна на академската

заедница во Европа за дефинирање на насилниот

радикализам

Page 27: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

27

регионалната безбедносна политика на земјите од европскиот континент, туку таа беше предмет на голем број научни истражувања чиишто заклучоци се фокусирани на насилните и ненасилните методи како два клучни центри на гравитација во процесот на радикализација. Кај насилната радикализација, фокусот е ставен на активната потрага или прифаќањето на употребата на сила и насилство во функција на остварување на целта. Кај ненасилната радикализација акцентот е ставен на активностите насочени кон потрага и прифаќање на далекусежни промени во општеството кои можат, но и не мора да претставуваат закана за демократијата или да користат насилство за остварување на целите. Со цел да се добие целосна слика за процесот на радикализација, неопходна е детаљна анализа на причините што ја иницираат, најпрво ненасилната а потоа и насилната радикализација. Таа анализа е неопходна бидејќи треба да даде одговор на прашањето: Што е тоа што некои радикали ги мотивира да применат насилни методи, за разлика од другите кои применуваат ненасилни методи во функција на остварување на целите?За разлика од поголемиот дел од балканските земји, западноевропските земји развиле повеќе дефиниции што укажуваат на сериозноста на радикализацијата на муслиманската популација. Дефиницијата што изворно потекнува од Данската разузнавачка служба (Politiets Efterretningstjeneste - PET), претставува најчесто употребувана дефиниција од страна на академската заедница во Европа за дефинирање на насилниот радикализам. Според неа, радикализмот е „процес во кој поединецот во сè поголема мера прифаќа употреба на недемократски и насилни

средства, вклучително и тероризам, во обидот да постигне одредена политичка или идеолошка цел“. За разлика од насилниот, како репер за дефинирањето на ненасилниот радикализам, најчесто се користи дефиницијата на Холандската разузнавачка служба (Algemene Inlichtingen - en Veiligheidsdienst - AIVD). Според неа, радикализмот е „потрага по и/или поддршка на далекусежни промени во општеството што можат да го загрозат демократскиот правен поредок, и вклучуваат употреба на недемократски методи кои можат да му наштетат на функционирањето на демократскиот правен поредок“. Доколку се направи компарација на двете дефиниции, може да се констатираат одредени разлики. Имено, дефиницијата на Данската разузнавачка служба ја потенцира активноста преземена за остварување одредена политичка или друга цел, во случајот волјата за употреба на насилство, додека пак, дефиницијата на Холандската разузнавачка служба тежиштето го става на недемократските намери на радикалите кои може, но и не мора да бидат проследени со насилство. Со оглед на фактот дека пет/седум од вкупно единаесетте држави на Балканскиот Полуостров се членки на ЕУ/НАТО, од особена важност за предметното истражување е да се наведе и официјалната дефиницијата на ЕУ за процесот на радикализација. Според Европската комисија, насилната радикализација се дефинира како „феномен што ги соединува мислењата, ставовите и идеите на луѓето кои би можеле да доведат до акти на тероризам“. Врз основа на анализата на презентираните дефиниции, може да се констатира дека радикализацијата претставува постепен процес, и без разлика може да се случи многу бргу, нема конкретно дефиниран почетна или крајна состојба. Всушност, радикализацијата повеќе претставува индивидуален развој кој е инициран од уникатна комбинација на причинско-последични фактори што предизвикуваат драстична промена во ставовите и однесувањето на поединците.Процес на радикализацијаПроцесот на радикализација на муслиманската популација на Балканскиот Полуостров не може и не смее да се

Page 28: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

разгледува како резултат само на една причина, без разлика на тоа колку таа е независна или конкретна. Менталното растројство, верскиот фанатизам, економската и социјалната состојба се само дел од причините кон кои е насочено мнозинството од академската заедница која се занимава со истражување на овој феномен. Меѓутоа, причините кои младите муслимани може да ги мотивираат на употреба на насилство не се доволно јасни и истовремено содржат карактеристики што се заеднички за целокупната популација која се соочува со слични ситуации на многу поразличен начин. Затоа, објаснувањата базирани врз погоре наведените причини можат да содржат одредена вистина, но не се доволно конкретни и практично употребливи во насока на попречување на радикализацијата на муслиманската популација. На пример, доколку се

земе предвид дека претежно младата муслиманска популација е инволвирана во процесот на радикализација, следи констатацијата дека и старосната структура би можела да се разгледува како една од потенцијалните причини.Фрустрацијата (од животот, социјалната изолација, владината или политиката на Западот и сл.) и влијанието на духовните/религиозните лидери, претставуваат клучни елементи во процесот на радикализација на младите муслимани. Сепак, поради тоа што создавањето слика за себе е една од заедничките карактеристики на радикалите, се чини дека радикализацијата има повеќе конекции со психолошката отколку со социјалната или економската димензија. Типичен пример претставува пронаоѓањето и поврзувањето на поединците со нивните истомисленици со кои заедно поминуваат низ серија од настани и фази кои можат да резултираат во насилен радикализам.

Како и да е, на крај, само одреден број индивидуи ја достигнуваат фазата на насилниот радикализам, додека другите се откажуваат во текот на фазите на процесот на радикализација.Врз основа на досегашните истражувања од страна на академската заедница и методите на работа на разузнавачко-безбедносните служби на современите држави, дефинирани се четири различни фази кои се целосно апликативни во моделирање на процесот на радикализација на муслиманската популација во земјите од Балканскиот Полуостров (Табела 1).Првата фаза се состои од голем број основни фактори кои муслиманите ги чинат приемчиви и подложни на екстремизам, непосредно пред

отпочнувањето на процесот на радикализација. Идентитетска криза, дискриминацијата, отуѓувањето и неправдата, животната средина, соседството, семејството, личните трауми и недостатокот од јавна дебата за милитантниот исламизам се најчестите причини кои муслиманите на Балканот ги прават потенцијални радикалисти. Џамиите, интернетот, училиштата, како и дневната интеракција како резултат на професионалните и општествените обврски, служат како локации, односно настани каде што младите муслимани имаат можност да се запознаат со процесот на радикализација. Основните фактори не даваат конкретно појаснување на причината поради која бројот на муслиманите кои се радикализираат е

Џамиите, интернетот, училиштата, како и дневната

интеракција како резултат на професионалните и

општествените обврски, служат како локации, односно настани каде што младите муслимани

имаат можност да се запознаат со процесот на радикализација.

Навлегувајќи сè подлабоко во процесот, поединците започнуваат со постојано присуство во џамиите или останати локации каде се

проповеда идеологија

Page 29: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

многу помал од бројот на оние што не го искусиле или се откажале за време на процесот на радикализација. Сепак, тие служат како основни мерливи параметри, карактеристични за голем број поединци кои поминале низ фазите од процесот на радикализација и биле инволвирани во милитантниот исламизам.Втората фаза од процесот на радикализација се состои од три форми на трансформација на религиозниот идентитет или однесување. Секоја од формите на трансформација, дадени во табелата, се базираат на индивидуалните фактори како резултат од личните фрустрации од животот, домашната или меѓународната политика. Во оваа фаза, поединците започнуваат со потрагата по нов идентитет базиран на религијата, сè повеќе се интересираат и го истражуваат радикалниот исламизам, се поистоветуваат со неговите следбеници. Навлегувајќи сè подлабоко во процесот, поединците започнуваат со постојано присуство во џамиите или останати локации каде се проповеда исламистичката идеологија. Притоа,

величењето на џихадот, меѓународната политика кон муслиманскиот свет и влијанието на верските лидери се клучните активатори кои понатаму ветуваат личен прогрес кон третата фаза од процесот на радикализација.Во третата фаза доаѓа до целосно убедување и индоктринација на поединецот во радикалните исламски структури. Најкритичниот сегмент од оваа фаза е моментот на целосно прифаќање на идеологијата на милитантниот исламизам и личното убедување дека употребата на сила против „неверниците“ е оправдана од идеолошката цел на милитантниот исламизам. Патувањето во странство заради верска или воена обука, поврзувањето со одредена група/организација, како и формирањето локални кампови за обука, претставуваат катализатори што дополнително го олеснуваат процесот на радикализација.Понатаму, доколку се спореди средината во која се одвива процесот од третата фаза, со средината во првата и втората фаза, може да се констатира голема промена. Замената на јавните објекти со локации и објекти кои гарантираат

поголема приватност се одличен индикатор што укажува на фактот дека поединците или групата преземаат превентивни мерки за безбеден и сигурен премин во последната фаза од процесот.Планирањето, подготовката и извршувањето на дејства на претходно селектирани цели со употреба на оружје и експлозивни средства, ги претставуваат основните карактеристики на четвртата и најкритична фаза од процесот на радикализација. Суштината на оваа фаза, која може да трае и најкратко, се состои од фактот дека секој член на групата се обврзува на употреба на сила и насилство. Интензивираната обука, моралот, зајакнувањето на меѓусебната доверба и изразената безбедносна култура ја отсликува нивната посветеност и лојалност на крајната идеолошка цел на

милитантниот исламизам.Од анализата на процесот на трансформација може да се заклучи дека радикализацијата е процес што не може да се објасни на едноставен начин, бидејќи квантитетот и разновидноста се основните карактеристики на факторите кои доведуваат до нејзина појава. Како што веќе беше констатирано, не постои стандарден профил според кој може да се донесе заклучок дека одредено лице има склоност кон радикализација. Религијата и незадоволството од политиката на западните сојузници кон муслиманскиот свет, во втората деценија од XXI век се покажаа како клучни фактори коишто доведоа до употреба на сила од страна на милитантните исламисти на Балканот.

Ненад Танески

Page 30: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година
Page 31: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година
Page 32: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Во Домот на Армијата во Скопје беше одржана традиционална предновогодишна средба со одбранбените аташеи

акредитирани во Република Македонија. На средбата присуствуваа државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија Елизабета Чуповска-Ристова и други високи претставници на МО и АРМ. Државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова во своето обраќањето

кон одбранбените аташеи истакна дека нивната несебична помош и поддршка е потврда за одличната одбранбена соработка помеѓу Република Македонија и нивните земји. Сите совети и помош кои ги даваат се од големо значење за понатамошниот процес на реформи, како и за остварување на стратегиската цел – членство во Алијансата. На средбата се дискутираше и за одбранбените реформи во Министерството и во АРМ, како и за плановите и приоритетите за

следната 2017 година. Македонија, како одговорен член на меѓународната заедница, и во 2017 година го продолжува придонесот во меѓународните мировни мисии. На средбата, државниот секретар се осврна и на исклучително важниот проект за модернизација на АРМ, за што, спомена, има Одлука на Владата на Република Македонија и веќе се дефинирани финансиски средства во следните десет години. Во однос на местото и активната улога на Република Македонија во регионот, државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова посочи на отворањето на Главниот штаб на Балканските медицински наменски сили во Скопје, како и на фактот дека Македонија ќе биде домаќин на Бригадата на Југоисточна Европа во периодот 2020 – 2026 година. Унапредувањето на интеропративноста преку учество во заеднички вежби и имплементацијата на највисоките стандарди и практики во НАТО останува на врвот на приоритетите на Министерството и на Армијата. Во следната 2017 година остануваат стратегиските цели на Македонија – членството во НАТО-алијансата и во Европската унија, додека приоритет се продолжувањето на процесот на реформи и развојот на билатералната соработка со партнерите.

Р.Ш.

Одлична одбранбена соработка

Инфо

Page 33: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

24 часа

Досега многупати имаме пишувано за Военомедицинскиот центар, репортажи, интервјуа со негови

поранешни и сегашниот команданти, ги имаме коментирано и на нашите страници на секоја вежба која се случува на најголемиот наш полигон „Криволак“, кога вешто презентираат и симулираат во реномираната полска болница „ROLL2“.За нив и нивните активности , лично отидов дури во Словенија каде во септември беа учесници на меѓународната воена вежба „ IMMEDI-ATE RESPONSE“. Таму се уверив во нивните меѓународни способности а успесите од ангажманот ги опишав во една убава репортажа, токму од таму, Церкље, Словенија.Дека паметат кој ги следи во чекор ме разубедија на 21 декември, кога го прославија Денот на својата единица.Знаев дека Денот ќе го организираат максимално протоколарно, но со оглед на тоа дека навистина беше ладно пред платото во дворот на БрЛП, рационално и временски ја позиционираа манифестацијата . Командантот на Военомедицинскиот центар, потполковник Ирена Минева, во својот краток и содржински говор ги пофали сите вработени и поентираше со метафората, дека шоуто мора да продолжи и дека во него главните актери се тие кои ја носат одговорноста за здравјето на цела АРМ, медицинските

лица од Военомедицинскиот центар.Честитки за Денот и пофалби за единицата им стигнаа од повеќе адреси и од најнадлежните авторитети од Генералштабот и Министерството за одбрана на Р. Македонија.Бидејќи беше сенка во делот за свечености, присутните беа однесени на топло за да можат покомфорно да поразговараат.Одлично подготвените домаќини нè пречекаа во зградата на ВМЦ и навистина беа галантни. Убавите пријателства со поголем дел од нивните вработени, беа голем повод малку да го проширам моето присуство таму. Фино поразговаравме за многу моменти,

а тие истовремено изразија голема благодарност до редакцијата на „Штит“ за навистина коректната соработка. За репортажата од Словенија бевме посебно пофалени. 14-дневниот престој во шаторите покрај Крка добро им дошол, особено што таа епизода од нивните животи е документирана на начин за кој едногласно потврдија дека им оставил впечаток.На крајот ми побараа уште броеви од магазинот „Штит“ во кој се главни ѕвезди.Јас потоа си заминав, а тие останаа заслужено да си го одбележат Денот на единицата.

Митко Василевски

И војници и професионални медицинари

Одбележан Денот на Военомедицинскиот центар

Page 34: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

34

На 19.11.2016 година во спортскиот комплекс „Јане Сандански“ се одигра турнир во мал фудбал во организација на Амбасадата на

Руската Федерација. На турнирот учествуваа осум екипи, а целта беше дружба и пријателство низ спортот.Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, во обраќањето до сите учесници, најнапред изрази благо-дарност за учеството на сите екипи на

овој фудбалски турнир и истовремено порача дека посакува државите повеќе да се натпреваруваат во фер-игри на спорт-ските терени. По принципот на елимина-ции, во финалето се сретнаа екипите на Министерството за одбрана и екипата на италијанската Амбасада, при што во мошне интересен натпревар, екипата на Министер-ството за одбрана победи и со тоа го освои првото место на овој турнир. Третото место на овој спортски настан го освои екипата на

Министерството за надворешни работи.На турнирот учествуваа екипи од Канцеларијата на Европската унија, Канцеларијата на ОБСЕ, екипи од амба-садите на СР Германија, Италијанската Република, екипата на дипломатскиот кор, екипа од Министерството за надворешни работи и од Министерството за одбрана и домаќинот на турнирот, екипата на Руската Федерација.

Душко Аврамовски

Турнир во мал фудбал

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак, го врачува пехарот за освоено прво место на капитенот на екипата на МО, Душко Аврамовски

Екипата на ОБСЕ, единствената екипа во која беа застапени и припаднички на женскиот пол

Екипата на Министерство за одбрана на Република Македонија

Екипата на Италијанската амбасада во Република Македонија

Инфо

Page 35: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

35

Општинската организациона единица на ОРОРМ Штип достоинствено ја

чествуваше 110-годишнината од раѓањето на големиот македонски војсководец, народен херој, научник, историчар и општественик, генералот Михаило Апостолски, кој како командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ има огромен придонес за организираањето на македонската војска и за ослободувањето на Македонија во 1944 година. По овој повод, пред спомен-бистата на генералот Апостолски во Штип, претседателот на Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ, Стојанче Димов, одржа пригоден говор во кој потсети на неговиот живот и дело како исклучително значајна личност во македонската исторографија и во воената наука.

Едукацијата и обуката претставува една од носечките активности на ОРОРМ. Се планира во

10 ООЕ на ОРОРМ да се организираат трибини на кои ќе се обработат две актуелни теми: „Тероризмот како глобална закана за Р. Македонија“ и „Безбедносни закани од природни и техничко-технолошки катастрофи“. Во практичниот дел ќе се реализира државен натпревар во гаѓање со пиштол 7,62 мм на стрелиштето „Долно Оризари“. Во Кичево, на стрелиштето „Осој“ и во Велес, ќе се организираат гаѓања со АП 7,62 мм. Секцијата на резервни офицери-медицинари, во Неготино ќе организира показна вежба, а единицата „Волци“ од ПСО, ќе организира показна вежба на тема „Преживување во природа“.. Планирани се два регионални маршеви, од кои едниот ќе се реализира на 29 април по повод Денот на ОРОРМ на релација Прилеп – Прилепец, а другиот, на 7 октомври во регионот на Кратово на релацијата Кратово – Лисец, на кои ќе учествуват 200 резервни офицери и подофицери. Во 10 ООЕ на ОРОРМ ќе се организираат локални маршеви. Ќе се одржи и свечена академија во Скопје по повод 65-годишнината од основањето на ОРОРМ и ќе биде промовирана и монографија. Планирани се и меѓународни активности.

Едукација според стандардите на НАТО

Чествување

35

Неодамна во Виница се оддржа конститутивна седница на Извршниот одбор на ОРОРМ. На овој работен

договор со кој раководеше претседателот, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, беа формирани неопходните работни тела во функција на реализација на програмските активности на Организацијата во мандатниот период 2016–2020 година.За претседатели на Комисијата за обука и на Комисијата за меѓународна соработка се избрани: резервниот потпоручник Тони Ивановски од Кратово и резервниот потпоручник д-р Гоце Георгиев од Виница. За претседател на Секцијата на резервни офицери-медицинари е избран резервниот поручник, доктор, Љупчо Пасинечки од Неготино, а на Секцијата на резервни офицери-жени е избрана Сузана Тасева од Кичево. На седницата е усвоен План за реализација на активностите на ОРОРМ во 2017 година.

Работен договор

ОРОРМ- активности

Живко Трајановски

Page 36: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Британската армија имаше потреба од замена на својата застарена флота од лесни извидувачки воз-ила кои беа во активна служба

повеќе од 40 години. Тие, исто така, сакаа да набават платформа на оклопни борбе-ни возила. Станува збор за основно возило што може да дојде во повеќе варијанти за извршување на повеќе различни задачи на бојното поле. Сите тие варијанти ќе ги делат истите основни механички делови за да ја поедностават логистичката набавка на резервни делови, обуката на машин-ските инженери и да им ја дадат потреб-ната опрема за одржување и поправка на оклопните борбени возила. Британската влада ги објави нивните побарувања, а компанијата „General Dynamics UK Ltd“ го доби договорот, победувајќи ја конкуренцијата преку тестирањето на про-тотиповите. Во септември 2014 година тие добија 3,5 милијарди фунти, договарајќи 589 „Ајаx“ оклопни возила за британската

армија од истата платформа. Во јули 2015 година тие добија дополнителни 390 мили-они фунти за договорот за обезбедување сервисна поддршка за возилата „Ајаx“ до 2024 година. Истовремено „General Dynamics“ објави дека отвораат нова фа-брика за монтажа на оклопни борбени воз-ила, објекти за интеграција и тестирање (Integration and Testing - AIT) во јужен Велс. Програмата „Ајаx“ е позната уште и како програма „ИЗВИДНИК - Специјализирани возила“ (SCOUT Specialist Vehicle - SV). Таа е преименувана на 15 септември 2015 година, истиот ден кога „Ајаx“ прототипот со купола им е претставен на новинари-те. Објавено е дека првата ескадрила на британската армија ќе биде опремена со „Ајаx“ во средината на 2019 година.Оклопниот транспортер „Ајах“ е при-движуван од страна на германски MTU дизајниран V8 199 TE21 турбо дизел-мо-тор кој произведува 805 кс. Моторот се наоѓа во предниот дел на торзото за да го

36

Вооружување

Извидувачки тенк и оклопен транспортер на британската армија

„Ајаx“

Page 37: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

37

приспособи задниот дел на возилото за сместување на војниците и опремата. Има германски „Renk 256B“, автоматски мену-вач со 6 брзини, 6 за напред и 5 брзини за назад. Во текот на испитувањето тест воз-илото влече дополнителни 62 тони над 300 км. Верзии на овој мотор во моментов се користат на оклопните борбени возила од австрискиот „Ulan“ и шпанскиот„ Pizzaro“. Компанијата „Rolls-Royce“ потпиша дого-вор во вредност од 57 милиони фунти за изградба на MTU V8 199 TE21-мотори за сите 589 „Ајах“ возила и варијанти. „Ајах“ има иновативен дизајн кој овозможува до-полнителна заштита од експлозии на мини. „General Dynamics“ тврдат дека овие вози-ла се најдобри во својата класа во смисла на заштита и издржливост. Седиштата на посадата не се поврзани со подот на вози-лото, но се суспендирани за да овозможат поголем процент на преживување после експлозијата на мина. „Ајах“ возилото има модуларен систем на оклоп кој е вграден од страните на возилото. Ако еден дел од додатокот на оклопот е оштетен, едностав-но може да биде заменет со додавање на нова единица. Кога повеќе технолошкиот напреден додаток на оклопот се раз-вива со текот на животниот век на возилото, стариот оклоп се вади и се поставува нов оклоп на негово место. Возилото е опреме-но со електронски противмерки, со систем за ласерско предупредување, акустичен уред за слушање, систем за следење на локална-та ситуација. Бруто-тежина на возилото „Ајах“ е 42 тони со способност за раст на уште 2 тони дополнителна тежина, без притоа да се предизвика значително влијание на неговите перформанси. Како главно вооружување на „Ајах“ извидувач-ките тенкови ќе се користи 40 mm (CT) топ. Муницијата ги содржи и двете, про-ектилот и погонско полнење, за разлика од гранатите кои ги користи британскиот „Challenger 2“ тенк, кој користи дводелна муниција. Договорот за производство од 150 милиони фунти беше потпишан меѓу Министерството за одбрана на Велика Британија и „CTA International - CTAI), здружена компанија на британската „BAE Systems“ и француската „Nexter“. Според условите на договорот, компанијата треба да испорача 515 парчиња 40 mm (CT) то-пови. Тие, исто така, треба да ги снабдат со почетни резервни делови, специјални алати, опрема за тестирање и некоја опрема за почетна обука. Новото францу-ско борбено извидувачко возило „Jaguar

EBRC“ 6х6, исто така ќе биде опремено со CTAI 40 mm CT-топ. Муницијата се наоѓа внатре во цевката. Таа нема истакнат ае-родинамички традиционален куршум во облик на конус на носот. Муницијата се полни автоматски, странично до цевката на топот. Топот е со автоматско полнење. Полнењето на муницијата на овој начин заштедува голем простор позади топот. Овие нови цевчасти 40 mm куршуми се помали од нормалните 40 mm, така што може да се носи повеќе муниција. Овој нов систем е во развој од 1990-тите години. Во моментов постојат 5 типови муниција на располагање за топот 40 mm CT (вежбовни куршуми, AP-armour piercing, АХЕ-airburst high explosive, АА-aerial airburst и PD-point detonating куршуми). Куршумите 40 mm АА може да ги користат противбеспилот-ни летала, хеликоптери и лесни авиони. Топот има брзина од 900 m/s и далечина од 4000 m. Куршумот PD 40 mm е наменет за гаѓање на силни цели, има брзина од 1000 m/s, и може да навлезе 210 mm во бетон на далечина од 1500 m. Куршумите „40 mm АА“ се дизајнирани за употреба против повеќе лесни цели. Куршумот „40

mm АР“има брзина од 1500 m/s и може да навлезе 140 mm во стврднат челик на 1500 m. „Ajax“ купо-лата е опремена и со впрегнат митралез 7,62 mm L94A1 и 76 mm лансер на димни и фрагментациски гранати. На некои од варијантите кои не се опремени со купола, како на при-мер „Арес“-оклопен транспортер, е вграден 12.7mm далечински упра-вуван митралез. Максимална брзина

на патишта е 70 km/h и има автономија на опсег од 500 км. Теренските перформанси вклучуваат совладување на наклон од 60%, страничен наклон 40%, вертикални препреки од 0,9 м и ров со широчина од околу 2,5 m. Останатите спецификации на „Ajax“ возилата се: должина: 7,62 метри; широчина: 3,35 метри; висина: 2,77 метри; тежина 34 тони; трансмисија: автоматска (6 брзини за напред и 5 за назад).Варијантите на специјални возила ќе овозможат британската армија да спрове-дува разни операции. Високиот степен на сличност помеѓу варијантите го олеснува одржувањето и логистиката. Во 2014 годи-на британскато Министерство за одбрана нарача 6 варијанти од овие возила, а се очекува во иднина да бидат нарачани и други варијанти. Се очекува оклопните возила да влезат во служба во британска-та армија во 2017 година.

Идриз Идризоски

Компанијата „Rolls-Royce“ потпиша договор во вредност

од 57 милиони фунти заизградба на MTU V8 199

TE21-мотори засите 589 „Ајах“ возила и варијанти. „Ајах“има иновативен дизајн кој овозможува дополнителна

заштита од експлозии на мини.„General Dynamics“ тврдат дека

овие возила се најдобри во својата класа во смисла

на заштита и издржливост

Page 38: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

38

Глобал

Како да се ребрендира Непал

во тешки времиња

Page 39: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Непал се брендира како земја со богата флора и фауна, раз-лична клима и исклучително убава природа. Непал е земја

на мудрост и духовност, мултикултурна земја на просветлување со 123 јазици и со повеќе од 100 етнички групи. Култура-та и културното наследството се богати и стари, а туризмот е развиен, бидејќи тоа е единствениот начин земјата да опстане. Без туризмот, економијата на Непал на некој начин ќе ги осуди своите граѓани да живеат во лоши услови. За среќа, земјата е една од ретките земји во кои туризмот има стапка на пораст над 10% во последните 5 години. Исто така, од неодамна Непал стана земја која е пожелна за инвестито-рите, а се покажа дека инвеститорите треба да бидат конкурентни и да ја почитуваат животната средина за таа да остане безбедна и соодветна бизнис-дестинација. Об-ласти во кои има проблеми се извозот и управување, а посебно домашната политика. Непал е познат по извозот на рashminas (текстил од волна), килими, традиционалните „khukuri“ ножеви, јута, шеќер, цигари, маслодајни култури, це-мент, тули, а особено по сирењето „yak“, опрема за екстремни спортови, рачни часовници, ориз, зелен чај, синтетички влакна, текстил и обувки, дрва, вода, сокови и камења. Познати брендови се опремата „Шерпа“ (Sherpa) и часовници-те „Кobold“. Главни трговски партнери се Индија, Кина, Јапонија, Германија и САД. И покрај фактот што има своја улога на светскиот пазар. Непал нема доволно извоз, а увезува многу. Проблемот во из-возот е поради корумпираното владеење. Корупцијата од страна на кинеската и индиската влади го одзема најголемиот дел од профитот на земјата. Со други зборови, луѓето на власт, за да ги на-полнат сопствените џебови го осирома-шуваат својот народ а ги збогатуваат ин-диската и кинеската влада. Владеењето е исклучително лошо. Јавното мислење во однос на компетентноста и правич-носта на државната власт е негативно. Владата се менува често. Има големи и опасни немири, национални штрајкови кои траат и по 19 дена, што е многу лошо за БДП. Корупцијата е навлезена во сите сегменти на законодавната, извршната и судската власт. Но, да се навратиме на добрите страни на Непал. Непал е на врвот на светот. Всушност, владата го користи овој факт за брендирање на земјата. Во Непал има повеќе фестивали и прослави отколку

што има денови во една година. Тоа е хинду општество кое се поклонува на жива божица: Кумари. Има 327 врвови за искачување, од кои 23 врвови на висина од над 6000 m. Еден од нив, планината Анапурна и официјално е најдобрата па-тека во светот. Монт Еверест се наоѓа на листата меѓу првите 100 места што треба да ги по-сетите пред да заминете од земскиот свет, а да се оди на едно вакво патување е неверојатен но и многу опасен преди-звик. Силно е чувството кога ќе се каже: Јас се искачив на највисокиот врв на

мојата планета и се искачив на врвот на светот.Еверест секогаш ги освојува срца-та и душата на авантуристите и луѓето во потрага за адреналин. Секоја година илјадници туристи доаѓаат во Непал со една единствена цел, а тоа е да се биде што поблиску до планината Еверест. Имено, луѓето сакаат да газат низ и над облаците. Тоа е божествено чувство за туристите. Што се однесува до планини-те, Непал нуди планински велосипедизам и планински маратони со што привлекува

многу туристи кои имаа натпревару-вачки дух. Параглајдерството во градот Pokhara, над езерото Phewa нуди поглед на 8.000 метри високата планина Ана-пурна и е најдобрата дестинација која привлекува стотици параглајдери на ден. Непал нуди „Bungee Jumping“, рафтинг, кајакарство, едрење, риболов и уште многу друго. Секој кој го посетил Непал вели дека местото е рај на земјата. Мо-тото на сегашниот бренд „Секако Непал - еднаш не е доволно“ е точно, бидејќи луѓето кои еднаш биле во Непал секогаш се враќаат. Посетителите едноставно се

вљубуваат во земјата. Затоа, да се отиде таму само еднаш не е доволно.Непал е една од најбогатите земји во однос на биолошката разновидност поради неговата уникатна географска положба и висинска разлика од 60 метри над 8.000 м. Овие услови се идални

за рододендронските шуми со кои изо-билува Непал и кои привлекуваат многу туристи. „Изолираноста на Хималаите“ и „мистицизамот на Непал“, надополнети со еден добар туристички маркетинг се магнет за туристите кои може да се ви-дат како талкаат низ шумите, џунглите и планините, а остануваат со месеци, барајќи тишина и поврзување со приро-дата, универзумот и нивното внатрешно јас.Во земјата има околу 3 резервати на диви животни, 3 заштитени региони и 1 резерват за лов. Националните парко-ви, како што е паркот „Sagamartha“, се познати не само поради неверојатните убавини, туку и по нивните јакови, ретки животни кои може да се најдат само во Хималајскиот регион, и тоа на висина од над 3000 метри. Chitwan-сафарите со слонови како превозно срество дава-ат можност за блиски средби со многу животни како мајмуни, тигри, носорози, нилски коњи, птици, крокодили, а Непал е земјата во која живеат Јети, и каде е скриен легендарниот град Шангри-ла.Пред земјотресот од април 2015 година имало повеќе од 3000 храмови и 1200 манастири, иако во други претходни земјотреси во последните векови биле уништени многу од нив. Денес може само да се замислува како изгледале градовите пред неколку стотици години, бидејќи нема ниту слики ниту фотографии од тоа време. Катманду е името на градот на храмови, бидејќи изобилува со нив, па затоа е и туристичка мека. Десет споменици се под заштита на УНЕСКО а непалската древна архитектура е уникатна и скапоцена.

39

Федеративна Демократска Република Непал е земја со многу стара и богата култура, но и земја со многу етнички групи и јазици. Модерната држава Непал некогаш била

група на многу кралства. Во 1768 година кралот на едно од тие кралства, Притви Нарајан Шах (Prithvi Narayan Shah), ги обединува групите во држава која ќе остане кралство сè до

крајот на граѓанската војна во 2006 година

Page 40: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

40

Гурки воиниДруг брендиран елемент на Непал е нејзината армија наречена „Гурки“ (Ghurkas), војници кои ги поразија колонијалните топови со едноставните традиционални „khukuri“ ножеви. От-тогаш тие се симбол на храброст и сила и се регрутираат во армии во светот или како телохранители за многу важни личности. Во текот на Втората светска војна, Британците имале полк на „Гур-ки“ (Gurkhas) во своите редови кои му биле голем проблем на Хитлер, кој ре-кол дека може да го освои и светот со такви војници. Токму поради ова, Непал е брендиран како земја која никогаш не била колонизирана.За крај, но не и помалку важно, е тоа што и „Буда разбудениот“ е роден во Lumbini (Непал), под името на принцот Сидарта, и тоа помеѓу 6 и 7 век пред Христа. Ова е

исклучително добра реклама за земјата и привлекува многу луѓе што размислуваат: Ако јас го дишам истиот воздух во истите планини како Буда, можеби и јас ќе дојдам поблиску до вистината. Значи трагачите по духовност не доаѓаат само за планините, туку и за Буда и будизмот. Затоа може да се каже дека досега Непал навистина прави добра работа во врска со брендирањето на својата држава. Според Симон Анхолт: „Земјата се брендира кога јавноста зборува јавно и на глас за тоа, кога поголемиот дел од жителите на државата, а не само држав-ните службеници и платените јавни лич-ности се кријат позади стратегијата и таа живее во нивното секојдневие и контактите со надворешниот свет“.

Иднината на брендот НепалКако турист во Непал, ќе се чувству-вате безбедно, опуштено, со чувство

дека таму имате што да правите, дека местото изобилува со мултикултура, дека сè е на дофат и ќе се чувстувате пријатно. Земјата изгледа интерна-ционално со доза на индивидуалност и различни културни со балансирана мешавина на историја и совреме-ност на еден простор. Од рационална гледна точка, една од јаките страни на земјата е гастрономијата. Слабостите се рефлектирани во образовниот систем и школувањето за коешто се плаќа, непостоење на систем за здравствена заштита, слаби продавници, висока цена на живеење и домување, нераз-виена и слабо одржувана инфраструк-тура. Еден пример на неразвиеност е уникатниот воз во земјата, која е воз на пареа добиен од Британците за време на Индустриската револуција. Исто така, иако бизнисот почнува да се развива, истиот и понатаму е несофтициран со лоша бизнис-клима и култура. Покрај тоа, корупцијата поврзана со лошото владеење ги парализира странските ин-веститори да ги одржат инвестициите во Непал, а миграцијата надвор од земјата се должи на невработеноста.Уставното уредување на земјата, рели-гиите и традициите го дефинираат кла-стерот на вредности во државата Преку социјалните и економските интеракции, поединците стануваат свесни за држав-носта и основните вредности. Она што може да се перципира за Непал е дека, и покрај сè, бизнис-климата се подобрува и има многу можности да се инвестира во земјата. Други можности се понатамошен развој на туризмот, со висок потенцијал за производство на хидроенергија, екстракција на минерали, развој на ин-фраструктурата, плодно земјиште за раз-

Page 41: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

41

лични замјоделски култури. Во врска со ова, има равиено политика за промоција и заштита на странските инвестиции. Главна закана за земјата е поли-тичката нестабилност. Исто така, спроведувањето на странските директни инвестиции често се претвора во ис-кривени политики поради бирократски одложувања, неефикасност и полити-ки на протекционизам во приватниот сектор. Постои опасност од голема конкуренција во иднина, и за жал, постои опасност од природни непогоди, односно од земјотреси и лизгања на земјиштето.Ако Непал сака успешно, доследно и добро позиционирање како држава со водечка политичка и бизнис-заедница во земјата, мора да се преадаптира и да се спротивстави на корупцијата и потенцијалните природни катастрофи. Исто така, ако Непал сака компаниите да го прошират својот бизнис во земјата, треба да сфати дека земјата е разно-видна и своите развојни стратегии да

ги приспособи на потребите на секој индивидуален регион, потпирајќи се на долгорочни и заеднички напори, инте-гриран маркетинг и добро комуницирана кампања. Медиумите се пасивни, обично со платени реклами. Но, Непал може да користи и познати личности како бренд. Такви примери се спортската звезда Mira Rai или Sagar Thâpa, капитен на фудбалската репрезентација. Следејќи го примерот на познати личности, Непал користи и национални херои, како на пример војници исчезнати во акција, фе-министи или познатиот Gorkha, крал кој ги обединил околните кралства и го ос-новал Непал. Тој е основач на нацијата исто како Џингис-кан за Монголите и Карло Велики и Клодовик за Франција. Уличната уметност или фотографии се, исто така, можности, а во земјата може да се одржи и меѓународен самит за човекови права, поголеми меѓународни промотивни кампањи, кампањи за за-штита на лицата со хендикеп и да се

формираат организации за заштита на децата, жените, хомосексуалците и си-ромашните. Така ќе се проектира слика на грижлива непалска влада. Непал може да го проектира и својот став за зелено и обновливи извори на енергија, особено ако не е навистина тешко да се биде зелен во споредба со многу големи загадени земји. Би било интересно да се има и развиена кинематографија. Сепак, Непал сè уште се со-очува со тешки времиња. За време на Граѓанската војна од 1996 до 2006 година брендот на земјата беше униш-тен. Кон ова треба да се додае и униш-тувачкиот ефект на минатогодишниот земјотрес во кој беа уништени 1 милион згради, вклучувајќи и многу стари споме-ници. Ребрендирањето на Непал мора да оди заедно со политичката стабил-ност и некорумпирана влада со луѓе кои конечно ќе се здружат за Индија и Кина да престанат да ја користат земјата како колонија. Ако владата е силна и обе-динета со народот, тогаш ситуации како што е актуелната нафтена блокада на Индија со која се соочува Непал нема да се случат. Со неколку зборови, во обидот за брендирање на Непал, силни страни на државата се туризмот, културното наследство, луѓето, инвестициите и имиграцијата, додека слаби точки се извозот и владеењето/раководењето. Општо земено, новиот бренд може да се фокусира на непалските икони, улична уметност, обичаите, животната средина и човековите права.

м-р Билјана Поповска

Текстот е адаптиран според трудот на Pablo Payet, мастер студент од

Институтот за културна дипломатија во Берлин на тема „Брендирање на држава“/

Nation Branding

Монт Еверест се наоѓа на листата меѓу првите 100 места што треба да ги посетите пред да заминете од земскиот свет, а да се оди на

едно вакво патување е неверојатен, но и многу опасен предизвик. Силно е чувството кога ќе се каже: Јас се искачив на највисокиот

врв на мојата планета и се искачив на врвот на светот.Еверест секогаш ги освојува срцата и душата на авантуристите и луѓето во потрага за адреналин. Секоја година илјадници туристи доаѓаат во Непал со една единствена цел, а тоа е да се биде што поблиску до

планината Еверест

Page 42: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Животот на еден човек е книга напишана од многу при-казни. Приказните, пак, се напишани од случувањата

во текот на животот кои преку спомени-те се пренесуваат во книгата на животот. Убавината на овие приказни е во тоа што тие можат да се допишуваат во текот на животот.Сакајќи да ги обнови сеќавањата и уште еднаш да ја допише својата приказна за отслужување на својот воен рок во Република Македонија, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец, на 26 октом-ври ја посети касарната „Јане Сандан-ски“ во Штип.

Тој не ги криеше своите емоции и среќата што овој пат во улога на амба-садор има можност да ја оствари својата желба и да го посети градот Штип и касарната каде пред 35 години го отслу-жувал воениот рок и ја остварил првата средба со Република Македонија. Тој истакна: „Тешко е човек да најде две држави со така добри односи. Републи-ка Словенија е пријателска држава, но тука има и една голема емотивна компо-нента, лична, човечна, па и политичка. Сигурен сум дека нема друг амбасадор во Република Македонија кој има таква врска со државата“.Покрај амбасадорот во составот на делегацијата од Амбасадата на Репу-

42

Сторија

Амбасадор и војник во Република Македонија

Словенија и Македонија се пријателски земји кои немаат никакви отворени прашања или проблеми и Словенија

апсолутно ја поддржуваМакедонија за влез во ЕУ и

НАТО, а во изминатиот период се реализирани и

низа проекти помеѓу министерствата за

одбрана и со цивилните структури

Амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец ја посети касарната во Штип каде што го служел воениот рок

Page 43: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

блика Словенија беа и госпоѓа Уршка Поточник и госпоѓа Билјана Молан-Кли-сарова, а присуствуваше и градоначал-никот на градот Штип, примариус Илчо Захариев. Од Министерството за одбра-на претставник беше госпоѓа Валентина Пандилова од Секторот за меѓународна соработка, а од Армијата на Република Македонија учествуваа претставници од ЗОК (Здружената оперативна команда) и од 1. мпбр (механизирана пешадиска бригада). На заедничко задоволство, на средбата присуствуваа и пензионирани-те старешини полковник Стојан Тимов и капетан Славчо Филов. Делегацијата од страна на командан-тот на 2. мпб (механизиран пешадиски баталјон), потполковник Горан Петру-шевски, беше запознаена со историјата на 2.мпб и на градот Штип, како и со одличната цивилно-воена соработка со локалната самоуправа на градот. Гра-доначалникот на Штип, примариус Илчо Захариев, даде брифинг за соработката

на градот Штип со Република Словенија, по што следуваше обиколка на касарна-та и на просториите каде пред 35 години амбасадорот поминал дел од својот живот.Навраќањето на спомените од војничките денови кои амбасадорот ги доживеал додека го отслужувал воени-от рок побуди големи емоции кај сите присутни, а особено кај пензионираните старешини, полковник Стојан Тимов и капетан Славчо Филов, кои во времето на служењето на воениот рок на госпо-динот Јазбец биле негови претпоставе-ни старешини и кои, исто така, евоцираа спомени и се радуваа на оваа неочеку-вана но многу интересна средба.Интересно е тоа што по отслужувањето на редовниот воен рок, по две години

дополнителниот воен рок од три месеци, господинот Јазбец повторно го дослу-жувал во истата касарна и, како што истакна, се сеќава на сите свои војнички другари и сè уште ги раскажува и анег-дотите од тоа време.Периодот поминат во армијата го смета за животно училиште кое му дало голе-ми насоки за идните успеси.Тој е шестиот амбасадор на Република Словенија во Република Македонија од септември 2016 година, а исто така е професор за дипломатија на Универзитетот во Љубљана (предава дипломатија на Факултетот за вла-дини и европски прашања во Крањ). Тој има долга и истакната кариера од дипломатијата, бизнисот, новинарството и политиката.

Амбасадорот Јазбец, при посетата рече дека Словенија и Македонија се пријателски земји кои немаат никакви отворени прашања или проблеми и дека Словенија апсолутно ја поддржува Македонија за влез во ЕУ и НАТО, а во изминатиот период се реализирани и низа проекти помеѓу министерствата за одбрана и со цивилните структури.Велат дека нема ништо поубаво од уба-ви спомени на една младост.На крајот останува само да му посакува-ме на амбасадорот Јазбец да има желба и можност и во иднина повторно да ја посети Република Македонија, да се потсетува на времето поминато овде и да ја допише неговата животна книга со убави спомени.

Елизабета Ташковска

43

Page 44: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

44

Воздухопловот официјално како дизајн бил откриен во 2013 го-дина, а првиот лет е проектиран дури наредната 2017 година. На-

мерата е да се изгради напреден високо-технолошки тилт-ротор со лет во ноември 2017 година, целосно оперативен за работа во 2030 година. Тој е дел од идната развојна програма на Пентагон (т.н. Pentagon’s Future Vertical Lift program). Генерално, одличен дизајн подготвен да ги замени постојните хеликопте-ри „UH-60 Blackhawk“ и „AH-64 Apache“. Оваа програма, предво-дник на науката и технологијата на министерството за одбрана, е подготвена за замена на 2000 до 4000 сенаменски и борбени хеликоптери од средна класа.Првиот ваков тип на воздухоплов тилт-ротор е „Bell Boeing V-22 Osprey“, кој бил дизајниран за да се задоволат потребите на четирите видови при вооружените сили на САД. Исто како „V-22“, дизајнот на „Bell V-280 Valor“ e тилт-ротор, кој има можности за полетување и слетување

како хеликоптер (vertical takeoff and landing - VTOL) и можности за кратко полетување и слетување (short takeoff and landing - STOL). Откако ќе биде поле-тан во воздух, неговите мотори ротираат за истиот да продолжи со движење како авион способен за лет со големи брзи-

ни и голема надморска височина. Тоа значи дека следната генерација на овој тип, еволуирани од претходникот „V-22 Osprey“, може да ги добие најдобрите ка-рактеристики на хеликоптер (вертикално полетување и слетување) и оние на про-пелер-авион (ефикасен во потрошувачка на гориво при соодветна поголема брзина и висина). Концептот и напредокот на дизајнот на „V-22“, првиот тилт-ротор ќе

биде пренесен од страна на маринците и военото воздухопловство за да се напра-ви далеку подобар воздухоплов како што е „V-280“. Иако „V-223“ бил дизајниран во 1980 година, неговата оперативна упо-треба од 300.000 часови налет ќе каже што треба да се поправи за да се добие

најдоброто од „V-280“. КарактеристикиВоздухопловот „Bell V-280 Valor“ ќе има екипаж од 4 припадници и способност за пренос до 14 војници. Тој е дизајниран да биде малку поголем од посто-ечкиот „Black Hawk“ хеликоп-тер, но помал од „Bell Boeing

V-22 Osprey“ кој може да носи од 24 до 32 вооружени припадници. Не е нешто спектакуларен во однос на капацитетот, но другите карактеристики го прават овој воздухоплов посебен. Имено, тој ќе може да лета со брзина од 280 јазли (оттука доаѓа неговото име „V-280“), а тоа е нека-де брзина од 520 км на час со максимал-ни 560 км на час. Ќе има голем долет од 3900 км, односно борбен долет од 930 до

Вооружување

Овој тип воздухоплови спаѓа во третата генерација на тилт-ротор воздухоплови (летала

што може да полетуваат и слетуваат вертикално, а во лет да се употребуваат како авион поради

променливоста на позицијата на моторите)

Page 45: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

45

1480 км. Програмата за развој на „V-280“ е фокусирана на пешадијата со цел да се соочи во услови на одредена висина и брзина да патува двапати побрзо и два пати подалеку отколку сегашните возду-хоплови. Директорот на програмата посо-чува дека потребата за повеќе истурени оперативни бази може да биде елимини-рана наспроти една за надополнување на гориво, муниција и други потреби. Ваква вертикално-хоризонтална платформа е погодна за брзо распоредување на кое било место низ целиот свет. Воздухопло-вот ќе резултира со голема флексибил-ност при извршување мисии на големи растојанија од матичната база, како на пример: борбена поддршка, инфилтрација и ексфилтрација, специјални операции, транспорт на карго, барање и спасување, борбено барање и спасување, медицин-ска евакуација, логистичка поддршка и специјална поддршка за војување. Се проектира да може да лансира ракети, проектили, па дури и мали беспилотни летала. Идејата е да се произведе возду-хоплов кој ќе може да лета од западниот

брег на САД до Хаваите, без потреба од надополнување на гориво. Компанијата „Lockheed Martin“ ќе обе-збеди интегрирана авионика, сензори, како и оружје за воздухопловите. На чело со компанијата „Bell Helicopter“, дополни-телен број на американски партнери се составен дел на производствената линија (тука е и една компанија од Израел). Погонската група ќе биде таква што воз-духопловот ќе може да биде управуван од страна на еден мотор во случај вториот да биде загубен. Конструкцијата на кри-лата е специфична, при што еден дел се направени од карбонски влакна со зајакат композит заради намалување на тежи-ната и трошоците на производство. Над трупот е прицврстено едно долго крило за да ги носи двата мотори на краевите, а истото е споено на средината на трупот. Ќе биде искористена најновата компо-зитно-метална технологија со процеси на производството за да се обезбедат напредни перформанси, цена и опера-тивност, вклучувајќи двојно зголемување на брзината, долетот и оперативната можност, со двојно помали трошоци за одржување во споредба со конвенцио-налните хеликоптери. Посебен акцент е ставен на намалување на тежината на „V-280“ во споредба со „V-22“. За да се постигне ова, се користат големи повр-шини со композитни материјали како на пример во трупот и опашката. Крилата се направени од „сендвич-конструкција“ со јаглеродни јадра поради цврстината и леснотијата. Со овие мерки трошоците се намалени за над 30 проценти во споредба со „V-22“. Овој воздухоплов се очекува да чини колку еден „Apache“ хеликоптер. Со сигурност ќе биде инсталиран систе-мот „Fly-By-Wire Flight Control“, кој е три пати зајакнат. „Fly-By-Wire“ е систем кој го заменува конвенционалното рачно

управување со командите при летање на воздухопловот со електронски интерфејс. Движењата на контролите на летање се претвораат во електронски сигнали, се пренесуваат преку жици (оттука поимот fl y-by-wire) до компјутерите за контрола на летањето. После пресметките се даваат насоки како да се движи секоја контролна површина од воздухопловот за да се обе-збеди соодветен одговор. Системот „Fly-By-Wire“, исто така овозможува автомат-ско испраќање сигнали до компјутерите за да извршуваат функции без да има движења од страна на пилотот, за да се изврши стабилизирање при летање, полетување и слетување. Пилотската кабина ќе биде опремена со мултифункционални дисплеи, компати-билни со очилата за ноќно летање. Ќе биде опремен со постојните „Apache“ сензори од новата генерација (наречени Modernized Target Acquisition Designation Sight/Pilot Night Vision Sensors) и со систе-ми за таргетирање. Што се однесува за нивото на бучава на земјата, таа е помала во споредба со класичните хеликоптери поради непостоењето на опашен ротор. Но, при позиција во лебдење, бучавата е поголема поради преоптовареност на двата мотори и поставеноста на крилото кое нема функција на создавање поткрев-на сила.Значајно е дека овој воздухоплов се конструира да лета на терен со голема надморска височина и на висока темпера-тура (два параметри по кои се препознава добар воздухоплов), а воедно ќе служи и како сенаменски и борбен хеликоптер за напад. Со еден збор, ова е револу-ционерен воздухоплов што обезбедува стратешки опции, оперативен дофат и тактичка подготвеност.

Драган Павловски

Page 46: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Способноста на оперативната вештина да се постигне симултаност и длабочина значи способност да се

продолжат борбените операции во време и простор. Смислата на овој елемент на оперативниот дизајн е да се прави постојан притисок врз противникот во борба. Со постигнување на симултаност и длабочина на сопствените сили во однос на противникот, тој се става во неконфорна зона и не му се дозволува да реагира. Во комбинација со високо темпо, целта на симултаност на дејствијата е непријателот да се парализира и кулминира. Преку нарушување на неговиот циклус на донесување одлуки од промените на боиштето и нивно преточување во наредби за дејство, му се одзема иницијативата да дејствува како што тој сака.

Постигнување на симултаност и длабочина им овозможува на сопствените сили да наметнат сопствен начин на борба и да го диктираат текот на настаните. Ова е

многу важно за успех во борба и нешто кон кое секој командант се стреми: да игра според свои правила, кога и како сака. На противникот му се одзема моќта да се наметне, му се одземаат

46

Глобал

Елементи на оперативниот дизајн: симултаност, длабочина и темпо

Page 47: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

можностите за иницијатива и волјата за победа. Ефикасно синхронизирање на сите видови борбени дејства овозможува голема предност, приспособливост и флексибилност. Симултаноста подразбира примена на сила на начин кој го збунува и го деморализира противникот. Некои автори сметаат дека концептот на симултаност е карактеристика на западниот начин на војување поради фактот што најмаркантните воени изуми и технологии потекнуваат од Запад, во обид да се примени врз противникот нова, несовладлива сила. Појавата на тенкот на западниот фронт е обид да се потисне противникот, да се пробие длабоко фронтот, а истовремено да се одржи иницијативата бидејќи противникот нема одговор на новиот метод. Симултаноста е карактеристика на комбинирана борба во која се вклучени повеќе родови и видови,

со што му се наметнуваат на противникот нови побарувања на кои тој не може да одговори. Потребата од постигнување на симултаност и длабочина поттикнала воени изуми, некои од нив и револуционерни по природа. Во суштина, војувањето еволуира поради желбата да се пронајдат нови методи за да се совлада противникот кога ситуацијата и условите се во пат-позиција. Со непрекинати дејства врз неговото тежиште се постигнува надмоќ. Во Втората светска војна, и покрај огромните загуби во луѓе и техника, сојузниците упорно бомбардирале, и дење и ноќе. Дневните бомбардирања биле

често критикувани поради големите загуби, но од денешна перспектива, само со таков непрекинат притисок можело да се намали производството на германската воена машинерија. Сојузничките авиони бомбардирале длабоко во германска територија надвор од долетот на ловечката авијација која ги придружувала. Ова е лекција дека симултаноста на дејството може да сноси голем физички ризик. Концептот на симултаност на борбените дејства важи за сите три нивоа. Истовремено, додека на стратегиско и оперативно ниво се тежнее кампањите и операциите да се одвиваат континуирано, на тактичко ниво командантите и командирите го поддржуваат севкупниот напор со симултаност во битките во насока на остварување на крајната воена цел. Сите три нивоа треба идејно да се надополнуваат,

што значи ниту една единица не би требало да дејствува сама за себе туку во рамки на големиот план. Планирање на мерки, активности и постапки за постигнување на симултаност од тактичко до стратегиско ниво е практикување на добра оперативна вештина.За да се онеспособат капацитетите на противникот пред да ги употреби, потребно е дејство во неговата длабочина. Тоа е елемент на дизајнот кој предвидува протегање на операциите во време, простор и ресурси и нарушување на непријателскиот процес на одлучување и дејство. Постигнувањето на длабочина

директно зависи од темпото на операциите. Длабочината е поврзана со симултаноста во време и простор и целта е да се потисне противникот надвор од неговите планирани состојби и услови. Секогаш кога за тоа има услови, треба да се тежнее операциите да се продолжат во противничката страна за да се нарушат неговите планови. Ова може да биде ризично доколку нема доволно капацитет да се одржи темпото во длабочина, но доколку успее, добивката е голема: во длабочина на противникот се неговите резервни сили и главниот потенцијал кој доколку се уништи, дефинитивно ќе се олесни уништување на центарот на гравитација. Борбата по длабочина е воедно оддалечување на противникот од сопствените резерви и линии на напор. Добра процена за симултаност и длабочина која може да се постигне

47

Page 48: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

48

е доказ за правилно разбирање и поврзување на средствата, методите и целите, или практикување на оперативна вештина. Знак за недостиг на оперативна вештина е кога силите се доведуваат во ризична длабочина вон можностите да го одржат темпото. Темпото е елемент на оперативниот дизајн со кој се опишува брзината на воените дејства. Toa е ритам со кој се одвиваат активностите во однос на противникот. Бидејќи целта во борба е да се доведе противникот до кулминација, треба да се постигне и да се одржи високо темпо во борба. Треба да се напомене дека од сите елементи на дизајнот, ова е најрелативен и подложен на промени. Без оглед на технолошко-техничките достигнувања на модерните војски, невозможно е да се предвидат сите варијабли и темпото е само идеално замислена временска рамка на извршување на борбените операции. Сепак, неопходно е да се планира темпото на операциите, бидејќи тоа е директно поврзано со планирање на линии на операции по фази. Информациите се пресудни во време на мрежното-центрично војување за да се диктира темпото. Потребна е контрола на темпото на операциите за да се задржи иницијативата на боиштето. Темпото зависи од капацитетите и можностите на единиците успешно да ги продолжат борбените дејствија и од него зависи оперативниот досег. Тоа треба да биде реално и со оправдан ризик, бидејќи прамбициозно темпо може да доведе до кулминација и до прекин

на дејствата. Бидејќи единиците секогаш трошат повеќе енергија кога дејстуваат со високо темпо, со примена на навремено планирање, оперативната вештина, меѓу другото, треба да опфати и заобиколување на непотребни цели на сметка на одржување на темпото и симултаност. Постои разумна оправданост да се одржи високото темпо заради постигнување на оперативни цели на сметка на постигнување на тактички цели. Германскиот „блицкриг“, во суштина било одржување на високо темпо на операциите со брзо поминување низ и околу тактичките цели на сметка на што поголема длабочина, а потоа заобиколување,

уништување и заземање на тактичките цели. Темпото на операциите би требало да биде такво за да извлече максимум од можностите на борбените единици. Модерното вооружување, транспортните капацитети и комуникациите овозможуваат високо темпо на движење и борба. Една од целите на технолошко-техничките достигнувања на современата воената индустрија е токму тоа. Од друга страна, командантите може со планирање на високо темпо привремено да ги зголемат можностите на единиците вон своите можности. Ова е ризично, но во воената историја има многу примери кога со метод на измама силите му се претставуваат на противникот како многу посилни отколку што изгледаат.Важно е да се напомене дека темпото не значи секогаш и брзина. Тоа може намерно да биде и бавно, со контролирана употреба на силите за да се зголеми нивното дејство или да се исцрпи противникот. На пример, герилското војување отсекогаш интуитивно имало бавно темпо заради продолжување на борбата во време и простор, со цел долгорочно исцрпување на противникот. Без оглед на помалата брзина, бавното темпо може да значи поголема контрола и штедење на силите и постигнување издржливост и трајност. Во ерата на комбинирано војување во кое различни родови и видови се синхронизираат на боиштето, темпото

Page 49: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

обично се приспособува на реалната брзина на дејствување на главните сили. Во советската воена доктрина, артилерискиот оган бил однапред планиран при офанзивни операции, и доколку некоја единица на линијата на фронтот би заостанала, го губела бенефитот од поддршката на предниот крај. Ова било во теорија направено за да се натераат командантите да не заостануваат и да одржат максимална агресивност. Од друга страна, операциите не зависат само од борбената, туку и од сервисната поддршка. За време на инвазијата на Ирак во 2003 година, намерата за високо темпо на операцијата за да се одржи иницијативата предизвикала ризик од оддалечување на главните сили од единиците за логистичка поддршка. Во процесот на донесување воена одлука, планерите, покрај идентификување на факти, задаваат и претпоставки. Очекувањето е уште еден елемент на дизајнот кој на оперативно ниво претставува претпоставка која треба да го држи планирачкиот тим буден на промените кои ги наметнува оперативното опкружување, противникот и дејството на сопствените сили. Суштински, разликата меѓу претпоставките на тактичко ниво и очекувањето на оперативно ниво е во излезната информација која може да има драстично поголеми последици врз операциите и кампањата. Причината поради која како елемент е додадено очекувањето во оперативниот дизајн е постигнување приспособливост на највисоко ниво.

За разлика од тактичкото ниво каде што командирите и командантите може да реагираат на одредена промена во рамки на веќе зададените насоки од оперативниот план, на оперативно ниво може да дојде до промена на самиот оперативен план. Концептот на очекување ја зголемува флексибилноста на гломазни, големи единици, распространети на многу поголем простор. Очекувањето не е само реактивна туку и проактивна алатка. Одредени промени може да влијаат на реевалуација на целата стратегија за победа т.е. оперативните планери треба да бидат способни брзо да ги согледаат сите нови можности на боиштето во корист на постигнување победа надвор од оригиналниот план и да му предложат на командантот нови варијанти на дејство. Секогаш постои ризик од тоа да се погреши, бидејќи противникот не е глупав. Секоја страна во војна се потпира на древната алатка на Сун Цу – измамата. Доколку планерите несвесно реагират дека се работи за измама, противникот го насочува дејството во саканиот правец. Информациите, дури и да се точни, може да водат кон погрешни заклучоци. Поради тоа е потребно, покрај анализа на дејстувањето на противникот, и анализа на неговото однесување во претходни сценарија, анализа на неговата воена култура и на практичните навики и искуства во борба.

Ѓорѓи Вељовски

49

Со постигнување на симултаност и длабочина

на сопствените сили во однос на противникот,

тој се става во некомфорна зона и не му се

дозволува да реагира. Во комбинација со

високо темпо, целта на симултаност на дејствијата е

непријателот да се парализира и

кулминира

Page 50: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

50

Животниот пат на Диме Туриманџовски-Горски е долг само 31 година (роден е на 8.11.1914 г. во најбурното вре-

ме за Кавадарци и за Македонија, а загина на 10.10.1945 година во авионска несреќа кај Кралево, Србија). Името го добил по дедо му кој бил готвач, па од таму доаѓа и прекарот Туримаџовски. Таткото на Диме се викал Никола, а мајка му Менка, И двајцата родители биле од сиромаш-ни фамилии. Основно училиште и нижа гимназија учел во Кавадарци, а потоа заминал за Штип и се запишал во петти клас на тамошната гимназија. Во меѓувреме Диме е примен за државен стипендист и веднаш заминува за Србија во гимназијата во Крушевац. Таму тој живее во интернати, најпрво во Крушевац, потоа во Неготин Краина и во Крагуевац, каде во 1933/34 г. го завршил VIII клас со голема матура. Тој започнал да другарува со поголем број ученици од

други места на Македонија. Дружењето придонело за неговата антифашистичка ориентација, особено по фашистички-от напад на Кралството Југославија и окупацијата на Македонија.По Априлската војна 1941 г. се враќа во

Кавадарци каде активно се вклучува во подготовките за вооружена борба и наб-ргу потоа заминува во партизани. На овој терен се создаде можност за борба со окупаторите во Тиквешко, Гевгелиско, Би-толско и Мариовско. Така таму интензивно започнаа да делуваат трите партизански одреди „Добри Даскалов”, „Сава Михајов” и „Гоце Делчев”, како и двата баталјони

„Страшо Пинцур” и Вториот баталјон, фор-мирани од тие одреди. Тие го нападнаа рудникот Дудица и подучастокот Лукар, а потоа продожија со напад на участокот во с. Конско, Гевгелиско.Кога кон средината на декември 1943 годи-

на сите партизански единици во Третата оперативна зона беа собрани во северои-сточниот дел на Меглен во Караџова, Егејскиот дел на Македонија, се создадоа услови за прилив на нови борци. По ова во с. Фуштани на 20 декември 1943 година се формира нова поголема воена единица, Втората МНОУБ. За командант на

Втората македонска ударна бригада беше одреден Диме Туриманџовски-Горски. Втората бригада со македонски баталјони и со членови на штабот составен само од македонски кадри на чело со Гор-ски, се комплетира набргу по нејзиното формирање во втората половина на јануари 1944 година, кога во с. Зборско во неа се приклучи прилепскиот баталјон

Македонски команданти и војсководци

Диме Панев ТУРИМАНЏОВСКИ-ГОРСКИ е роден на 8.11.1914 г. во Кавадарци, а загинал во авионска

несреќа на 10.10.1945 кај Кралево, Србија. Бил командант на баталјонот „Страшо Пинџур” и

командант на Втората македонска народна ударна бригада

Page 51: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

51

„Мирче Ацев” на местото на бугарскиот баталјон „Христо Ботев”, кој замина во состав на третата група баталјони предво-дена од Тихомир Милошевски-Тиќо, која подоцна во февруари замина во куманов-ска Козјачија. Оттаму, пролетта 1944 г. бу-гарскиот баталјон замина во Бугарија и се приклучи на ослободителната воена сила на бугарскиот народ. На денот на формирањето Бригадата броеше 320 борци и старешини од повеќе националности. Покрај Македонци, Срби, Турци, Словенци, Бугари и Власи ,имаше и 10 руски војници од Црвената армија, 12 италијански војници и неколкумина војници од Египет и од Мароко. По ослободувањето, Горски, заедно за Панче Неделковски како офицери во бив-шата Кралска војска на Југославија кои поседуваа воени знаења, биле одредени да одат на доусовршување во Москва, а потоа требало да заземат повисоките во-ени командни места во југословенската армија. Така, во првите денови на октомври 1945 година тие, заедно со уште неколку други македонски кандидати, заминуваат за Мо-

сква. Но, пред тоа тие биле префрлени во Бачка Топола каде специјално за нив бил организиран курс за учење на руски јазик кој требало да трае околу три месеци. Во меѓувреме, два дена пред 11 октомври, денот кој бил прогласен за државен и на-ционален празник на востанието на маке-донскиот народ, Панче им предложил на другарите од Македонија со авион да за-минат во Скопје на првото одбележување на овој празник. Во Белград Панче обе-збедил авион од Командата на военото воздухопловство во која тој имал висока раководна функција. Авионот што на 9 ок-томври 1945 г. од Нови Сад преку Белград тргнал за Скопје, требало да се спушти на аеродромот во Кралево за да земе гориво. Кога се кренал високо одненадеш се за-палил и почнал да паѓа на земја со голема брзина. Паднал на земја и сите четворица патници загинале: полковник Панче Не-делковски-Полошки, потполковник Диме Туриманџовски-Горски, капетан Стеван Ташков и пилотот Трифун Амиџиќ. По оваа трагедија, кога телата на загинати-те пристигнале во Скопје, биле изложени на плоштадот пред Домот на Армијата.

Потоа ковчезите биле изложени во Домот на Армијата каде илјадници граѓани со цвеќе и со насолзени очи се збогувале од нив. Почит му оддале и претставници на дражавно-политичкото раководство, на ЈА и на други органи и организации. Потоа биле закопани на гробиштата во Црниче. По неколку денови гробиштата во Црниче каде што биле закопани Горски и Панче се преселени во Бутел. Таму и денес се наоѓа гробот на Горски.

Јашмаковски Коста-Јашмак Јашмаковски Коста-Јашмак е роден во Битола на 29. 10. 1912 г.. Бил офицер во бившата југословенска војска, истакнат воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА, началник на штабот на III Маке-донска ударна бригада, командант на 42. дивизија, делегиран на Првото заседание на АСНОМВо времето на Априлската војна (1941 г.) бил капетан втора класа на ВЈ. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ (од април 1944), првин бил началник на Штабот, а потоа командант на Третата македонска НОУБ (од 6.8.1944), делегат на Првото заседание на АСНОМ, а како унапреден мајор (1. 12. 1944) и командант на Четириесет и втората (кумановска) ударна дивизија и началник на Штабот на 15. (македонски) корпус на НОВЈ. По ослободувањето бил помошник на коман-дантот на воена школа, наставник на ВВА на ЈНА и друго. Активната служба во ЈНА му завршила многу брзо кога во 1959 г.бил пензиониран.

д-р Марјан ДимитријевскиБорис Стојаноски, генерал во пензија

Page 52: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

52

Незадолжително

Живко Ширкоски - пронаоѓач од Прилеп

Скопскиот саем и оваа година традиционално своите врати ги отвори за најкреативните пронаoѓачи, иноватори, за

презентери на технички асортиман од земјата и пошироко. „ТЕХНОМА 2016“ им овозможи на сите заинтересирани на своите штандови да презентираат делови од она што го поседуваат, на заинтересираните да може да погледнат и во интерес на техничката заинтересираност, да се склучат купопродажни договори,

да се осовременат бизнисите, да се унапреди производството.Во пребогатиот асортиман на саемската „Технома“ оваа година имавме прилика да се прошетаме во сите хали и да видиме

навистина интересни изложби на технички средства за кои и не сме занеле дека постојат или дека во современа, напредна фаза толку се модифицирани, што претставува навистина интересна сфера, особено

за оние на коишто таа тематика, објективно не им е многу позната.Како редакција на воено списание бевме поканети од пронаоѓач, кој во суштина својот пронајдок го има конкретизирано за армиски потреби, изложен на штанд и достапен за коментар.

„ТЕХ

НО

МА

2016

Во разговорот со изложувачот дознавме дека неопходноста од овој пронајдок е голема. Награден е со „Златен медал на ТЕХНОМА 2014“. Пронаоѓачот

Ширкоски ни кажа дека истиот е интересен и апсолутно компатибилен со стандардите на системот во АРМ, но и на други институции кои се од безбедносната сфера во

нашата држава

Page 53: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

53

Живко Ширкоски е бивш офицер на Југословенската народна армија. Средно воено училиште има завршено во Задар, насока артилерија, а на истата тема продолжува и на Воената академија во Белград. Своето академско доусовршување го продолжува во Љубљана и најголемиот дел од работниот ангажман му поминува во Словенија.Господинот Ширкоски има патентирано 10 пронајдоци и конструирано две посебни средства, сите во согласност со законот за индустриска сопственост. Носител е на домашни и меѓународни награди, меѓу кои и на најпрестижната „Златен медал со ликот на Никола Тесла“.Претседател е на Друштвото на пронаоѓачите и авторите на технички унапредувања“на Прилеп, од каде всушност и потекнува.На „ ТЕХНОМА 2016“, господинот Ширкоски, покрај неколкуте патенти, на својот штанд го изложи и за нас интересниот „ПАТЕНТ П2012/ 25“ или „ Универзално балистичко заштитно средство“, кое е соодветно на формацискиот арсенал на припадниците на нашите вооружени сили.Што, всушност, претставува овој патент?Ова средство е од областа на техниката со специјална намена за безбедно полнење и празнење на личното вооружување, пиштол или пушка, во затворен или отворен простор. Пронајдокот е од областа на балистичката заштита и е функционално средство кое приоритетно може да го користат војската, полицијата, државни и јавни институции, агенциите за обезбедување, банките, поштите итн. Ова средство директно го решава проблемот од случајно испукан куршум за време на полнење или празнење. Средството во потполност обезбедува балистичка заштита од испукан куршум од лично вооружување, со ниво на заштита 3 според НАТО-стандардот СТАНАГ 4569 или според Н. И. Ј 0101. 04.Во разговорот со изложувачот дознавме дека во личната галерија од пронајдоци, патенти, овој претставува навистина функционална техника, чија широка употреба го гарантира неговиот квалитет.Неопходноста од овој пронајдок е голема. Награден е со „Златен медал на ТЕХНОМА 2014“. Пронаоѓачот Ширкоски ни кажа дека истиот е интересен и апсолутно компатибилен со стандардите на системот во АРМ, но и на други институции кои се од безбедносната сфера во нашата држава.Можев да забележам дека токму штандот на Живко Ширкоски беше

фреквентно посетуван и дека голем дел од посетителите се интересираа токму за овој производ кој навистина беше една мини атракција за посетителите-љубители на личното вооружување.На последниот ден од „ТЕХНОМА 2016“ беше и доделувањето на наградите за најдобрите пронаоѓачи , па така за своите дела, од надлежните доделувачи од Народна техника и од Државниот завод за индустриска

сопственост, пронаоѓачот Ширкоски, повторно беше награден и финансиски стимулиран.Едно сосема ново искуство за кое вреди да се отворат страниците на нашето списание. Исто така, добивме ветување дека секогаш ќе бидеме информирани за сите пронајдоци кои се однесуваат на развојот на нашите вооружени сили.

Митко Василевски

Page 54: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

54

За феноменот Дедо Мраз и

земјата ЛапонијаПостојат многу приказни и

легенди за тоа кој навистина е Дедо Мраз и од каде потекнува. Секоја нордиска

земја тврди дека домот на Дедо Мраз се наоѓа во рамките на нејзините граници: Норвежаните се убедени дека Дедо Мраз живее во Дробак. Во Данска, се говори дека Дедо Мраз живее во Гренланд (во близина на островот Уманака). Во Русија, официјалниот дом на Дедо Мраз е во местото Велики Устјуг. Канадската пошта, пак, тврди дека адресата на Дедо Мраз е во рамките на територијата која е во нејзината надлежност, куќа, чиј поштенски код е: { ХОХ ОХО} ...{H0H 0H0}-.Американците, пак, отишле најдалеку, па на еден нивни град во Алјаска му дале и официјално име Северен Пол, со што го потврдуваат добро познатиот факт дека Дедо Мраз живее

Незадолжително

Page 55: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

55

на Северниот Пол. Така, и овој град станал туристичка атракција, позната како „Куќата на Дедо Мраз”. Поштата на САД за поштенски код го користи поштенскиот број (ZIP код) 99705 на градот како промотивен поштенски број за Дедо Мраз.Сепак, глобално прифатена теорија е дека тој живее во Лапонија, северната провинција на Финска.Финците велат дека е заблуда да се каже дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол, а сите знаеме дека на „нулта точка” никој не живее. Точно е дека живее „во близина на Северниот Пол.” Повеќе или помалку, на околу 2.000 километри од таму, во Лапонија. Станува збор за добро познатото село на Дедо Мраз (забавен парк) во близина на градот Рованиеми, главниот град на провинцијата Лапонија.Селото на Дедо Мраз се наоѓа на самата поларна граница (на работ на арктичкиот круг), а Финците го нарекуваат „Вратата на Лапонија”.Благодарение на својата локација на поларната граница, Селото на Дедо

Мраз има многу необични климатски услови и атмосфера која е скоро нереална. Во текот на зимата сонцето не изгрева барем еден ден, а во текот на летото барем исто толку пати не заоѓа. Поларната ноќ трае речиси еден месец, и тоа од средината на декември до почетокот на јануари, а за време на летото сонцето не заоѓа во периодот од средината на јуни до почетокот на јули. Освен „Белите ноќи“, во текот на барем 200 денови преку годината се одигрува мистична „игра на светлината”, што е всушност феномен на спектарот на небесната светлина којашто трепка во снопови на зелени, сини, виолетови, црвени и пурпурни нијанси. Уште од дамнешни времиња се сметало, а и денес легендата вели дека оваа светлина ги тера лисицита со нивните опашки да удараат по снегот и така да создаваат искри.Селото на Дедо Мраз е опкружено со густи и мистични шуми и мраз, односно

со замрзната река и познатата „ушлеста планина” Корватунтири, која по својот изглед наликува на глава со две големи уши со кои, според некоја од локалните легенди, Дедо Мраз може да ги слушне желбите на децата од целиот свет. Според легендата, во пештерите на Лапонија, длабоко под земја се наоѓаат работилници каде помошниците на Дедо Мраз: џуџиња и самовили во текот на годината изработуваат играчки кои Дедо Мраз ќе им ги дели на дечињата во пресрет на Новата Година или Божиќ.Освен „игрите на светлината”, „белите ноќи”, „полноќното сонце”, магичните северни густи шуми и “„ушлестата планина”, типични пејсажи за Лапонија се и стадата ирваси и чопорите на сибирски хаски. Во селото на Дедо Мраз и околината, ирваси и хаски ја влечат санката на Дедо Мраз, а посетителите уживаат во речиси надреалниот пејсаж.Особена атракција е кога ќе се најдете во селото на Дедо Мраз, да отидете до

работ на арктичкиот круг, односно да ја преминете „поларната граница”, бидејќи ќе преминете „од крајот на светот до неговиот почеток.”Селото на Дедо Мраз е феномен сам за себе. Селото е изградено во лапонски етнички стил според проектот на Финската асоцијација на архитекти, групата „Арак“, со дрвени куќи – брвнари. Селото е украсена со илјадници светлечки лампиончиња, ѕвончиња и прапорци кои допонително ја подгреваат празничната атмосфера. Во селото се наоѓа и познатата канцеларија на Дедо Мраз во која секогаш можете да го најдете вистинскиот Дедо Мраз. Во селото се наоѓа и пошта во која пристигнуваат писма од целиот свет, а Дедо Мраз во својата канцеларија одговара на сите писма и прима гости кои можат да му седнат во скутот и да му ги шепнат своите новогодишни желби

Билјана Поповска

Дедо Мраз е еден од ретките феномени кои опстојуваат со векови и имаат влијание во целиот свет. Од година во година овој феномен и неговиот главен лик,

добродушниот Дедо Мраз, стануваат сè популарни дури и во најоддалечените места

во светот

Page 56: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

56

Филм

Секое дете сонува да порасне. Секое дете, во секој дел од све-тот, има желба и идеја за тоа што сака да стане во животот. Но, во

малото село Кускатанзинго во Ел Салва-дор, малото момче Чава посакува никогаш да не наполни дванаесет години. Впрочем, истата мечта ја делат сите момчиња од селото, зашто веднаш по нивниот два-наесетти роденден, на нивната врата ќе тропнат неколку намуртени војници со пуш-ки во рацете и ќе ги одземат од преграт-ките на нивните мајки, без да им остават можност за збогување. Тоа е возраста на која момчињата насилно се регрутираат во салвадорската армија и се учат да се борат против бунтовниците во крвавата граѓанска војна во осумдесеттите години на минатиот век, периодот кој е времен-ската детерминанта во овој филм. Селото Кускатанзинго е токму на средина меѓу двете закрвени армии и жешката точка во која секоја ноќ се судираат спротивставе-ните огнови. Со наполнети 11 години, Чава ги живее последните месеци од неговото, далеку од безгрижно и среќно детство.

Филмот „Невини гласови“ е вистинска при-казна, креирана врз сеќавањата на едно момче на турбулентните воени години, а низ која не добиваме само увид во личната трагедија на едно типично салвадорско семејство кое се наоѓа среде војната, туку на целото милитаризирано општество во кое секојдневен предизвик е како да се преживее.

Мајчинска жртва без ценаЗапочнувајќи со кус текстуално-графички вовед како објаснување на историско-општествениот контекст, филмот уште во самиот почеток прави хронолошко преместување во фабулата, извлекувајќи ја најтрагичната и најдраматична сцена на са-миот старт. Во неа гледаме четири мали и изнемоштени деца, со дланките поставени на тилот од главите, ментално и физички „здробени“ од болка, кои последните сили ги трошат чекорејќи кон сопствената смрт, кон сопствениот масакр. Тие деца се Чава и неговите другари кои ја имаат судбината да растат среде немилосрдна граѓанска војна во која животот не вреди ништо,

дури ни детскиот. Откако неговиот татко пребегува во САД, со почетокот на војната, ова момче е принудено да биде „главата“ во семејството и да се грижи за неговата мајка, за братчето и сестрата. Истовре-мено, Чава е и момче кое во реакциите ја аплицира сета детска наивност која доаѓа со годините но, исто така, како најстар маж под покривот ја носи и одговорноста да обезбеди финансиски приходи и да се гри-жи за домот. Тој не знае што е тоа политика и кој е во право во таа војна. Знае само дека е премногу мал за неговите раце да бидат обременети со пушка или измиени во крв. Сепак, мора да ги трпи последици-те на она кое не го разбира. Навикнат на секојдневниот хорор, на живеење кое се одвива во терминот помеѓу два полициски часа, Чава се снаоѓа во ситуациите, опасни или не, прифаќајќи ја реалноста каква што е. Но, се ближи дванаесетtиот роденден на момчето, а со тоа и денот кога ќе биде тур-нат во зелен камион и облечен во војничка униформа. Исплашени за иднината на нивните деца, мајките ја имаат најтешката можна задача - да пронајдат начин како

„Невини гласови“

Page 57: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

57

ќе го заштитат своето потомство. Дали да ги скријат, да ги испратат кај герилците во шумите или да се обидат да лажат додека можат за нивните години? Што и да одлу-чат, тие мораат да се одделат од сопстве-ните чеда и да ги втурнат во ризици во кои ќе останат препуштени сами на себе. Во случајот на Чава, тој ќе ги доживее сите наброени опции: кобниот двана-есетти роденден ќе го прослави со свеќичка помалку, ќе помине денови криејќи се со другите деца на топлите ќерамиди од покриви-те од куќите, додека војската се обидува да ги пронајде низ селото, ќе се придружи на партизанските сили, меѓу кои е и неговиот чичко, но, ништо од тоа нема да му по-могне. Судбината на машките деца е таква и од неа тешко се бега. Најзастрашувачкиот факт, пак, е што тие дванаесетгодишни деца, грабнати од клупа, целосно не-свесни зошто и каде се одведени, брзо се претвораат во она за кое ги подготвуваат – многу опасни и непресметливи деца-војници.

Создавање на свет во светФилмот истовремено е и сладок и гор-члив, наизменично играјќи си со сцени кои од една страна ја прикажуваат неви-ната детска прва љубов и првиот бакнеж, криенките низ и околу селото, детската фасцинација од автомобилите, задевањата во училишните клупи... Од друга страна, пребрзо ја доживуваме регрутацијата на малите деца кои буквално се извлечени од школскиот двор и претворени во војници, палењето на цели села, мртвите тела по улиците, непочитувањето на божјата куќа.

Кој е механизмот за преживување во таква средина? Одговорот е – изолација во сопствен свет. Кога куршумите прелетуваат низ ѕидовите на трошната колиба, а Чава и неговите брат и сестра се кријат под креветот, тој мал простор меѓу креветските штици и подот станува нивниот циркуски шатор, а самите деца влегуваат во улогата

на кловнови. Врисоците од страв од раз-летаните куршуми се претвораат во смеа, сè додека не настапи затишје. Со дози на хумор, малото момче го разбива сивилото околу него, претворајќи ги опасностите во игра. Во тој свет нè повлекува и нас како во вител, затоа што целата трогателна при-казна за војната ја гледаме низ неговите очи, што неизбежно извлекува од нас неиз-мерна емпатија. Ниедно дете на светот не треба да минува низ она што овие деца го поминале.Името на момчето во филмот не е исто со името на вистинскиот човек – Оскар Торес,

според чие животно патешествие е разви-ено сценариото. Наместо тоа, главниот лик носи друго име кое е многу внимателно од-брано во филмот. Имено, Чава е прекар за машкото име Салвадор, исто како што се вика и земјата каде е лоцирано дејството. Но, филмот најмалку е филм за земјата, за причините и за бруталноста на дванаесет-

годишното крвопролевање или за некој изолиран на-стан од бурното детство на главниот лик. Наместо тоа, се фокусира да ни покаже како оние коишто носат пушки целосно ги контроли-раат животите на цивилите, да ни ги отвори очите за неправдите направени врз луѓето, за илјадниците деца чии детства биле одземени, за укинувањето на можноста на избор, за прегазувањето на основни-те човекови права и права-та на детето. Најмногу од сè, ова е филм за неизмер-ната мајчинска љубов која

урива сè пред себе, за исконскиот нагон да се заштити сопственото дете по секоја цена и за суровоста на тенденцијата за произведување деца-војници во еден свет во кој или ќе убиеш или ќе бидеш плен. Приказната на Оскар Торес, сепак, завршу-ва онака како што посакуваме – преживува доволно долго за да успее да ги напушти границите на неговата земја, а години по-доцна, да ни ја раскаже неговата голгота на филм, преку главниот протагонист и херој, момчето Чава.

Елена Ѓорѓиевска

5757

Режија: Luis Mandoki

Сценарио: Luis Mandoki, Oscar Orlando Torres

Улоги: Carlos Padilla, Leonor Varela, Xuna Primus, José María Yazpik, Jesús Ochoa, Adrian Alonso

Музика: André Abujamra

Година: 2005

Времетраење: 120 минути

Земја: Мексико, САД, Порторико

Награди: „Кристална мечка“ на Берлински филмски фестивал, три сребрени „Ariel“ награди за најдобра споредна улога, шминка и специјални ефекти, други десе-тици интернационални награди и номинации

Page 58: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година

Сместено во височините на планината Бистра, на надморска височина од 1.350 метри, мијачкото село Лазарополе е една

од највисоките населби во Македонија. Има извонреден поглед кон долината на Мала (Гарска) Река и планината Стогово. До селото се доаѓа по добар асфалтен пат од правец на Гостивар и Маврово, скршнувајќи од патот Маврово – Дебар кај месноста Бошков Мост. Низ средишниот дел на Лазарополе тече малата Лазарополска Река, десна притока на Гарска Река. Селото има пријатна планинско-континентална клима, која се карактеризира со свежи лета и со благи, не многу сурови зими. Поради тоа, Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Оние што прв пат го посетуваат Лазарополе ќе останат воодушевени, а оние што веќе претходно биле знаат дека ова е вистинското место каде ќе можат да најдат душевен мир. Архитектонската организација на куќите му дава душа на селото. Куќите се бели, изградени од камен и најчесто потсетуваат на мали средновековни

тврдини. Поголем дел се градени на карпи, по што е препознатливо селото. Денес Лазарополе е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Интересно е што официјалниот број на жители на Лазарполе преку зима е само еден жител. Во минатото, економијата на Лазарополе се базирала на овчарството, а селото било ценето по квалитетниот кашкавал и белото сирење, кои се продавале во поблиските и подалечните места: во Битола, во Солун, па дури и во Египет. Лазарополе е познато и по летната Лазарополска уметничка колонија. Во духот на богатата црковна традиција, овде се прославува големиот празник Илинден, со ора на средсело и со звукот на зурлите и тапаните, неизбежни при секоја веселба во овие краишта. Лазарополската носија, особено женската, е една од најпознатите во Македонија. Главна селска црква во Лазарополе е „Св. Великомаченик Ѓорѓи“. Оваа црква е како заштитен знак и само ја надополнува живописната глетка на селото.Денес Лазарополе е препознатлива

туристичка дестинација. Посетителите можат да се рекреираат, да пешачат и планинарат по бројните патеки кои водат низ шумите и високите делови на Бистра, потоа до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки и да го посетат манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“. Освен тоа, овој предел е одличен за планински велосипедизам, јавање на коњи, параглајдерство и за едноставно набљудување и уживање во природата. Лазарополе е познато и по неколкуте културно-уметнички манифестации што се организираат главно во летниот период, а меѓу нив и „Лазарополе фест“, што се одржува на крајот на јули. За Лазарополе може уште многу да се пишува, но најубаво е да се посети и да се доживее. Со својата прекрасна положба, природа, архитектура и уникатност, тоа претставува вистински предизвик за посета, особено во жешките денови, а ќе се вратите опуштени, восхитени и полни со позитивна енергија од овој преубав крај на Македонија.

Кристина Илиевска58

Лазарополе -вистински предизвик за посета

Page 59: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година
Page 60: САД – Јадранската повелбаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/87-Shtit_web.pdf · 2017-01-26 · Република Македонија во 2017 година